• Дома
  • За Нас
  • Биографија
  • Правилници
  • Документи и извештаи
  • Јавни набавки
  • Контакт

Одбери Јазик

Macedonian English French German
Get Adobe Flash Player

MC logo pozadina crna

Претходни новости

  • Новини

Театар

  • Репертоар
  • Премиери 2022
  • Премиери 2021
  • Премиери 2020
  • Премиери 2019
  • Премиери 2018
  • Премиери 2017
  • Премиери 2016
  • Премиери 2015
  • Премиери 2014
  • Премиери 2013
  • Премиери 2012
  • Премиери 2011
  • Меѓународни Награди 2011
  • Актери во театарот
  • За Театарот
  • Видео претстави

Кино - Мис Стон

  • Репертоар

misston

Сценско Музичка Дејност

  • КУД Моминок
  • Октет Прилеп
  • Танцово студио ЗОДИЈАК
  • Младинско Драмско Студио МДС

Стремеж

  • Нов Број

Ликовно Галериска Дејност

  • Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2008
  • Венециско Биенале
  • Видео - Изложба Дрен 2012
  • Видео - Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2013
  • Ликовна колонија Дрен 2014
  • Ликовна колонија Дрен 2015
  • Ликовна колонија Дрен 2016
  • Ликовна колонија Дрен 2017
  • Ликовна колонија Дрен 2019
  • Ликовна колонија Дрен 2020
  • Ликовна колонија Дрен 2021

Фестивали

  • МТФ "Војдан Чернодрински"
  • ФИНПИ “Пеце Атанасоски“
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

PDF Печати Е-пошта
Share

„Приказни од дворот“ – изложба од Симонида Филипова Китановска

На 4 декември 2020 во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ беше отворена изложбата „Приказни од дворот “ од уметницата Симонида Филипова Китановска, која пред прилепчани се претстави со 40 акварели.

Според Тони Китановски „уметностапретставенаовдее старзанает на мешањенапигментсовода и сликањесонегонахартијанаправенаодпамук.

-Таа е самоодржлива (најслушаниотзборкогасеобидувамеда го поправимесèштодосегауништивмевоприродата), уметноствочистаформаштонебараекспликација.И што е најважно– замислена е воумотнауметникотпреддазапочнечинотнасликање.Уживајтевошоуто и вемолиме, грижетесезавашиотдвор и живиот свет вонего – вели Китановски

Симонида Филипова Китановска е активен професионален уметник и член на ДЛУМ од 1988 . Нејзината уметничка кариера е константно обележана со бројни меѓународни и домашни претставувања на самостојни и групни изложби.Самостојно излагала во националните галерии во земјава ( Даут Пашин Амам, Мала Станица..) но и во странство.Добитник е на бројни домашни и меѓународни награди.

Последниве години нејзиното творештво речиси исклучиво е во техниката акварел. Покрај бројните претставувања на светската сцена често е поканета и да ја презентира својата специфична техника на изразување.Во долгогодишната кариера успешно се изразувала во повеќе визуелни медиуми: инсталација, масло, перформанс, графика, видео арт...

DSCN2833.JPG DSCN2817.JPG DSCN2813.JPG DSCN2815.JPG DSCN2818.JPG DSCN2816.JPG


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

„Од меморијата“ изложба од Беди Ибрахим

„Од меморијата“ е тематската изложба од уметникот Беди Ибрахим што e отворена во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ .( 20.11. до 3.12.2020)

Конча Пиркоска вели дека самиот наслов на изложбата „Од меморијата“ на Беди Ибрахим, нѝ  реферира на некои временски фрагменти, на акумулирани сеќавања кои се суптилно впишани во  авторовиот  ментален и емотивно визуелизиран дневник.

