• Дома
  • За Нас
  • Биографија
  • Правилници
  • Документи и извештаи
  • Јавни набавки
  • Контакт

Одбери Јазик

Macedonian English French German
Get Adobe Flash Player

MC logo pozadina crna

Претходни новости

  • Новини

Театар

  • Репертоар
  • Премиери 2023
  • Премиери 2022
  • Премиери 2021
  • Премиери 2020
  • Премиери 2019
  • Премиери 2018
  • Премиери 2017
  • Премиери 2016
  • Премиери 2015
  • Премиери 2014
  • Премиери 2013
  • Премиери 2012
  • Премиери 2011
  • Меѓународни Награди 2011
  • Актери во театарот
  • За Театарот
  • Видео претстави

Кино - Мис Стон

  • Репертоар

misston

Сценско Музичка Дејност

  • КУД Моминок
  • Октет Прилеп
  • Танцово студио ЗОДИЈАК
  • Младинско Драмско Студио МДС

Стремеж

  • Нов Број

Ликовно Галериска Дејност

  • Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2008
  • Венециско Биенале
  • Видео - Изложба Дрен 2012
  • Видео - Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2013
  • Ликовна колонија Дрен 2014
  • Ликовна колонија Дрен 2015
  • Ликовна колонија Дрен 2016
  • Ликовна колонија Дрен 2017
  • Ликовна колонија Дрен 2019
  • Ликовна колонија Дрен 2020
  • Ликовна колонија Дрен 2021

Фестивали

  • МТФ "Војдан Чернодрински"
  • ФИНПИ “Пеце Атанасоски“
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

PDF Печати Е-пошта
Share

Предвелигденски концерт

Во понеделникот 29 април 2013 во Центарот се одржа предвелигденскиот духовен рецитал на кој  настапи црковниот градски хор ,,Свето Благовештение,,.

Под диригентската палка на м - р Гоце Секулоски хорот  исполни повеќе композиции од Динев, Алфеев, Обиходни, Теофаново, К.Макеоднски, Мокрањац,  Г.Секулоски.

SAM_4304.JPG SAM_4299.JPG SAM_4307.JPG

Хорот,, Свето Благовештение,, формиран е  2000 година. Во својот репертоар се определува за негување на македонската духовна традиција, при што покрај прилепскиот автор Атанас Бадев, обработува композиции кои се дел од музичкото творештво на останатите православни земји.

Досега учествувал на повеќе манифестации каде ја презентирал духовната традиција на Прилеп.

Хорот редовно учествува на Светите и Божествени литургии во двата прилепски храма,, Св. Благовештение,, - Стара црква и Св.Кирил и Методиј, каде со своето пеење ја збогатува молитвеноста и благолепието на православната богослужба.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Премиерно куклената претстава Калифот Штрк

На 21 април 2013 Театарот ,,Војдан Чернодрински, премиерно ја прикажа куклената претстава ,,Калифот Штрк,, од Вилхелм Хауф, во режија на Дарко Ковачовски.  Претставата е со кукли - марионетки, која за првпат од ваков вид се поставува во земјата.

fotografija od Kalifot Strk.JPG FUN_8968.JPG FUN_8975.JPG
 

- Актерите заедно со композиторот ги оживуваат куклите, кои со нивниот живот на сцена ја раскажуваат приказната за едно дете кое треба да порасне. Калифот Штрк е претстава за спознавањето и одговорноста - вели Ковачовски, потенцирајќи дека текстот е епски материјал - приказна на Вилхелм Хауф, романтичар кој живеел во 1848 во Германија, а за кој биле интересни темите од Блискиот исток, односно Ориентот.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
Повеќе...
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на дела од колонијата Михајлово - Кавадарци

Изложба на дела од ликовната колонија Михајлово од Кавадарци е отворена во галеријата (12.4.2013). На изложбата се изложени 22 дела (избор од двете колонии од 2011 и 2012 година)  од реномирани уметници - учесници на колонијата од земјата и странство, меѓу кои Трајче Блажевски, Татјана Медарова, Тони Чатлески, Виталиј Бондаренко, Анка Данаиловска,  Гордана Талевска, Светлозар Захариев, Ана Јанева и други, од Македонија, Бугарија, Украина...

SAM_4069.JPG SAM_4073.JPG SAM_4091.JPG
 

Изложбата Центарот ја реализира во соработка со Домот на културата ,,Иван Мазов - Климе,, од Кавадарци, кој е организатор на колонијата.

