• Дома
  • За Нас
  • Биографија
  • Правилници
  • Документи и извештаи
  • Јавни набавки
  • Контакт

Одбери Јазик

Macedonian English French German
Get Adobe Flash Player

MC logo pozadina crna

Претходни новости

  • Новини

Театар

  • Репертоар
  • Премиери 2023
  • Премиери 2022
  • Премиери 2021
  • Премиери 2020
  • Премиери 2019
  • Премиери 2018
  • Премиери 2017
  • Премиери 2016
  • Премиери 2015
  • Премиери 2014
  • Премиери 2013
  • Премиери 2012
  • Премиери 2011
  • Меѓународни Награди 2011
  • Актери во театарот
  • За Театарот
  • Видео претстави

Кино - Мис Стон

  • Репертоар

misston

Сценско Музичка Дејност

  • КУД Моминок
  • Октет Прилеп
  • Танцово студио ЗОДИЈАК
  • Младинско Драмско Студио МДС

Стремеж

  • Нов Број

Ликовно Галериска Дејност

  • Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2008
  • Венециско Биенале
  • Видео - Изложба Дрен 2012
  • Видео - Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2013
  • Ликовна колонија Дрен 2014
  • Ликовна колонија Дрен 2015
  • Ликовна колонија Дрен 2016
  • Ликовна колонија Дрен 2017
  • Ликовна колонија Дрен 2019
  • Ликовна колонија Дрен 2020
  • Ликовна колонија Дрен 2021

Фестивали

  • МТФ "Војдан Чернодрински"
  • ФИНПИ “Пеце Атанасоски“
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на дела од ДЛУП

Во Ликовната галерија е отворена Годишната изложба на дела од ДЛУП (Друштво на ликовни уметници на Прилеп.

На изложбата,  од 6 мај до 19 мај 2022, изложени се дела од 27 прилепски уметници. (Методи Исков,  Маја Најдоска,  Елена Димоска,  Анита Сотироска,  Александар Џинго, Марта Макеска, Емил Солески, Емил Димоски, Бојана А.Трпческа, Александра Богоеска, Филип Перески, Верче Николоска, Павлина Илијеска, Лепа Милошевска, Ферди Булут, Славчо Павлески, Марјан Стојаноски, Васил Костов, Дарко Талески, Давид Атанасоски, Атанас Атанасоски, Драган Верговски-Алпи, Михајло Ристески, Тони Трајковски, Златко Крстевски, Михаил Паскоски и Марија Ѓорѓијоска).

20220506_195400.jpg 20220506_123553.jpg 20220506_193752.jpg 20220506_195510.jpg 20220506_192500.jpg 20220506_192452.jpg 20220506_192519.jpg 20220506_192329.jpg 20220506_192420.jpg 20220506_194835.jpg 20220506_192321.jpg 20220506_194816.jpg

-Одржувајќи го континуитетот  на неуморна ликовна креација, членовите  го промовираат најновото сопствено творештво. Членовите се претставуваат со творештво во различни техники и материјали преку кои ја прикажуваат својата страст. Културата е нешто што треба да има континуитет  и одржување  за да може да се пренесе на идните генерации. Па затоа преку уметноста се надевам дека ќе оставиме белег кој ќе биде од општествено и културно значење – вели Методи Исков, претседател на ДЛУП.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба „Персона“ од Филип Цакоски

Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп e отворена изложбата „Персона“ од прилепскиот уметник Филип Цакоски. ( од 20.04 до 5.05.2022г.).

На Филип Цакоски ова му е прва самостојна изложба во Прилеп, поддржана од Министерството за култура во годишната програма за 2022 на Центарот.

„Персона“ е изложба проследување, продлабочување во битието позади физичкиот изглед и како човекот се претставува. Внатрешните потреби, пориви, скриени или навидум заборавени желби, фантазии и незадоволства- како сила која во позадина управува со нашата личност (персона) која ја креираме пред другите – вели авторот.

20220420_190738.jpg 20220420_125330.jpg 20220420_191954.jpg 20220420_125504.jpg 20220420_125355.jpg 20220420_194844.jpg 20220420_125404.jpg 20220420_125442.jpg 20220420_192352.jpg 20220420_125417.jpg

Според поетот Филип Димкоски, изложбата „Персона“ од вајарот Филип Цакоски, може да се разгледува и како своевидно продлабочување на мотивите што го окупираа во претходната негова изложба „Обвивки“, но и како сосема самостоен концепт со нови перцепции ...

