Печати

Изложба на фотографии „Диего и Фрида, насмевка на половина пат“

Во ликовниот салон отворена е изложбата „Диего и Фрида, насмевка на половина пат“, која опфаќа 95 црно бели фотографии и артефакти преку кои се прикажува универзумот на Диего Ривера и Фрида Кало,уметници, кои се еден од најконтроверзните парови во нивната љубов, а чие влијание ги надминало светските граници. Изложбата, (26.5. – 10.6.2021), ги открива не само взаемната страст на парот Ривера и Кало, туку и нивното заедничко ангажирање во општеството и во политичките збиднувања во тоа време во кое живееа, кои ги овековечиле фотографите Питер Џулс, Гилјермо Самора, Николас Мареј, Едвард Вестон, Мануел Алварес Брава, Гилјермо Кала и Хуан Гусман.

Фотографите ги овековечиле различните етапи од животот на парот, од љубовта и смртта, од нивното венчавање во 1929 година до 1954 г. и смртта на Кало и се отсликува бесконечното согласување и несогласување во првата половина на 20 век во Мексико. Изложбата е исклучителна можност да се запознае преку фотографии волшебната реалност на парoт. Диего Ривера е еден од најзначајните уметници, претставници на мексиканскиот мурализам, а Фрида Кало е позната како творец на автобиографски слики под влијание на народната мексичка и староседелска уметност.

Оваа ексклузивна изложба, ЦК „Марко Цепенков“ ја реализира во соработка со Амбасадата на Мексико во Србија.

 


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.