Печати

Изложба на минијатури од Зоран Арсовски

Во Ликовната галеријат отворена e изложба на минијатури „Тектонски пореметувања“ -2 од визуелниот уметник Зоран Арсовски – Бабата.( 20.05 до 2.06.2022).

На ова изложба се претставени над шеесетина дела коишто се изработени во маслена и акрилна сликарска техника. Арсовски е познат по своите концептуални изложби кои секогаш носат силни пораки па така и оваа изложба се трансформира во еден необичен свет којшто е реален како и секој друг и живее на сликарското платно но и во окото на гледачот, којшто молчи и гласно ги изразува своите пораки во зависност од тоа кој е перцепиентот на тој дел креативна реалност... Овој опус на дела треба пред се да се разбере како крик и последно предупредување до сите луѓе коишто ја сакаат оваа планета и можат со своето влијание да помогната во зачувувањето на животната средина, но и како дел од една единствена интимна авторска креација којашто е посветена на еколошката идеја.

Зоран Арсовски – Бабатa дипломирал и магистрирал на Националната Ликовна Академија во Софија на катедрата за визуелни уметности, насока Сликарство во класата на професорите Станислав Памукчиев и Божидар Бојаџиев. Има реализирано 14 самостојни изложби од кои дел се пред Меѓународната ликовна сцена. Учествувал на повеќе групни изложби, ликовни колонии, проекти, работилници и симпозиуми во земјава и странство. Член е на ДЛУМ. За својата работа има добиено повеќе награди и признанија.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.