• Дома
  • За Нас
  • Биографија
  • Правилници
  • Документи и извештаи
  • Јавни набавки
  • Контакт

Одбери Јазик

Macedonian English French German
Get Adobe Flash Player

MC logo pozadina crna

Претходни новости

  • Новини

Театар

  • Репертоар
  • Премиери 2022
  • Премиери 2021
  • Премиери 2020
  • Премиери 2019
  • Премиери 2018
  • Премиери 2017
  • Премиери 2016
  • Премиери 2015
  • Премиери 2014
  • Премиери 2013
  • Премиери 2012
  • Премиери 2011
  • Меѓународни Награди 2011
  • Актери во театарот
  • За Театарот
  • Видео претстави

Кино - Мис Стон

  • Репертоар

misston

Сценско Музичка Дејност

  • КУД Моминок
  • Октет Прилеп
  • Танцово студио ЗОДИЈАК
  • Младинско Драмско Студио МДС

Стремеж

  • Нов Број

Ликовно Галериска Дејност

  • Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2008
  • Венециско Биенале
  • Видео - Изложба Дрен 2012
  • Видео - Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2013
  • Ликовна колонија Дрен 2014
  • Ликовна колонија Дрен 2015
  • Ликовна колонија Дрен 2016
  • Ликовна колонија Дрен 2017
  • Ликовна колонија Дрен 2019
  • Ликовна колонија Дрен 2020
  • Ликовна колонија Дрен 2021

Фестивали

  • МТФ "Војдан Чернодрински"
  • ФИНПИ “Пеце Атанасоски“
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба од Павлина Илијеска

Во ликовниот салон е отворена изложбата „белег на времето“ од уметницата Павлина Илијеска. Нашата сограѓанка се претставува со десетина големи дела на кои го пренесува културниот континиум на историските текови.

Викторија Димеска , историчар на уметност за нејзините дела ќе забележи - 

„Црпејќи инспирација од македонската традиционална музика и танц, а особено поетските стихови на Конески, уметницата ја создава композицијата насловена според истоименото оро и песна – „Тешкото“. Во подножјето на Маркови Кули претставена е група на играорци како го изведуваат орото. Со ликовната интерпретација на стиховите: „...сè сенка до сенка, сè еден до друг – во бескрајно оро син оди по татка, по деда си – внук.“, композицијата преминува во метафора за: мачниот опстанок и борба на македонскиот народ, стремежот за ослободување и сопствен напредок, непоколебливата волја за надминување на историските неприлики, истрајноста и многувековниот културен континуитет на градот Прилеп.

Преку редуцирањето и симплифицирањето на формите во композициите „Слободен видик“ и „Насилство врз децата“, уметницата навестува нов експресивен сензибилитет. Асоцијативните редуцирани форми и темните боени тонови постануваат ликовни синтагми преку кои се изразуваат комплексни емотивни доживувања – копнежот за слобода, исцрпувачкото чувство на заробеност, страв и немоќ. Употребувајќи ја моќноста на ликовниот јазик таа ја пренесува пораката за соодветна заштита и грижа на најмладите кои претставуваат идна водечка сила во општеството.“

4.jpg 20220704_185751.jpg 20220704_194159.jpg 1.jpg 20220704_193725.jpg 5.jpg 20220704_194658.jpg

Според културологот Звонко Димоски, „заедничка карактеристика во делата на Илијеска е слободата, односно нејзиното интуитивно пројавување, без разлика дали сликарката ни претставува така наречени патриотски мотиви, или го допира егзистенцијалниот бит на единката. Занимавајќи се со единката, Илијеска вешто продира и се судира со стравот, неспокојот и потрагата по начините за повторно народување. И тука, и во случај на патриотско-локалните теми, вториот план, односно споменатата позадинска интерпретација е творивото кое смирува, оплеменува, радува или ја додава дополнителната сила за истрајност кон слободата, како што се на пример сликани мотивите поврзани со Тешкото, прилепска Могила или Чаршијата со градската Саат-кула.
Илијеска слика слобода која не останува само во рамките на имагинарното, или пак слобода која вечерва ќе не одведе на барикадите на градскиот плоштад, туку таква која несвесно нѐ разнежнува, иако можеби очекувањата биле поинакви“ .

