• Дома
  • За Нас
  • Биографија
  • Правилници
  • Документи и извештаи
  • Јавни набавки
  • Контакт

Одбери Јазик

Macedonian English French German
Get Adobe Flash Player

MC logo pozadina crna

Претходни новости

  • Новини

Театар

  • Репертоар
  • Премиери 2022
  • Премиери 2021
  • Премиери 2020
  • Премиери 2019
  • Премиери 2018
  • Премиери 2017
  • Премиери 2016
  • Премиери 2015
  • Премиери 2014
  • Премиери 2013
  • Премиери 2012
  • Премиери 2011
  • Меѓународни Награди 2011
  • Актери во театарот
  • За Театарот
  • Видео претстави

Кино - Мис Стон

  • Репертоар

misston

Сценско Музичка Дејност

  • КУД Моминок
  • Октет Прилеп
  • Танцово студио ЗОДИЈАК
  • Младинско Драмско Студио МДС

Стремеж

  • Нов Број

Ликовно Галериска Дејност

  • Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2008
  • Венециско Биенале
  • Видео - Изложба Дрен 2012
  • Видео - Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2013
  • Ликовна колонија Дрен 2014
  • Ликовна колонија Дрен 2015
  • Ликовна колонија Дрен 2016
  • Ликовна колонија Дрен 2017
  • Ликовна колонија Дрен 2019
  • Ликовна колонија Дрен 2020
  • Ликовна колонија Дрен 2021

Фестивали

  • МТФ "Војдан Чернодрински"
  • ФИНПИ “Пеце Атанасоски“
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на слики од Ниче Василев

Во Ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков”отворена изложба на слики од уметникот Ниче Василев, кој пред прилепчани се претставува со 22 дела. Изложбата поддржана од Министерството за култура ќе биде поставена до 26 мај 2021.

Творештвото на Ниче Василев според Никола Пијанманов, е секојдневна борба со сивилото на светот. Отворајќи ја денеска, Пијанманов, посочи дека Василев е еден од уметниците кои не мируваат, туку се во постојан грч на креација и осмислување на секојдневниот театар на живот.

-Неговата палета е постојано свежа, а неговиот животен простор континуирано стеснет со премногу дела. ..Уметноста на Ниче е во постојана потрага по совршениот клуч кој ќе ги соедини бојата, светлото и цртежот. Некогаш бојата ја преплавува сликата и триумфира над силуетите, некогаш цртежот ја натсликува бојата со сета своја елеганција и раскош. Оттука маестрално ги користи како медиум пастелите и моливот во боја како што своевремено Едгар Дега ги досликуваше костимите на кревките и нежни балерини со структура на изронети крилца од ноќни пеперутки. Иако првенствено е сликар на човечката присутност, и на ентериерите во кои неповратно се втиснале сенките и формите на женските фигури, актови, еротските облини и погледите на анонимните ликови, нежните и кревки човечки судбини, Ниче Василев е и голем мајстор на пејзажот. Природата во неговите слики трепери не неповторлив начин, синтезата меѓу небото и земјата, тешките бели облаци, тревките на ливадите и ниските ридови во хоризонтот, гранките и меката топла земја на медитеранските полиња, формираат една цела галерија на совршен свет на природата кој човекот полека но сигурно го губи – посочи Никола Пијанманов за творештвото на Ниче Василев.

DSCN2897.JPG DSCN2888.JPG DSCN2902.JPG DSCN2885.JPG DSCN2898.JPG DSCN2886.JPG

Ниче Василев Академија за ликовна уметност завршил во Варшава во 1978 година во класата на Лудвиг Мачионг. Во 1971/72 студирал на Националната академија на факултетот за применети уметности во Софија. Член е на ДЛУМ од 1980 г. Живее и работи во Струмица.

Реализирал над 30 самостојни изложби во Македонија и во странство, меѓу кои во Скопје, Струмица, Битола, Штип, Гевгелија, Варшава, Атина, Софија, Анкара, Цирих, Мадрид, Белград...Учествувал на групни изложби и ликовни колонии во земјата и во Бугарија, Послка, Србија, Грција, Франција, Словенија...