-Ако во првата изложба го увидовме постоењето на кожурците, обвивките и маските, кои не нѝ даваат да дишеме и да се претставиме онакви какви што сме, овде во новите единаесет дела, обвивките полека паѓаат и се отвора можноста да се види личноста со својата посебност и своето достоинство. ... Оваа изложба е една можност да погледнеме во себе(не)совршенството, да навлеземе малку подлабоко во нас и да откриеме колку личности, колку лица и наличја криеме во нас самите. Тоа трагање кон внатрешните светови на самите нас, го обојува животот со смисла за постоењето..Од тие длабочини надоаѓа и уметничкиот порив кој Цакоски го материјализира преку своите дела и го подарува на публиката со цел да овозможи на уметничка наслада, но и да поттикне, да запраша, да замисли, да порача... вели Димкоски.

За авторот

Филип Цакоски, 1998, Прилеп, Република Македонија е дипломиран вајар на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, отсек вајарство, модул сценографија, во класа на проф. м-р Жарко Башески.
Член на ДЛУМ од 2020 година, учесник на повеќе групни изложби и настани, во и надвор од државата.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

plakat izlozba od Filip Cakoski

 
PDF Печати Е-пошта
Share

ИЗЛОЖБА „ГЕОЛОШКИ ПРЕСЕК 2„ - ИНСТАЛАЦИЈА ОД ДАВИД АТАНАСОСКИ

Во Ликовната галерија e поставена изложбата инсталација „Геолошки пресек 2“ од прилепскиот уметник Давид Атанасоски. Идејата за реализација на инсталацијата, вели уметникот, се надоврзува на претходните негови заложби во кои рециклирањето има примарно значење.

- Се работи за ѕидна инсталација од отпадни дрва. Имено, дрвените штици ја сочинуваат основата на автономната и интегрирана структура. Строгиот распоред на композицијата, односно стратигафската систематизација и паралелизација на дрвените штици кои ја сочинуваат инсталацијата, ја потенцираат и нејзината архитектонска концепција. Инспирирана е од примарните архитектонски конструктивни елементи, од природната стратиграфија и слоевитост на земјата и севкупната историја, книжевност и наука на човештвото. Вертикално испратените објекти се прилагодливи во релација со урбани и архитектонски затворени простори – објаснува Давид.

Атанасоски досега реализирал самостојни и групни изложби во градов и низ Македонија, а бил дел од ликовни колонии.

20220408_090428.jpg 20220408_185446.jpg Geoloski presek 2.jpg 20220408_190422.jpg 20220408_190320.jpg 20220408_191401.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на дела „Мал формат“

Изложба на дела „Мал формат“ е отворена во Ликовната галерија. Љубителите на уметноста во наредните три недели (24.12. 2021 – 15.1.2022) ќе имаат можност да се запознаат со делата Мал формат од 30 уметници – членови на ДЛУМ, меѓу кои Андријана Мациев, Дејан Иванов Маргуш, Драган Верговски Алпи, Жаклина Глигориевска Кочовска, Ирена Паскали, Маја Танева, Марија Светиева, Мирјана Крстева Массетти, Слободан Милошевски, Тања Tаневска, Стефан Хаџи Николов, Христина Зафировска...

Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25 см. претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка. Изложбата „Мал формат“ на ДЛУМ е традиционална поставка на крајот на секоја година, а темите се слободни. Има дела со кои уметниците се навраќаат кон природата, кон пејзажот, но колорит и композиции кои се апстрактни.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и е во соработка со ДЛУМ.

20211224_115341.jpg 20211224_115258.jpg 20211224_115336.jpg 20211224_114458.jpg 20211224_115237.jpg 20211224_115323.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share
Изложба на дела од Мал битолски Монмартр
Изложени се 25 дела од оваа значајна македонска ликовна манифестација која постои веќе 40 години. Изложбата, поддржана од Министерството за култура, е во чест на основачот Коста Хаџи Антоновски, кој веќе не е со манифестацијата на која и го посвети целиот свој живот. ( до 23.12.2021)

Љубителите на ликовната уметност ќе проследат дела создавани од ликовните амбасадори од целиот свет во Старата битолска чаршија непрекинато четири децении. Монмартр низ годините блескаше со својата шарена порака за мир, љубов, уметност.... испишана на десетици јазици со безброј нијанси на бои од детските ликовни творби кои  пристигнуваа во Битола.