Павлина Илијеска е родена во Прилеп, 1949 година. Образованието го завршила во родниот Прилеп.Интензивно почнува да слика на свои 57 години, во 2006 година. Нејзиниот опус до 2015 година брои над 146 сликарски платна со претстави на  градски ведути и пејзажи, изработени воакрилна техника. реализирала неколку самостојни и групни изложби. Член е на ДЛУП.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба од Мирослав Живковиќ

Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ е отворена изложба од Мирослав Живковиќ од Србија.  Уметникот на изложбата ( 1.7 до 13.7. 2022) се претставува со 27 дела работени на хартија во комбинирана техника, со апликации.

Тематски делата се врзани со просторот и пејзажот во aсоцијативнa смисла.
Ова е прва самостојна изложба на Мирослав Живковиќ во Прилеп.
- Пејзажот е неисцрпен извор на инспирација и тоа се мои имагинарни дела - вели Живковиќ.

Мирослав Живковиќ од Ниш, Србија, досега реализирал над 70 самостојни изложби и бил учесник на повеќе од 300 групни во Србија и во странство.
Учествувал на повеќе од 80 колонии и симпозиуми.
Наградуван е многупати, а работи како професор по сликање и цртање на Факултетот за уметност во Ниш

8f.jpg 3f.jpg 5f.jpg 7f.jpg 6f.jpg 2f.jpg 4f.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба „Празна галерија“ од Методи Исков

Во Ликовната галерија отворена е изложбата на дела од Методи Исков. ( до 27 јуни 2022).

На изложбата насловена „Празна галерија“ уметникот се претставува со скулптури и слики , а проектот е поддржан од Министерството за култура.

Дали ја препознаваме уметноста?

Делото “Празна галерија” претставува инсталација со репродукции на скулптурите кои се одбрани земајќи го во предвид периодот на создавање во време во кое уметноста можеби не се сметала за “комплицирана”. Истата ги поставува прашањата: Дали фигуративноста е повеќе препознатлива за пошироката публика? Дали несообразното толкување на ликовните перцепции и интерпретации на уметничкото творештво го продлабочуваат нарушениот однос помеѓу поединецот/посетител и уметникот? Каков е односот помеѓу публиката и уметникот во современието и нејзиното разбирање на уметничките дела? Дали на уметноста гледаме како на мал отвор без притоа да стигнеме до нејзината суштина?

Која е цената на уметноста?

Поставката на Празна галерија - поглавје 2 се состои од скулптури и слики поставени во однос на маркет производи (редимејд) кои взаемно се поврзани со лента на која е испишано “гратис”. Оваа инсталација од портрет на античка скулптура/слика и до нејзе поставено производ (редимејд) Прашање кое си го поставувам себеси, но воедно и на публиката. Дали се сведуваме на материјалноста така што културата и уметноста стануваат “ефтини”?

Со оваа скулптура сакам да го доловам концептот на тоа колку ја цениме и вреднуваме уметноста односно дали уметноста е толку евтина што може да ја купиме и во маркет па и во некои случаеви да ја добиеме како гратис.

Оваа инсталација од портрет на античка скулптура и до нејзе поставеното сончогледово масло кое меѓусебно се поврзани со лента на која е испишано „гратис“ е композиција која сметам дека го доловува моментот на маркет, а со поставеноста во ликовна галерија концептот добива сериозна перспектива.

Кога уметничкото дело е комплетно завршено?

4.jpg 7.jpg 6.jpg 1.jpg 9.jpg 2.jpg 5.jpg 3.jpg 8.jpg

БИОГРАФИЈА

Методи Исков е роден на 24.05.1990 година во Штип. Во 2009 година завршува Гимназија во Прилеп, јазично – уметничко подрачје. Во 2014 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек вајарство, во класата на проф. Станко Павлески.