Во 2013 година бил на студиски престој во Париз, Франција со Поддршка на Министерството за култура. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои наградата Димитар Пандилов на ДЛУМ, наградата Методија Иваноски Менде на КИЦ, Гран при на Остен - Светска галерија на цртежи во 2013, Уметник на годината 2013 е прогласен во 2014 на Светска галерија на цртежи.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

ОД КОЛ НА КОЛ 2 - Театар „Војдан Чернодрински”

 
PDF Печати Е-пошта
Share

По повод 29 април - Меѓународниот ден на танцот

НУЦК „Марко Цепенков“ со пренесување на македонската порака за Меѓународниот ден на танцот од авторката Билјана Тануровска Ќулавковски и со видео од танц студиото Зодијак, денеска на својата страница го одбележува 29 април Ден на танцот. Промо видеото е во режија на Љупчо Атанасоски, со кое се промовира танцот како универзално средство на говор преку телото меѓународно признат и разбирлив за целиот свет.

Членовите на Интернационалниот театарски институт од Скопје со мнозинство на гласови едногласно оваа година ја избраа Биљана Тануровска Ќулавковски да биде авторка на македонската порака по повод овој ден. Светската порака за меѓународниот ден на танцот ја напиша Фридеман Вогел – балетски танчер од Германија.

Се` започнува со движење – движењето е инстинкт кој сите го поседуваме – и танцот е движење, рафинирано и преработено движење, за да комуницира. Колку што беспрекорната техника е битна и импресивна, всушност ултимативно е сето тоа што танчерот го изразува преку битот и есенцијалното во движењета.Како танчери, ние постојано сме во движење; ние тежнееме да ги создадеме овие незаборавни движечки моменти. Независно од танцовиот жанр, всушност тоа секој танчер копнее да го постигне – создавајќи движења. Затоа сега кога ненадејно веќе не ни е дозволено да настапуваме, денес кога театрите и фестивалите се затворени и откажани, нашите светови застанаа. Без физички контакт. Без настапи. Без публика – велат од танцовото Студио Зодијак“.

Биљана Тануровска-Ќулавковски – Авторка на македонската порака

,,Танцот е уметност и социјално вградена пратикакоја ги артикулира и материјализира односите помеѓу телата, помеѓу телата и предметите, помеѓу просторот и времето. Уметноста се развива во специфични материјални и идеолошки услови, кои истовремено и ја дефинираат. Истите тие услови го дефинираат и „светот на танцот“,кој препознавадела и практики како танци, тела во танц или танцови тела. Свесни за различните перспективи, верувања, претпоставки, односи и идеологии за телото, кои се користат низ времето, го градиме односот кон танцот како уметност и социјална практикана соединување, демаскирање, геометризирање, искуство, поврзување...

Градиме однос кон телото во танц како тело во движење, во мирување; интелигентно, неутрално, минимално, возвишено, вертикално, хоризонтално, метафизичко, канонизирано, родово, квир, импровизирано, спонтано, кореографирано, технички спремно, технички ослободено, експлицитно, невидливо...или многузначно тело во танцот.

Ова многузначно тело во танцот станува сèповидливо, поради големиот влог на многу танцови уметници и работници кои со години работат на развој на едукација, на продукција, формирање на простори, на формални и неформални компании, колективи, организации...

На денот на танцот посакувам, за сите, континуиран развој на подобар „свет на танцот“ кој ќе ни понуди повеќе средби со неговата многузначност. Заедно да го славиме танцот и неговото мноштво на значење и употреба, но и да ги подобруваме условите за развој на танцовата уметност кај нас.

Би сакала во иднина да се сеќаваме на овие пандемиски денови, не само како моменти на криза кои ни одзедоа средби со танцот, но и како моменти во кои го промислуваме „светот на танцот“ во иднина, и посакуваме да сведочиме за: Посебен третман на танцот во полето на културните политики;Бројни и разновидни танцови продукции;Нови простори и институции за танцова уметност;Уште поголема поддршка на независни кореографи, танчерии изведувачи; Фонд за мобилност и регионална и меѓународна соработка, што ќе овозможи нашата танцова уметност да патува и да нèозначува насекаде...