20211203_122159.jpg 20211203_122012.jpg 20211203_122038.jpg 20211203_121945.jpg 20211203_122842.jpg 20211203_122141.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share
Изложба на дела од колонијата Нижополе
Во Ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“  отворена е изложба на дела од колонијата Нижополе. (30.11. -10.12.2021).
 Изложени се 20 –ет слики од исто толку уметници, учесници низ годините на колонијата, која постои од 2000-та година.
Ова е само мал дел од големото богатство на дела што ќе бидат на увид пред јавноста во наредните две недели. 
На колонијата „Нижополе“ во изминатите 20 години учествувале и твореле  над 300 учесници од земјата и од странство, кои создале преку 700  уметнички дела.
20211130_123248.jpg 20211130_104153.jpg 20211130_104240.jpg 20211130_124207.jpg 20211130_124551.jpg 20211130_122602.jpg 20211130_104144.jpg

AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба „Suzanne“ од Ивана Мојсовска

Во Ликовната галерија отворена е изложбата „Suzanne“ од уметницата Ивана Мојсовска. ( 19.11. – 2.12.2021) На Изложбата се изложени две слики и пет фотографии.

Изложбата еинспирирана од веќе реализираниот танцов перформанс во колаборација со кореографката Адријана Данчевска, која е и субјект на овие дела.

-Сузан е измислен карактер кој ни ги пренесува екстремните расположенија на една млада жена која се бори со сопствените емоции и пориви. Во овој проект, карактерот на Сузан е повторно предмет на естетската материјализација каде преку фотографијата како медиум, ги доловувам моментите на екстаза и кинестетичка емпатија. Во дел од фотографиите акцентот е ставен на централниот субјект, односно ја гледаме Сузан во нејзината трансцеденција, додека во останатите дела Сузан е ставена во улога на спектатор и симболично ни ја прикажува сврзаноста на делата со кинестетичката емпатија. Анализирајќи ги танцовите перформанси и фокусирајќи се на перформативноста како процес од кој произлегува некаква акција, се обидувам да го замрзнам тој жив и интензивен момент на одвивањето на самиот уметнички чин – вели уметницата.

Ивана Мојсовскае млад, современ автор кој ги истражува емотивните состојби прикажувајќи ги преку своите експресивни и гестуални записи со кои таа постојано експериментира со нови сликарски медиуми. Делата на Мојсовска кои вклучуваат слики, танцови перформанси, инсталции и фотографија говорат за нејзиниот диверзитет додека експресивноста како правец е задржана во целиот опус.

ELS_0147_resize.jpg ELS_0163_resize.jpg ELS_0164_resize.jpg 6.jpg ELS_0133_resize.jpg hhhh.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на скулптури во дрво

Во Ликовниот салон отворена е ретроспективна изложба на скулптури во дрво изработени во текот на 50 години континуирано ликовно творештво во „Интернационалното студио за пластика во дрво“ во организација на Центарот за современа ликовна уметност од Прилеп.(8.11.- 20.11.2021).

На изложбата, освен 20 –тина скулптури во дрво изложени се и фотографии на дел од изработените скулптури, од кои најголемиот дел се поставени во институции низ државата.

Иложбата е дел од годишната програма за работа на ЦК „Марко Цепенков“ за 2021 поддржана од Министерството за култура, а во присуство на градоначалникот Борче Јовчески, ја отвори Јана Јанеска Ристески историчар по уметност, која посочи дека ликовните работилници континуирано оставаат уметнички дела кои на очигледен начин ја отсликуваат нивната креативност, уникатност и нивниот иновативен карактер.

- Уметничките дела се впишуваат во современите уметнички трендови, дела кои се доста сугестивни, кои отвораат простор на индивидуална авантура, дела кои отвораат нови перспективи и имаат вредност да инспирираат нови концептуални решенија за идните генерации - рече Јана Јанеска Ристески.