Покрај индивидуалните уметнички ангажмани, важен дел од неговото работно искуство е изработка на скулптури вклучени во урбанистички план на град Скопје, учевство при изработка на палета мозаици, од кои можат да се истакнат мозаиците во Црквата Св.”Констанин и Елена” – Скопје, мозаик поставен в базиликата на Св. “Благовештение” во Незарет – Израел со ликот на “Пресвета Богородица”, мозаиците на Црквата Св. “Петка” – Прилеп, итн. Повеќе мурали во градот Прилеп, од кои може да се истакне муралот во Градската Библиотека “Борка Талески” – Прилеп, уметничко уредување на Етно Крушево и многу други.

Учевствувал на повеќе групни изложби во Македонија и досега реализирал една самостојна изложба со наслов “Празна галерија” во 2018 година.

Од групните изложби може да се истакне Биенале на млади уметници 2021 година кое се одржа во Музеј на современата уметност Скопје. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Прилеп од 2011 година, кога во 2020 година станува претседател на ДЛУП.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

„ЗЕМЈА“- изложба од Бојана Артиновска Трпческа

Во ликовниот салон отворена е изложбата „Земја“ од нашата уметница Бојана Артиновска Трпческа. ( 20.05. до 2.06.2022).

Современите еколошки концепти кои се однесуваат на заштита и чување на природниот екосистем: зголемување на свесноста за припрадноста на човекот во природата, неговото влијание врз неа преку разните активности, реципрочниот меѓусебен однос и обидите за создавање на живот усогласен со животната средина, претставуваат движечка сила и мотивација за создавање на најновиот сликарски циклус на академската уметница Бојана Артиновска Трпческа, за кој историчарот на уметност Викторија Димеска вели дека е создаден по инспирација од древната кинеска мудрост – фенг шуи.

20220520_201519.jpg 20220520_193934.jpg 20220520_193839.jpg 20220520_193917.jpg 20220520_193940.jpg 20220520_193928.jpg 20220520_193920.jpg 20220520_194208.jpg

- Таа создава боени апстрактни пејзажи, поделени во две фази: зелена и кафена. Зелената фаза е насловена „Зародиш на бујноста“ и неа ја сочинуваат апстрактни пејзажи во кои изобилуваат тонови на зелената боја – метафора за создавањето на животот, дарежливоста и плодноста на земјата. Кафената фаза ја сочинуваат боени апстракни композиции во кои преовладува широк спектар на кафени тонови и нијанси: тргнувајќи од транспарентни окер тонови и финиширајќи со интензивни кафено-виолетови нијанси. Во оваа втора фаза кафената боја ја симболизира темнината, стабилноста и потпората . Со транспонирањето на функцијата „мајка“ врз мотивот земја и изборот на бојата како ликовен елемент, транформирајќи ја во метафора: зелена боја – плодност и изобилство, и кафена боја – темнина и потшората, уметницата Трпческа создава воодушевувачки композиции во коишто се отелотворува женскиот принцип. Дополнително, овие апстрактни пејзажи со еколошки асоцијации претставуваат и боени интервенции кои делуваат на внатрешниот амбиент во просторот – потенцира Димеска.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на минијатури од Зоран Арсовски

Во Ликовната галеријат отворена e изложба на минијатури „Тектонски пореметувања“ -2 од визуелниот уметник Зоран Арсовски – Бабата.( 20.05 до 2.06.2022).

На ова изложба се претставени над шеесетина дела коишто се изработени во маслена и акрилна сликарска техника. Арсовски е познат по своите концептуални изложби кои секогаш носат силни пораки па така и оваа изложба се трансформира во еден необичен свет којшто е реален како и секој друг и живее на сликарското платно но и во окото на гледачот, којшто молчи и гласно ги изразува своите пораки во зависност од тоа кој е перцепиентот на тој дел креативна реалност... Овој опус на дела треба пред се да се разбере како крик и последно предупредување до сите луѓе коишто ја сакаат оваа планета и можат со своето влијание да помогната во зачувувањето на животната средина, но и како дел од една единствена интимна авторска креација којашто е посветена на еколошката идеја.

Зоран Арсовски – Бабатa дипломирал и магистрирал на Националната Ликовна Академија во Софија на катедрата за визуелни уметности, насока Сликарство во класата на професорите Станислав Памукчиев и Божидар Бојаџиев. Има реализирано 14 самостојни изложби од кои дел се пред Меѓународната ликовна сцена. Учествувал на повеќе групни изложби, ликовни колонии, проекти, работилници и симпозиуми во земјава и странство. Член е на ДЛУМ. За својата работа има добиено повеќе награди и признанија.

