![]() |
Изложба од Мирослав Живковиќ Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ е отворена изложба од Мирослав Живковиќ од Србија. Уметникот на изложбата ( 1.7 до 13.7. 2022) се претставува со 27 дела работени на хартија во комбинирана техника, со апликации. Тематски делата се врзани со просторот и пејзажот во aсоцијативнa смисла. Мирослав Живковиќ од Ниш, Србија, досега реализирал над 70 самостојни изложби и бил учесник на повеќе од 300 групни во Србија и во странство. |