• Дома
  • За Нас
  • Биографија
  • Правилници
  • Документи и извештаи
  • Јавни набавки
  • Контакт

Одбери Јазик

Macedonian English French German
Get Adobe Flash Player

MC logo pozadina crna

Претходни новости

  • Новини

Театар

  • Репертоар
  • Премиери 2022
  • Премиери 2021
  • Премиери 2020
  • Премиери 2019
  • Премиери 2018
  • Премиери 2017
  • Премиери 2016
  • Премиери 2015
  • Премиери 2014
  • Премиери 2013
  • Премиери 2012
  • Премиери 2011
  • Меѓународни Награди 2011
  • Актери во театарот
  • За Театарот
  • Видео претстави

Кино - Мис Стон

  • Репертоар

misston

Сценско Музичка Дејност

  • КУД Моминок
  • Октет Прилеп
  • Танцово студио ЗОДИЈАК
  • Младинско Драмско Студио МДС

Стремеж

  • Нов Број

Ликовно Галериска Дејност

  • Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2008
  • Венециско Биенале
  • Видео - Изложба Дрен 2012
  • Видео - Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2013
  • Ликовна колонија Дрен 2014
  • Ликовна колонија Дрен 2015
  • Ликовна колонија Дрен 2016
  • Ликовна колонија Дрен 2017
  • Ликовна колонија Дрен 2019
  • Ликовна колонија Дрен 2020
  • Ликовна колонија Дрен 2021

Фестивали

  • МТФ "Војдан Чернодрински"
  • ФИНПИ “Пеце Атанасоски“
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

PDF Печати Е-пошта
Share
 
PDF Печати Е-пошта
Share

КИНО - МИС СТОН - РЕПЕРТОАР
И од Понеделник 11 Ноември до Сабота 16 Ноември 2013 година, на репертоарот на Киното МИС СТОН "Балканот не е мртов" од 19.00 часот.
Влезници по 100 денари на Билетарницата од киното.

 
PDF Печати Е-пошта
Share

ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ - РЕШАТ АМЕТИ

 
PDF Печати Е-пошта
Share

РЕВИЈА НА РУСКИ ФИЛМ

Од Вторник - 5 Ноември, па во Среда 6.11, Четврток 7.11. , Петок 8.11 и Сабота 9.11 во СЦЕНА 105 од 20 часот во Центарот за култура РЕВИЈА НА РУСКИ ФИЛМ во соработка со Филмски фонд на Македонија.
Влез бесплатен.
Ќе се прикажуваат филмовите - Палата бр.6, Град Зеро, Љубов во СССР, Отрови и Ние од Џезот сите во режија на Карен Шахназаров.
Повелете!

 
PDF Печати Е-пошта
Share

КИНО МИС СТОН - РЕПЕРТОАР

Филмот ,,Балканот не е мртов,, во режија на Александар Поповски, по вечерашната премиера во новото кино МИС СТОН, од утре ВТОРНИК 5 Ноември ќе се прикажува секој ден, освен во Недела, во киното од 18 и од 20 часот.
Влезници на Билетарницата од 17 до 20 часот.

 
PDF Печати Е-пошта
Share

 

04.11.2013

 
PDF Печати Е-пошта
Share

Стартува киното Мис Стон
Од понеделник, 4 Ноември од 20.00 часот секој ден проекции на филмот "Балканот не е мртов", во режија на Александар Поповски.
Играат: Никола Ристановски, Раде Шербеџија, Јордан Симонов, Драгана Костадиновска, Ертан Шабан, и др.
Влезници по цена од 100 денари може да се набават на билетарницата секој ден од 18 до 20 часот.

 

 
PDF Печати Е-пошта
Share

Премиерно прикажана "Швејк во втората светска војна"
На 25 октомври 2013 во театарот "Војдан Чернодрински" премиерно беше прикажана претставата "Швејк во втората светска војна" во режија на Мартин Кочовски. Претставата е работена по текст од Б.Брехт, по мотиви на Хашек. Преводот е на Благоја Ивчески.
- Прашањата кои ги поставуваме се како човештвото не успеа да се спаси од тиранијата во неколкуте документирани милениуми, зошто човекот не собра доволно сила да ги надмине тие проблеми, зошто тиранијата се уште ја има? Претставата има неколку слоеви - историјата на фашизмот низ вековите, љубовната приказна меѓу идеалистот и материјалистот и прашањето за секој уметник - Дали уметноста може да го спаси светот од тиранија? Претставата удира силно, а публиката се надевам ќе реагира на овој театарски чин - вели режисерот Кочовски, кој по трет пат Брехт го поставува на прилепската сцена.
Актерите задоволни од истражувачкиот процес во претставата.