20220520_192032.jpg 20220520_192028.jpg 20220520_193349.jpg 20220520_185806.jpg 20220520_190225.jpg 20220520_190238.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на дела од ДЛУП

Во Ликовната галерија е отворена Годишната изложба на дела од ДЛУП (Друштво на ликовни уметници на Прилеп.

На изложбата,  од 6 мај до 19 мај 2022, изложени се дела од 27 прилепски уметници. (Методи Исков,  Маја Најдоска,  Елена Димоска,  Анита Сотироска,  Александар Џинго, Марта Макеска, Емил Солески, Емил Димоски, Бојана А.Трпческа, Александра Богоеска, Филип Перески, Верче Николоска, Павлина Илијеска, Лепа Милошевска, Ферди Булут, Славчо Павлески, Марјан Стојаноски, Васил Костов, Дарко Талески, Давид Атанасоски, Атанас Атанасоски, Драган Верговски-Алпи, Михајло Ристески, Тони Трајковски, Златко Крстевски, Михаил Паскоски и Марија Ѓорѓијоска).

20220506_195400.jpg 20220506_123553.jpg 20220506_193752.jpg 20220506_195510.jpg 20220506_192500.jpg 20220506_192452.jpg 20220506_192519.jpg 20220506_192329.jpg 20220506_192420.jpg 20220506_194835.jpg 20220506_192321.jpg 20220506_194816.jpg

-Одржувајќи го континуитетот  на неуморна ликовна креација, членовите  го промовираат најновото сопствено творештво. Членовите се претставуваат со творештво во различни техники и материјали преку кои ја прикажуваат својата страст. Културата е нешто што треба да има континуитет  и одржување  за да може да се пренесе на идните генерации. Па затоа преку уметноста се надевам дека ќе оставиме белег кој ќе биде од општествено и културно значење – вели Методи Исков, претседател на ДЛУП.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба „Персона“ од Филип Цакоски

Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп e отворена изложбата „Персона“ од прилепскиот уметник Филип Цакоски. ( од 20.04 до 5.05.2022г.).

На Филип Цакоски ова му е прва самостојна изложба во Прилеп, поддржана од Министерството за култура во годишната програма за 2022 на Центарот.

„Персона“ е изложба проследување, продлабочување во битието позади физичкиот изглед и како човекот се претставува. Внатрешните потреби, пориви, скриени или навидум заборавени желби, фантазии и незадоволства- како сила која во позадина управува со нашата личност (персона) која ја креираме пред другите – вели авторот.

20220420_190738.jpg 20220420_125330.jpg 20220420_191954.jpg 20220420_125504.jpg 20220420_125355.jpg 20220420_194844.jpg 20220420_125404.jpg 20220420_125442.jpg 20220420_192352.jpg 20220420_125417.jpg

Според поетот Филип Димкоски, изложбата „Персона“ од вајарот Филип Цакоски, може да се разгледува и како своевидно продлабочување на мотивите што го окупираа во претходната негова изложба „Обвивки“, но и како сосема самостоен концепт со нови перцепции ...

-Ако во првата изложба го увидовме постоењето на кожурците, обвивките и маските, кои не нѝ даваат да дишеме и да се претставиме онакви какви што сме, овде во новите единаесет дела, обвивките полека паѓаат и се отвора можноста да се види личноста со својата посебност и своето достоинство. ... Оваа изложба е една можност да погледнеме во себе(не)совршенството, да навлеземе малку подлабоко во нас и да откриеме колку личности, колку лица и наличја криеме во нас самите. Тоа трагање кон внатрешните светови на самите нас, го обојува животот со смисла за постоењето..Од тие длабочини надоаѓа и уметничкиот порив кој Цакоски го материјализира преку своите дела и го подарува на публиката со цел да овозможи на уметничка наслада, но и да поттикне, да запраша, да замисли, да порача... вели Димкоски.