Ефтим Клетников за колонијата ќе рече: ,,Еве не пред делата на ликовната колонија ,, Кавадарци - Михајлово,, Презентирани тука за да сведочат за Убавината, онаа која според големиот утопист Достоевски ќе го спаси светот. А тој свет со новите технологии и филозофијата на материјалниот профит, рака на срце, е се подалеку од неа и од Уметноста... Сликарите од Македонија, Украина, Полска, Хрватска, Србија, Турција, Словенија и Бугарија, застанаа пред белиот  метафизички простор на платното, за да го исполнат инспиративно, покажувајќи ја моќта на својот талент со обоени соништа и возбудливи ликовни фантазии,,.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Недела на Романски филм

Од 29 март до 5 април во Сцена 105 во ЦК,,Марко Цепенков,, се одржува НЕДЕЛА НА РОМАНСКИ ФИЛМ. Стартот беше со комедијата ,,ИЗГУБЕНА ВО ТРАНЗИЦИЈА,, во режија и по сценарио на Кристина Ничитус.

Без пари ќе се прикажат и современите романски комедии: ,,Приказни од златните времиња,, ,, Здраво како си, ,,Полжави и луѓе,, ,, Свадба во Бесарабија,, и ,,Мечка,,.

 

2.JPG 1.JPG slika.JPG

Центарот, неделата на Романски филм ја реализира во соработка со Кинотека на Македонија, а филмовите кои се на репертоарот се дел од посткомунистичкиот хумор со пародичен призвук, кои се обидуваат да разработат современи теми без инхибиции, но и да ја покажат огорченоста и тврдоглавоста на едно општество кое се уште е во транзиција. Други ја иронизираат комунистичката ера, други се испирирани од вистински настани, а некои се чиста фикција.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

ИЗЛОЖБА НА ПЛАКАТИ РОДЧЕНКО

На 22. 3. 2013 во Галеријата е отворена изложбата на плакати Родченко и сиже од 20 современи руски графички дизајнери. Над 20 плакати, вклучувајќи ги меѓу другите оние на Јури Гилтов, Еугениј Добровински, Елена Китаева, Александар Лаврентиј-Родченко, Дмитри Закаров, Мајкл Аникст, се дел од светската иницијатива за прославување на 120 годишнината од раѓањето на Родченко, која ја иницираше руската Академија за графички дизајн и Биеналето за графички дизајн ,,Златна пчела,,.

 

SAM_3917.JPG SAM_3920.JPG Rodcenko izlozba..jpg

Александар Родченко е можеби најсестраинот конструктивист и продуктивист кој творел по октомвриската револуција во Русија. Неговите дела се сведок на времето во кое настанува суштествена промена на процесот на творење, но и на формите на пренесување на уметничката порака. Тој поставува стандарди на една нова култура и уметничка ангажираност, го трасира патот на поинаква од дотогашната естетика во сликарството, фотографијата.

Изложбата е  плод на културната соработка меѓу Македонија и Русија, а Центарот  ја организира во соработка со Плакарт.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

ДИГИТАЛЕН ПРОЕКТОР ДОБИ ЦЕПЕНКОВ

Министерката за култура Елзиабета Канческа - Милевска на Центарот му го достави новиот дигитален кино проектор, како дел од проектот за осовременување на техниката за прикажување на филмови. Проекторот ќе биде дел од новата кино сала.

IMG_0923.JPG Prostorot kade sto ce bide kinoto.JPG IMG_0951.JPG
 

- Многу ми е драго што ЦК ќе добие нова кино сала. Владата и Министерствто, преку Филмскиот фонд, со цел заживување на кино салите реализираше проект за набавка на дигитални кино поектори, вреден 30 милиони денари.  Со ова дигитална опрема ќе се донесат светски и европски филмови и ќе да врати сјајот на кино слаата во Прилеп - рече министерката.

Просторот со големина од околу 500 метри квадратни ќе го реновира општина Прилеп.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на Венецијански карневалски маски

На 15.03.2013 година во галеријата на беше отворена изложба на  Венцијански карневалски маски изработени од нашата сограѓанка  Жаклина Костоска на која беа презентирани 150 маски, изработени во “Papier mâché” техника.

1.jpg 2.jpg 3.jpg
 

 “Papier mâché” е француски израз за хартиена смеса. Кога оваа смеса е веќе сува, таа наликува на дрвена површина.  Доста е цврста, но сепак е лесна. Смесата се користи за изработка на накит, кутии, склуптури, карневалски маски и театарски реквизити.

Жаклина Костоска, е диполмиран биохемичар на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методија,, Скопје. Во 2010 година, активно почна да навлегува во “Papier mâché” техниката и изработка на карневалски маски. Ова беше нејзината прва, самостојна изложба.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Уметниците по повод 8-ми Март

 
« ПочетокПред81СледноКрај »

Страница 81 од 81

Изработено од Бучевски Дејан