Печати

Изложба на Венецијански карневалски маски

На 15.03.2013 година во галеријата на беше отворена изложба на  Венцијански карневалски маски изработени од нашата сограѓанка  Жаклина Костоска на која беа презентирани 150 маски, изработени во “Papier mâché” техника.

 

 “Papier mâché” е француски израз за хартиена смеса. Кога оваа смеса е веќе сува, таа наликува на дрвена површина.  Доста е цврста, но сепак е лесна. Смесата се користи за изработка на накит, кутии, склуптури, карневалски маски и театарски реквизити.

Жаклина Костоска, е диполмиран биохемичар на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методија,, Скопје. Во 2010 година, активно почна да навлегува во “Papier mâché” техниката и изработка на карневалски маски. Ова беше нејзината прва, самостојна изложба.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.