За авторот

Филип Цакоски, 1998, Прилеп, Република Македонија е дипломиран вајар на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, отсек вајарство, модул сценографија, во класа на проф. м-р Жарко Башески.
Член на ДЛУМ од 2020 година, учесник на повеќе групни изложби и настани, во и надвор од државата.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

plakat izlozba od Filip Cakoski

 
PDF Печати Е-пошта
Share

ИЗЛОЖБА „ГЕОЛОШКИ ПРЕСЕК 2„ - ИНСТАЛАЦИЈА ОД ДАВИД АТАНАСОСКИ

Во Ликовната галерија e поставена изложбата инсталација „Геолошки пресек 2“ од прилепскиот уметник Давид Атанасоски. Идејата за реализација на инсталацијата, вели уметникот, се надоврзува на претходните негови заложби во кои рециклирањето има примарно значење.

- Се работи за ѕидна инсталација од отпадни дрва. Имено, дрвените штици ја сочинуваат основата на автономната и интегрирана структура. Строгиот распоред на композицијата, односно стратигафската систематизација и паралелизација на дрвените штици кои ја сочинуваат инсталацијата, ја потенцираат и нејзината архитектонска концепција. Инспирирана е од примарните архитектонски конструктивни елементи, од природната стратиграфија и слоевитост на земјата и севкупната историја, книжевност и наука на човештвото. Вертикално испратените објекти се прилагодливи во релација со урбани и архитектонски затворени простори – објаснува Давид.

Атанасоски досега реализирал самостојни и групни изложби во градов и низ Македонија, а бил дел од ликовни колонии.

20220408_090428.jpg 20220408_185446.jpg Geoloski presek 2.jpg 20220408_190422.jpg 20220408_190320.jpg 20220408_191401.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на дела „Мал формат“

Изложба на дела „Мал формат“ е отворена во Ликовната галерија. Љубителите на уметноста во наредните три недели (24.12. 2021 – 15.1.2022) ќе имаат можност да се запознаат со делата Мал формат од 30 уметници – членови на ДЛУМ, меѓу кои Андријана Мациев, Дејан Иванов Маргуш, Драган Верговски Алпи, Жаклина Глигориевска Кочовска, Ирена Паскали, Маја Танева, Марија Светиева, Мирјана Крстева Массетти, Слободан Милошевски, Тања Tаневска, Стефан Хаџи Николов, Христина Зафировска...

Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25 см. претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка. Изложбата „Мал формат“ на ДЛУМ е традиционална поставка на крајот на секоја година, а темите се слободни. Има дела со кои уметниците се навраќаат кон природата, кон пејзажот, но колорит и композиции кои се апстрактни.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и е во соработка со ДЛУМ.

20211224_115341.jpg 20211224_115258.jpg 20211224_115336.jpg 20211224_114458.jpg 20211224_115237.jpg 20211224_115323.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share
Изложба на дела од Мал битолски Монмартр
Изложени се 25 дела од оваа значајна македонска ликовна манифестација која постои веќе 40 години. Изложбата, поддржана од Министерството за култура, е во чест на основачот Коста Хаџи Антоновски, кој веќе не е со манифестацијата на која и го посвети целиот свој живот. ( до 23.12.2021)

Љубителите на ликовната уметност ќе проследат дела создавани од ликовните амбасадори од целиот свет во Старата битолска чаршија непрекинато четири децении. Монмартр низ годините блескаше со својата шарена порака за мир, љубов, уметност.... испишана на десетици јазици со безброј нијанси на бои од детските ликовни творби кои  пристигнуваа во Битола.

20211203_122159.jpg 20211203_122012.jpg 20211203_122038.jpg 20211203_121945.jpg 20211203_122842.jpg 20211203_122141.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share
Изложба на дела од колонијата Нижополе
Во Ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“  отворена е изложба на дела од колонијата Нижополе. (30.11. -10.12.2021).
 Изложени се 20 –ет слики од исто толку уметници, учесници низ годините на колонијата, која постои од 2000-та година.
Ова е само мал дел од големото богатство на дела што ќе бидат на увид пред јавноста во наредните две недели. 
На колонијата „Нижополе“ во изминатите 20 години учествувале и твореле  над 300 учесници од земјата и од странство, кои создале преку 700  уметнички дела.
20211130_123248.jpg 20211130_104153.jpg 20211130_104240.jpg 20211130_124207.jpg 20211130_124551.jpg 20211130_122602.jpg 20211130_104144.jpg

AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба „Suzanne“ од Ивана Мојсовска

Во Ликовната галерија отворена е изложбата „Suzanne“ од уметницата Ивана Мојсовска. ( 19.11. – 2.12.2021) На Изложбата се изложени две слики и пет фотографии.