IMG_20201120_120040.jpg IMG_20201120_115937.jpg IMG_20201120_115945.jpg IMG_20201120_121734.jpg IMG_20201120_121759.jpg IMG_20201120_120034.jpg

- Сегашниот избор од страниците на  дневникот, авторот  нѝ го селектира  на девет   различно интонирани реди мејд предмети. Инсистирајќи на нивната изворна морфологија, само со минимална скулпторска и колористичка интервенција и комбинација, авторот на скулптурите и објектите, ќе им ја додели улогата на наратори. Тие, самите за себе, ќе нѝ говорат за нивната функција во времето на нивното време, но и за нашиот индивидуален и колективен заборав. Оттука, во фонот, во потекстот на делата: „Семејно стебло“, „Земја и леб“, „Исчекор“, „Виртуелно огледало“, „Илузија“, „Невестински ковчег“, „Танц“,  авторот во извесна смисла, и себеси ќе се препознае и презентира како конаратор, соучесник, кој ќе ја надополни играта на  нараторите  што се одвива помеѓу имагинацијата и реалноста. Низ ремеморирањето, ќе нѝ ги (пре)раскаже нивните различни приказни, потсетувајќи ги набљудувачите на некои битни универзални пораки...Со овој интердисциплинарен скулпторско-сликарски концепт   не само што ревносно ја доградува неговата лична креативна архитектура на времето, туку  Беди Ибрахим, низ  создавањето нѝ реферира на неговото длабоко разбирање и почитување на законите на редот кои владеат со космичкиот принцип, со принципот на нераскинливата врска на времето минато со времето  сегашно – вели Пиркоска за изложбата на уметникот.

Беди Ибрахим дипломирал на ФЛУ на одделот за скулптура. Бил член на групата „Зеро“. Во 1991г. престојувал на Универзитетот Мимар Синан во Истанбул, како и во ателјето на познатиот архитект Џенгис Бекташ .Во 1992 г. престојувал на Јилдиз Универитетот во Истанбул каде вршел истражувања во Кападокија. Во 1997 г. бил единствен претставник од Македонија на Меѓународното биенале во Истан­бул. Од 1999-2001 г. бил директор на Турската драма. Од 2002 до денес работи на ФЛУ како редовен  проф. на вајарскиот оддел и актуелен декан на ФЛУ. Во еден мандат бил и продекан за настава. Освен со скулптура се занимава и со сликарство и сценографија. Досега има реализиран над 20  самостојни изложби во земјата и во странство и бројни групни учества на локалната и меѓународната сцена. До­битник е на три наци­онал­ни и меѓународни награди. 


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

ИЗЛОЖБА „ЛУНАРНО- СОЛАРНО, КАМЕНО - МЕТАЛНО, КЛИН“ ОД ДАМЈАН  ЃУРОВ

Изложбата „Лунарно- соларно, Камено - Метално, Клин“ од Дамјан Ѓуров, е поставена во Ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“. Поставката е симбиоза на три циклуси преку техничка и идејна концепција.

Во циклусот Лунарно-Соларно се потенцира на потребата за симболичко доживување на светот и неговиот космоген карактер, додека пак во циклусот Камено-Метално време се навраќа повеке на земскиот карактер и поопипливо ја доловува земската и архаична димензија кај човекот, за на крај во последниот циклус Клин, на сосема различен пристап а сепак симболички, да го соочува човекот со егзистенцијалните проблеми и неговото присуство во општество.

- Циклусите Лунарно-Соларно и Камено-Метално време имаат еден сличен пристап во начинот на кој се комбинираат матријалите и нивното спојување.Симболиката се проткајува низ делата од двата циклуси и преку спојувањето на матријалите и преку идејната концепција.Видно е изоставен фигуративниот приказ на човекот. Во циклусот КЛИН навестувам едно ново поглавје. Од технички аспект во смисла на матријалната концепција, (мислам на комбинирањето на различни матријали)но и преку фигуративниот наративен приказ на анатомијата и самиот човек. Во целата оваа симболичка и историска вертикала, главниот чинител и создавач е човекот и преку него продолжувам да ја толкувам мојата приказна (концепција). Сите овие циклуси имаат за цел да се долови развојот на една мисла како во идејна така и во техничка смисла – вели уметникот Ѓуров.

Дамјан Ѓуров, дипломирал на ФЛУ во Скопје на одделот за скулптура,во класата на професор Беди Ибрахим - насока Керамика. Реализирал самостојни и групни изложби и учествувал на повеќе ликовни колонии.