DSC_0601.JPG Foto Svejk vo Vtorata svetska vojna 1.jpg DSC_0707.JPG Foto Svejk vo vtorata svetska vojna.JPG Svejk vo vtorata svetska vojna.JPG

- Задоволство е да се работи со режисерот Кочовски и со колегите. Ова е извонредна истражувачка претстава - вели Владимир Ѓорѓијоски.
Играат: Илија Волчески студент на ФДУ, Владимир Ѓорѓијоски, кој воедно е драматург и асистент на режија, Даниела Иваноска, Андон Јованоски, Јасмина Мицовска - Станкоска, Наташа Наумоска, Александар Степанулески, Александар Тодески, Игор Трпче, Димитар Црцороски, Виолета Чакарова и Катерина Чакмакоска.
Сценографија и костими - Јулијана Војкова - Најман,
Музика - групата Фолтин (Бранислав Николов, Пеце Трајкоски, Гоце Јованоски, Славчо Јовев).
Кореограф е Јована Василева.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на Андријана Радевска
На 25 октомври 2013 г. од 20.00 часот во галеријата на ЦК,,Марко Цепенков,,беше отворена изложба на слики од уметникот Андријана Радевска од Скопје, која се претстави со 13 дела.
Темата за овој циклус е инспирирана од денешното модерно живеење, и сите стеги и маргини на општеството кои свесно и несвесно не наведуваат да бидеме она што треба да бидеме, а не она што навистина сме.

SAM_9123.JPG SAM_9122.JPG SAM_9148.JPG

Биографија:
Aндријана Радевска е родена на 9-ти февруари 1991 година во Скопје. Заврши средно образование во 2009-та година во ДСУПУ,, Лазар Личеноски,,.Во 2013 година дипломираше на одделот за сликарство на Акедемијата за ликовна уметност во класата на професор Благоја Маневски во Скопје. Досега учествуваше на две групни ликовни изложби во Република Македонија.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на слики од Драган Темовски
На 25 октомври 2013 г., во ликовниот салон на Центарот во 19.00 часот беше отворена првата самостојна изложба на д-р Драган Темовски, член на ДЛУП. Темовски се претстави со 20 дела работени подолги години.

SAM_9139.JPG SAM_9146.JPG SAM_9140.JPG

За творештвото на Темовски
Во животниот пат на Д-р Драган Темовски, уште од најраното детство е забележан неговиот креативен дух, кој постојано го прати и го тера да твори, создава и бара нови предизвици на се она што носи предзнак уметничко. Уште како многу млад во средношколските денови прави обиди во скулптурата, работејќи на бистата на Мирче Ацев. Нови предизвици бара во резбата, применетата уметност, за да последните 15 години поинтензивно му се посвети на сликарството. Иако, како професија ја избира медицината, поточно хирургијата, всушност духовноста е онаа тенка нишка која ги врзува и двете подрачја на делување, хирургијата како професија и уметноста како надоградба. Резултат на ликовниот живот, кој го води напоредно со професионалниот, е оваа прва самостојна изложба. Иако тематскиот избор е разновиден, подеднакво зад секое негово дело стои посветеност, прецизност во преносот на виденото и обработката на деталот, заокружени со сензибилен колорит, независно дали приказот е реален или апстрахиран. Сето тоа, многу јасно се отсликува на презентираните творби, кои се само дел од неговото севкупно творештво. Д-р Темовски досега изложувал на повеќе групни изложби. Член е на Друштвото на ликовни уметници – Прилеп од 2012 година - вели Лепа Милошевска, историчар на уметност.
Биографија
Д-р Драган Темовски, хирург, е роден 1955 година во с.Фариш, Кавадаречко. Основите за уметноста и науката ги стекнал за време на основното и гимназиското образование во Прилеп. Учествувајќи во разни секции, се занимавал со резбарство, бродо и ракетно моделарство, фотографија, сликарство и вајарство. Медицински факултет завршил во Белград 1982 година, а специјализација по Општа Хирургија во 1993 година на Хируршката клиника во Скопје. Во слободното време со сликарска активност повторно почнува да се занимава од 1998 година, а поинтензивно од 2002 година. Има створено над 80 дела. Уметноста му претставува составен дел од секојдневната активност, како дома така и професионално како хирург.
Неговата активност тука не застанува, продолжува и понатаму.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
Повеќе Артикли...
  • ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ ОД ЃОРЃИ ДЕСПОДОВ
  • Премиера - Петок 25.10.2013 во 20.00 часот
  • ИЗЛОЖБА ,,ВЕВЧАНСКИ ВИДУВАЊА,,
  • ДВОБРОЈ 1-2 НА СТРЕМЕЖ ЗА 2013
« ПочетокПред71727374757677СледноКрај »

Страница 72 од 77

Изработено од Бучевски Дејан