Печати

Деветата ликовна колонија Дрен

Со изложба на инсталација на Мирна Арсовска и Дејан Буѓевац  во ликовната галерија  ЦК,,Марко Цепенков,, од Прилеп ја стартуваше годинашната деветта по ред ликовна колонија Дрен. Од годинава колонијата има мултимедијален карактер и  се одржуваше во ликовното ателје и во дворот на Центарот.

На колонијата, вели Тони Чатлески, директор на Центарот, освен сликарството се бидат застапени и сите модерни форми на уметноста, а учествуваат 20 уметници од Прилеп, Македонија и од Русија и Србија.

До 23 јули 2016, кога е затворањето на колонијата и преставувањето на создадените дела, на колонијата Дрен творат  прилепските ументици Емил Солески, Верче Николоска, Васил Костов, Кирил Гегоски, Александар Џинго,  Билјана Бинчев,  Марјан Стојаноски, Мирна Арсовска (Македонија), Рада Тихоновскаја( Русија) и Јошкин Шикљан, Мирослав Живковиќ, Јелена Фрида Стошиќ, Марија Алексиќ, Светлана Карма и Снежана Манасиќ (Србија).

Ликовната колонија Дрен е дел од манифестацијата Прилепско културно лето, што ја реализира ЦК,,Марко Цепенков,,.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.