IMG_20201113_120636.jpg IMG_20201113_120506.jpg IMG_20201113_120700.jpg IMG_20201113_120614.jpg IMG_20201113_120442.jpg IMG_20201113_120644.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

fantazija

 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба „Без наслов“ од Касиопеја Наумоска

Во Ликовната галерија е поставена изложбата на слики „Без наслов“ од уметницата Касиопеја Наумоска, која ќе се претставува со 20 дела. (20.10 до 2.11.2020)

Биографија

Касиопеја Наумоска од 2016г. - Магистер по Студии на култура, а 1993г.- Дипломира на ФЛУ во Скопје.Има повеќе самостостојни и групни изложби во и вон Македонија, и повеќе награди.

Д-р Васко Шутаров за уметноста на Наумоска ќе забележи - ... „Зошто ја сакам Каси и нејзината уметност. Има многу “и” за тоа. И-со голема буква. Искреноста во нејзиниот пристап кон уметноста што ја твори. Играта со која владее совршено. Играта на детето во неа, со строгиот Учител над неа. Играта на освоените слободи и заробените страсти во нив. Играта на темното и светлото, на машкиот и женскиот принцип, на рационалното и ирационалното. Интегритетот на сите тие крајности, од кои пресоздава складна композиција. Импулсивноста во играта на линии и форми. Импресивноста со која ја облагородува сопствената експресија и провоцира трајни импресии кај својата публика. Изненадувањата, кога без посебна најава од византиски и шекспировски опскурни амбиенти прегрнати во пурпур, нè пренесува во осветлен раскош од пејзажни амбиенти. Во бои на кои ни небото прегрнато во индиго не им претставува лимит. За Исклучителноста како уметник и ликовен педагог. Како човек, мајка и другариште. За Инспиративноста со која ги дарува сите љубители, не само на ликовната уметност. Бидејќи нејзината уметност и не е само ликовна. И уште многу други И, за многу други добри прилики. А за Прилеп и нејзината трајна љубов поврзана со него, доволно е да се фрли летимичен поглед на бројните изложби во серијалот изложби кои низ годиниве на градење препознатлив имиџ и статус на голем сликар, токму овде во овој град ги има релизирано. Тоа се трајни нишки на една силна емоција и конекција. Меѓу Градот и Касиопеја. Уште што и посакувам? Да дочека многу повеќе спокојни времиња за себе и своите сакани. И посебно добри и спокојни времиња за нејзината прва љубов-сликарството. Да го преоткрива и во годините на зрело доба, она што публиката и го очекува од неа. Она што Оља го нарекуваше, вечност во сегашноста. И да ни го предава нам и на новиве генерации, оној допир од божествениот талент со кој привилегирано токму таа била дарувана. Родениот Уметник. Касиопеја Наумоска.“.

122299949_670677390275884_368250670318300925_n.jpg 7.jpg 122319671_403096320694759_5680289801018610604_n.jpg 122016599_3601588053198042_3699146733419385918_n.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

„Недефинирана кодификација “ - изложба на скулптури од Слободан Милошески

Во Ликовната галерија отворена е изложбата на скулптури од галериски формат насловена „Недефинирана кодификација“ од авторот Слободан Милошески. (9.10 – 19.10. 2020)

Слободан Милошески критичарите на уметноста го сметаат како еден од најдобрите македонски скулптори, кои спаѓаат во групата уметници што работат во доменот на апстракно минималистичкиот концепт, поради тоа што користи едноставни геометриски форми и индустриско-импровизирани материјали за создавање дела од различити размери.

- Неговата минималистичката скулптура дава импресија на строгост и рационалност која се потпира на однапред спремени постулати и идеи логично артикулирани.Милошески користи геометриски цврсти материи во скулптурата, но крајниот импакт не е тврд или статичен. Всушност, кога ги гледате неговите скулптури од неколку агли тие не одаваат впечаток на совршена поставеност, туку се “потпираат“, “навалуваат“ и “искривуваат“ во неочекувани позиции. Ваквата “конструкција“ на овие скултури има дава човечки аспект и духовна страна. Покрај нив се добива чувство на вибративно движење и тактилност која доаѓа од нагласените прави линии и мрежи во повеќето минималистички дела. Очигледано дека уметникот ја реализирал неговата основна замисла делото да биде “спроводник за духовни работи“ и како целта да му е „скулптурата да биде на работ од соништата“ – вели историчарот на уметност проф. д-р. Џемил Бектовиќ во својата критика по повод оваа изложба.