ЦСЛУ-Прилеп во континуитет секоја година прави одличен избор на уметници од домашната, но и од меѓународната уметничка сцена, од кои дел се познати и во светски рамки.

-ЦСЛУ-Прилеп континуирано потврдува дека поседува квалитет, компетентност и традиција да носи големи имиња/автори. Индивидуалната нишка на нашето постоење се крие во она што ќе го оставиме позади нас. Богатството кое Прилеп го добива секоја година преку ликовните изрази е наследство кое го оставаме на нашите идни генерации – велат од ЦСЛУ.

20211108_183725.jpg _29A0250.jpg _29A0191.jpg _29A0189.jpg _29A0155.jpg 20211108_183733.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на дела од колонијата Дрен 2021

Во Ликовната галерија отворена е изложбата на дела создадени на годинашната Ликовна колонија Дрен 2021.( 3.11. до 15.11.2021).

Изложени се над 20 дела, од сликарите Мирослав Живковиќ и Снежана Малетин од Србија, нашите уметници Мирјана Крстева Масети, Александра Петкова – Џианели, Буба М. Солак, Драган Најденовски, Новица Трајковски, Тони Чатлески, Стефан Малбашиќ и скулпторите Слободан Милошески и Марјан Стојаноски.

Ликовната колонија Дрен 2021 се одржа со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Досега на колонијата, во изминатите 13 години, се создадени околу 350 дела кои се во трајно наследство на Центарот и на државата.

20211103_120722.jpg 20211102_132222.jpg 20211102_132156.jpg 20211102_132145.jpg 3.jpg 20211102_132259.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Годишната изложба на ДЛУП 2021

Изложбата на дела од членовите на ДЛУП, поставена во ликовниот салон на Центарот (8.10 до 31.10.2021) предизвика интерес кај љубителите на уметноста, кои имаат можност да ги проследат делата од Методи Исков, Елена Димоска, Верче Николоска, Давид Атанасоски,Александар Џинго, Марта Макеска, Маја Најдоска, Ангелкa Башеска, Александра Богоеска, Павлина Илијоска, Анита Сотироска, Бојана Артиновска, Емил Солески,Ферди Булут, Кристина Малинческа, Марија Ѓорѓиоска, Славчо Павлоски, Филип Перески,Драган Верговски Алпи, Васил Костов, Михајло Ристески и Златко Крстески.

Претседателот на ДЛУП Методи Исков вели дека е презентирано едногодишното творештво на членовите на Друштвото.

20211015_200346.jpg 20211015_200445.jpg 20211015_200438.jpg 20211015_191203.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на дела од Мирко, Лидија и Марко Вујисиќ

Изложба на дела од семејството Вујисиќ е отворена во Ликовната галерија на Центарот. ( 8.10 – 31.10.2021).

Изложените дела од Лидија Вујисиќ се во цртачка техника во пастел и се дел од циклусот „Ние во огледала“, на кои се претставени ликови од музката, актерството и ликовната уметност.

Делата од Мирко Вујисиќ воспоставуваат комуникација од чудесниот свет на внатрешни простори, мирејќи ги со префинетите цртачки структури и менталната предлошка, кои директно ја допираат светлината со темнината на човековата подвсест.

Прецизното рушење на раличните скалила на типови на реалност изразени преку високи хроматски температури и композиционалната напрегнатост визави композиционалната смираност ги бележат примарните ликовни иницијации кај делата на Марко Вујисиќ. Просторност постанува материја на формалните просторни конструкции, каде визијата и креацијата пробудуваат една нова форма на репрезентирање на пејсажите и урбаните средини.

Тројцата уметници се членови на ДЛУМ и учестувале на бројни изложби во земјата и во странство.

20211015_131542.jpg 20211015_131222.jpg 20211015_131401.jpg 20211015_131356.jpg 20211015_131406.jpg 20211015_131330.jpg 20211015_131321.jpg 20211015_131211.jpg 20211015_131344.jpg 20211015_131341.jpg 20211015_131234.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложбата „Асоцијации“ од Росица Лазеска отворена во Прилеп

Синоќа во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“во Прилеп беше отворена изложбата „Асоцијации“ од уметницата Росица Лазеска, која се претставува со 29 цртежи. За творештвото на Лазеска говореше Викторија Димеска, историчар на уметност, која посочи дека колажните композиции на Лазеска изобилуваат со интимни сензации и автентични имагинативни форми, облици и знаци – реконструкции на внатрешни, асоцијативни и мисловни процеси.