Изложбата еинспирирана од веќе реализираниот танцов перформанс во колаборација со кореографката Адријана Данчевска, која е и субјект на овие дела.

-Сузан е измислен карактер кој ни ги пренесува екстремните расположенија на една млада жена која се бори со сопствените емоции и пориви. Во овој проект, карактерот на Сузан е повторно предмет на естетската материјализација каде преку фотографијата како медиум, ги доловувам моментите на екстаза и кинестетичка емпатија. Во дел од фотографиите акцентот е ставен на централниот субјект, односно ја гледаме Сузан во нејзината трансцеденција, додека во останатите дела Сузан е ставена во улога на спектатор и симболично ни ја прикажува сврзаноста на делата со кинестетичката емпатија. Анализирајќи ги танцовите перформанси и фокусирајќи се на перформативноста како процес од кој произлегува некаква акција, се обидувам да го замрзнам тој жив и интензивен момент на одвивањето на самиот уметнички чин – вели уметницата.

Ивана Мојсовскае млад, современ автор кој ги истражува емотивните состојби прикажувајќи ги преку своите експресивни и гестуални записи со кои таа постојано експериментира со нови сликарски медиуми. Делата на Мојсовска кои вклучуваат слики, танцови перформанси, инсталции и фотографија говорат за нејзиниот диверзитет додека експресивноста како правец е задржана во целиот опус.

ELS_0147_resize.jpg ELS_0163_resize.jpg ELS_0164_resize.jpg 6.jpg ELS_0133_resize.jpg hhhh.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на скулптури во дрво

Во Ликовниот салон отворена е ретроспективна изложба на скулптури во дрво изработени во текот на 50 години континуирано ликовно творештво во „Интернационалното студио за пластика во дрво“ во организација на Центарот за современа ликовна уметност од Прилеп.(8.11.- 20.11.2021).

На изложбата, освен 20 –тина скулптури во дрво изложени се и фотографии на дел од изработените скулптури, од кои најголемиот дел се поставени во институции низ државата.

Иложбата е дел од годишната програма за работа на ЦК „Марко Цепенков“ за 2021 поддржана од Министерството за култура, а во присуство на градоначалникот Борче Јовчески, ја отвори Јана Јанеска Ристески историчар по уметност, која посочи дека ликовните работилници континуирано оставаат уметнички дела кои на очигледен начин ја отсликуваат нивната креативност, уникатност и нивниот иновативен карактер.

- Уметничките дела се впишуваат во современите уметнички трендови, дела кои се доста сугестивни, кои отвораат простор на индивидуална авантура, дела кои отвораат нови перспективи и имаат вредност да инспирираат нови концептуални решенија за идните генерации - рече Јана Јанеска Ристески.

ЦСЛУ-Прилеп во континуитет секоја година прави одличен избор на уметници од домашната, но и од меѓународната уметничка сцена, од кои дел се познати и во светски рамки.

-ЦСЛУ-Прилеп континуирано потврдува дека поседува квалитет, компетентност и традиција да носи големи имиња/автори. Индивидуалната нишка на нашето постоење се крие во она што ќе го оставиме позади нас. Богатството кое Прилеп го добива секоја година преку ликовните изрази е наследство кое го оставаме на нашите идни генерации – велат од ЦСЛУ.

20211108_183725.jpg _29A0250.jpg _29A0191.jpg _29A0189.jpg _29A0155.jpg 20211108_183733.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
Повеќе Артикли...
  • Изложба на дела од колонијата Дрен 2021
  • Годишната изложба на ДЛУП 2021
  • Изложба на дела од Мирко, Лидија и Марко Вујисиќ
  • Изложбата „Асоцијации“ од Росица Лазеска отворена во Прилеп
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 1 од 25

Изработено од Бучевски Дејан