Ни посакувам и многу повеќе, додека славиме денес, славејќи го минатото, гледајќи напред кониднината.

Посакувам и во иднина да танцуваме и да го славиме танцот во сета својаразноликост, разновидност, многузначност и многуслојност...

Да живее танцот! 

 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба „Рани“ од Христина Мазнеска

Во Ликовната гелерија од 16.04.2021 до 29.4.2021 поставена е изложбата „Рани“ од Христина Мазнеска. Изложбата е од мултимедијален карактер, а се прикажани видео проекција и ликовна инсталација.

174546412_284318913191497_4912559669629126548_n.jpg2.jpg 174526735_2974737739475099_5841526737610715476_n.jpgh.jpg 1.jpg 174546412_284318913191497_4912559669629126548_n.jpg

Проектот е критика на артифицелноста и апсурдноста на општеството во кое живееме, т.е. низ необичен метафоричен приказ да пренесе порака за сè она што го уназадува нашето општество и го лиши од прогрес.

Христина Мазнеска, е родена 1995 г. во Прилеп. Средно уметничко образование завршува во ДСУЛУД “Лазар Личеноски” во Скопје во 2014 г., на отсекот за сликарство, и дипломира на ФЛУ Скопје, на модулот графичкидизајн. Во 2018 г. остварува два студиски престои, еден на Академија за ликовни уметности во Загреб, Хрватска, и на Универзитетот за ликовниу метности во Будимпешта, Унгарија. Зела учество на повеќе изложби, креативни работилници, ликовни колонии и фестивали за применета уметност во земјава и во странство. Добитник е на неколку награди и признанија. Се занимава и со дигитална уметност, илустрација и дизајн.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

rani-mazneski

 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на Милко Нестороски

Изложба на дела од стружанецот Милко Нестороски е отворена во ликовната галерија. ( 2.04.2021 – 16.02.2021).

Уметникот Нестороски, преку делата се обидува да одговори на прашањето која е улогата на уметноста во човечката цивилизација, од каде произлегува потребата од уметност и која е нејзината основна намена или зошто уметност?

- На почетокот од моето творештво како потенцијален уметник, се занимавам со некои вакви прашања чии одговори ги сметам за клучни и како непишани правилa кои треба да се земат во предвид при создавање на секое едно уметничко дело. Овие одговори секој потенцијален автор пред сè треба да ги побара во себе, размислувајќи за своите потреби, желби, чувства, размислувања и сл., и нивната поврзаност со неговиот творечки нагон. Да се запраша кои се најискрените лични причини поради кои тој сака да создава уметност и каква би била таа. Лично во потрагата по овие одговори одлучив да тргнам назад во моето детство, за во тогашниот мој светоглед ги пронајдам корените на сегашните мои творечки тенденции. Така стигнав до делa со кои истовремено како тема се опфатени  прашањето за природата на уметноста и творечкиот нагон, но и карактеристиките на тоа што, таков каков што сум, имам да го понудам при моето изразување преку ликовната уметност – вели авторот.

DSCN2880.jpg DSCN2865.jpg DSCN2883.jpg DSCN2884.jpg DSCN2877.jpg DSCN2881.jpg

Милко Нестороски, е дипломиран сликар со модул сценографија на ФЛУ - Скопје во класа на проф. М-р Благоја Маневски. За време на и после студиите учествува на повеќе групни изложби, конкурси, работилници, проекти и перформанси во Струга и Скопје, организатор на првата Треш-арт колонија во државата во склоп на ДРИМ-ОН фестивалот која резултира со јавен перформанс. 

Има реализирано самостојни изложби во Струга, Скопје, Кичево... Моментално работи во своето ателје во Струга каде држи и часови по ликовна уметност.