-Ликовните структури дејствуваат автономно со динамична експресивна можност, креирајќи ја траекторијата на движења на соседните имагинативни ентитети. Делата на уметницата продираат низ процесот на свесниот разум и се врежуваат во меморијата на оној кој ја набљудува композицијата. ...Исклучителноставо творештвото на Лазеска не само што се припишува на нејзината артистичка способност да создаде разнообразен ликовен јазик, туку се темели и на креативната можност да го материјализира и претстави процесот на интроспективно освестување, односно будење на себството. Во суштина, идејата за отелотворување на процесот на создавање или будење на свесноста како најинтимен процес на човековиот ум, преку ликовниот јазик, ја доближува уметницата до обидите за интерпретација на свесноста од страна на современите филозофи – посочи Димеска на отворањето на изложбата на Лазеска.

Росица Лазеска дипломира на Архитектонскиот факултет во Скопје 1986, на ФЛУ Скопје отсек графика во 1992, од кога е и член на ДЛУМ. Во периодот од 1993-1995 работи на изработка на неколку поштански марки. Добитник е на бројни награди, меѓу кои и на Гранд При на 2 - то Интернационално графичко триенале во Александрија, Египет во 1996година. Реализирала повеќе самостојни и групни изложби во земјата и во странство.

4.jpg 2_foto.jpg thumbnail3.jpg Rosica_Lazeska_1.jpg 5_foto.jpg 1.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share
Изложба „Прогрес“ од  Методија Јорданоски
Во Ликовната галерија е отворена изложбата „ Прогрес“ од нашиот уметник Методија Јорданоски, кој се претставува со 15 дела.( 17.09. - 30.9.2021). Изложбата е поддржана од Министерството за култура, а ја отвори уметникот Дарко талески.
Јорданоски вели дека отсекогаш ја поврзувал уметноста со егзистенцијализмот, со филозофијата, а особено особено внимание му привлекувале минимализмот како уметнички правец, затоа што покажува многу со малку елементи.

- Филозофите од друга страна, кажувале многу со толку малку зборови. Имаме многу да покажеме, а толку малку покажуваме на светот. Во секој минималист се крие една мрзелива личност со големи идеи. Успева да допре до луѓето баш поради тоа заедничко чувство кое го делат. Всушност секогаш поврзаноста на едно дело со набљудувачот е заедничко чувство. Чувство на меланхолија, среќа, вознемиреност. Токму оттука уметноста е субјективна, затоа што авторот е комплексно суштество од збир на сите чувства и емоции кои гледачот ги препознава во себеси. Ги препознава, но не секогаш ги изразува. Сите ние го имаме чувството на мрзеливост, извор од кој доаѓаат изговорите за најголем дел од работите кои сме можеле, а не сме ги направиле, за потенцијалот и идеите кои сме можеле да ги искористиме, а не сме. Како и во животот, и во уметноста прогресот е некогаш поттикнат од уништување и самоуништување. За да биде пеперутката пеперутка, прво мора да е гасеница. Можеби не сме свесни дека понекогаш токму нашата автодеструктивност е само премин кон поголемо ниво на свест, кон нови идеи, кон сосема нов поглед на нештата, на свет кој ни бил пред очи, а сепак невидлив. Во делата се претставени емоционални и егзистенцијални состојби на човек, губење на себеси за повторно пронаоѓање и така во круг, се со цел движење на бесконечниот прогрес – потенцира уметникот.

Методија Јорданоски,завршил ФЛУ во Скопје. Работи како графички дизајнер. Има учествувано во повеќе групни изложби во државата и надвор. Номиниран е финалист на осмиот Интернационален конкурс за студентски плакат, Скопје - Enabled for Disabled .

4.jpg 1.jpg 2.jpg 3.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
Повеќе Артикли...
  • Изложба „Човек – број“ од Стефан Анчевски
  • Изложба „Светлина“ од Марта Макеска
  • Изложба „Позадини“ од Бојана Артиновска Трпческа
  • Изложба „19“ од Христина Зафировска
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 2 од 25

Изработено од Бучевски Дејан