Печати

Ликовна колонија Дрен 2020

12 – то издание на колонијата Дрен 2020 се одржа онлајн од 4.11. до 18.11.2020

25 дела се создадени на дистанца заради корона кризата, во ателјеата на 14 уметници - Џигдем Ѓуллу, аташе за култура на Р. Турција, Беди Ибрахим, Мирко Вујисиќ, Микица Трујкановиќ, Драган Најденовски, Марија Стојаноска Петковски, Тони Чатлески, Мирјана Крстева Масети, Владимир Темков, Жани Гелевска, Марјан Стојаноски, Александра Димитрова, Ангел Коруновски, Тамара Танкоска.., кои на своите извонредни творби ги отсликаа нивните видувања, нивните импресии од секојдневието и ја пренесоа со љубов својата уметничка душа на платното.

НУЦК „Марко Цепенков“, колонијата Дрен 2020 ја реализираше со поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Колонијата, постои од 2008 година и досега во изминатите години учествувале над 150 творци, еминентни уметници од земјата и од странство, кои создале над 300 дела кои се во сопственост на ЦК „Марко Цепенков“, но и на државата.

 


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.