Во последната година соработува со странска уметница Лида Шерафатманд со која е закажана заедничка изложба во CAM Музеј на современа уметност во Наполи и се коавтори на манифест во склоп на изложбата.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

sadhana

 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба „Слободен влез – Free entry“ од Марија Трпеска

Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ отворена е изложбата „Слободен влез – Free entry“ од уметницата Марија Трпеска.(19.3.2021 – 2.04.2021). Изложбата е прва од годинашната програма на ЦК „Марко Цепенков“ поддржана од Министерството за култура, во која се планирани над 20 изложби.

DSCN2851.JPG DSCN2855.JPG DSCN2860.JPG DSCN2850.JPG DSCN2856.JPG DSCN2859.JPG

За проектот (Уметницата Марија Трпеска)

Ликовниот Проект „Слободен влез – Free entry‟се однесува на континуираното присуство на едно лице на културни настани, неговата потреба, интерес за посетување на ликовни изложбии неговото огромно визуелно искуство. Истражувајки го присуството на луѓе на ликовни изложби во државните културни институции, уметничките галерии и музеи забележав дека бројот на посетители е многу мал и дека нема голем интерес особено од млада публика. Состојбата на „празни‟ галерии ме наведе да забележамдека еден човек е постојано присутен и им дава важност и смисла на сите ликовни излагања. Одлучив да му заблагодарам така што го вклучив во мојот проект, насликан како стои пред вратите на седум галерии и музеи во Скопје.

За целите на проектот неговото мислење и ставови во врска со ликовната сцена ми беа многу важни за да ми отвори прашања – што би се случувало на ликовнитеизложби ако не постои ликовната критика, ако ги нема претставниците од културните институции, комисиите за култура, советниците за култура? Која е потребата и интересот на „неуметникот‟да гледа и да се обиде да толкува уметничко дело? Дел од истражувањето еи слободното (бесплатното) влегување низ вратите на истите, како и создавањето на визуелно искуство од она што се презентира; дефинирање на разликата помеѓу „гледањето“ (Vision) и „визуелноста“ (Visuality).

Со реализација на оваа изложба очекувам дека проектот ќе продолжи и ќе се развие во насока на нужноста за промена на современите уметнички практики во Македонија, ќе отвори можност за понатамошни промислувања за општествените појави низ уметничкото и ќе се обиде да создаде ново гледиште за релацијата дело – гледач, или автор – критичар.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

sloboden-vlez

 
PDF Печати Е-пошта
Share

„ART AS A CATALYST FOR SOCIAL CHANGE“ ИЗЛОЖБА ОД АЛЕКСАНДРА КОКОТОВИЌ

„ART AS A CATALYST FOR SOCIAL CHANGE“ е тематската изложба од Александра Кокотовиќ, визуелна уметница од Србија, што e поставена од 26.02.2021, па во наредните недели, во Ликовната галерија.

Пред љубителите на уметноста, авторката се претставува со дела работени во различна техника. Кокотовиќ освен како визуелна уметница се изразува и преку сликарството, вајарството, цртежот и графиката.

Александра Кокотовиќ е член на Друштвото на ликовни уметници на Србија и Друштвото на уметници на БиХ.. Родена во Сарајево, а живеела во Бејрут, Лондон, Белград и САД. Димпломирала на Accademia del Lusso.

Во март минатата година ја претставуваше БиХ на големата интернационална изложба во Дубаи ART CONNECTS WOMEN 2020 "Each for Equal", на која учествуваа преку 100 уметници од исто толку земји.

Досега има реализирано 24 самостојни изложби во реномирани институции, галерии, музеи... и преку 40 групни во Србија, БиХ, Полска, САД, Литванија, Албанија, Бугарија, Обединетите Арапски Емирати, Македонија.....

DSCN2836.jpg DSCN2848.jpg DSCN2847.jpg DSCN2838.jpg DSCN2834.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
Повеќе Артикли...
  • Годишна програма за 2021 година, поддржана од Министерството за култура
  • 71 година од основање
  • СРЕКНА НОВА 2021
  • „Ротации“ изложба од Кристијан Јованоски во Прилеп
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 10 од 77

Изработено од Бучевски Дејан