4.jpg 1.jpg 2.jpg 5.jpg

Слободан Молошески во 2009 година дипломира на ФЛУ во Скопје на вајарски оддел, а магистрира на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторира на Национална уметничка академија во Софија, Р.Бугарија, на катедра „Скулптура“. Досега има реализирано 22 самостојни изложби , а учествувал на повеќе од 70 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на 13 награди и признанија, од кои најзначајни се наградата за скулптура „Јордан Грабул“ доделена од Друштво на ликовни уметници на Македонија во 2012 и 2015 година, како и наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“ исто така доделена од ДЛУМ во 2014год. Во неговата биографија се забележливи реализираните скулптури во јавен простор. Член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментот работи како доцент на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА ОД ДЛУП

Во ликовната галерија, во присуство на повеќемина уметници, претставник од ЛС, гости, беше отворена годишната изложба на дела од ДЛУП. (25.09.- 9.10.2020)
Со свое творештво се претставуваат 21 уметник - член на ДЛУП.
Со дела се претставуваат Доајените на уметноста во градот Васил Костов и Кирил Гегоски, потоа Методи Исков, претседател на ДЛУП Давид Атанасоски, Верче Николоска, Лепа Милошевска, Александар Џинго, Ферди Булут, Елена Димоска, Марта Макеска, Дарко Талески, Анита Сотироска, Александра Богоеска, Марија Ѓорѓиоска, Павлинче Илиоска, Бојана А. Трпческа, Кирил Гегоски, Емил Димоски, Емил Солески, Филип Перески, Михајло Ристески и Ристо Тошески.
120271763_3321346777945769_5013942652985891088_o.jpg 120276490_3321343184612795_2971060383333367864_o.jpg 120261109_3321345127945934_8064866387156372011_o.jpg 120100690_3321344534612660_6037519198615430318_o.jpg 120302166_3321349404612173_3324588188299909053_o.jpg 120152409_3321344687945978_315536908680561959_o.jpg 120303181_3321344611279319_1358845451570383391_o.jpg 120321158_3321344394612674_6533578214983074373_o.jpg 120253795_3321343611279419_6108435587716704298_o.jpg 120217203_3321344711279309_2749744547338653363_o.jpg 120272643_3321341667946280_2016322433634669932_o.jpg 120122432_3321348504612263_7049943760538821376_o.jpg 120168684_3321348971278883_1660536822351201145_o.jpg 120189356_3321344881279292_1503514582397896365_o.jpg 120312594_3321344741279306_3906152099416859646_o.jpg 120263243_3321344401279340_1402756581542329380_o.jpg 120293311_3321349147945532_8920732104082537502_o.jpg 120244248_3321344307946016_7255528405032965137_o.jpg 120269550_3321345647945882_8922384042154726767_o.jpg

AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ ОД РОБЕРТ ЈАНКУЛОСКИ

Во ликовната галерија (11.9.-24.9.2020), според сите протоколи за заштита, отворена е изложбата “Инстант семејства-мултипликација на љубовта” од Роберт Јанкулоски во која авторот го истражува актуелниот општествен контекст на Скопје, градот во кој живее и работи, а кој е пример, а воедно и жртва на последиците од распадот на поранешната држава.
Преку фотографијата го прикажал скопскиот јавен простор во кој одредени објекти и згради изгледаат како макети, компјутерски вметнати во композицијата, со лажни привремени фасади. Ги искористил и манипулативните можности на новите технологии во фотографијата и методот на инсценирање сместувајќи луѓе во туѓ амбиент.

Интересни фотографии кои се предизвик за јавноста.

Роберт Јанкулоски, кој живее и работи во Скопје, дипломирал на ФДУ – Скопје, отсек камера во 1996 година. Магистирал на ЕСРА и основач на Македонскиот центар за фотографија. Реализирал 36 самостојни изложби и учествувал на голем број групни, во земјата и во светот. Добитник е на неколку награди од областана визуелните уметности и филмот и носител на титулата Витез од областа на уметноста и книжевноста, доделен од Министерството за култура на Франција. Работи како професор и декан на ФФУ при при универзитетот “Еуропа Прима” во Скопје.

4.jpg 6.jpg 1.jpg 2.jpg 5.jpg 3.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на дела „Микроманипулации” од Владимир Здравески

Во ликовната галерија е отворена изложбата „Микроманипулации” од уметникот Владимир Здравески. (27.8. – 10.09.2020)

Ова е прва самостојна изложба на Здравески, кој нуди девет дела кои се последица на  истражување на микроскопски записи од разни органи  и други ситуации кои се дел од микросветот.

Изложбата ја отвори поетот Филип Димкоски кој посочи дека целосниот концепт на изложбата е издржан од повеќе аспекти и тоа користените материјали за создавањето на делата, формата и боите.

-Сите заедно јасно ни ја даваата втората порака што зборува дека уметникот осознал и јасно го прикажува осознаеното без да не става на мисловно и емотивно распаќе. Влакненцата на јутата, конопот и хартијата префинето ја претставуваат идејата. Како форма преовладува кругот-создател на целината, симбол на совршенството, како што впрочем пее и Петре М. Андреевски „Тркалезно е и семето што го засејуваш во нивата” (од песната Тркалезни форми). Тркалезното семе го раѓа тркалезниот леб кој го храни тркалезниот свет. Боите пак, и во ѕиднитеобјекти и во фотографиите се складни и во контекст на она што се сака да се каже, а  веројатно секој восприемач и низ боите и низ делата во целост ќе се препознае, ќе се запраша, ќе се дооткрие и ќе го збогати делото со уште едно ново видување, чувствување и размислување –посочи Димкоски.

Здравески е член на ДЛУМ. Учествувал на повеќе групни изложби во земјата и во странство, а минатата година ја доби наградата „Борко Лазески” за инвентивни достигнувања во областа на сликарството, од Факултет за ликовни уметности, Скопје.

DSCN2720.JPG DSCN2676.JPG DSCN2674.JPG DSCN2678.JPG DSCN2680.JPG DSCN2669.JPG


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на слики од Драган Најденовски

„Ликовни предели“ е тематската изложба отворена во ликовната галерија од Центарот, ( 7.8.- 221.8.2020) на која со дела се претставува македонскиот уметник Драган Најденовски.

Според писателот Панде Манојлов, со своите најнови ликовни дела работени во масло на платно, молив на хартија, пастели или оние маслени пастели комбинирани со молив на хартија, од неговиот циклус од „Ливадата на музите“, во неговите „Предели“ создава нешто исклучително уметнички вредно... Неговите слики на уверлив начин сами од себе зборуваат дека знаат да светат и кога сонцето се помрачува во ликовната татковина на уметникот.

- Симболично и модерно е ликовното творештво на Драган Најденовски. Секоја негова слика е светлина и реална но и далеку поапстракна што зрачи и осветлува скриени ликовни простори од ова поднебје. Тие се прекрасни предели во замислената иреална “Ливада на музите“, бајковито насликани со филозофско-фантастичен набој со магичен и метафоричен ликоен израз силно и цврсто потпрени на имагинацијата на авторот. Поетизам, лиризам, естетизам, складност на бои, се е збрано во овие слики од најновото ликовно творештво на Драган Најденовски презентирани на изложбата. И сето тоа зборува за неговите уметнички вредности, за неговиот ликовен стил и израз, автетичен и препознатлив вели Манојлов.

4.jpg 6.jpg 1.jpg 2.jpg 5.jpg 3.jpg

ДРАГАН НАЈДЕНОВСКИ е самостоен ликовен уметник, член на ДЛУМ и ДЛУБ, со

над 40 самостојни изложви, учесник на многу групни изложби и графички манифестации во Македонија и светот....на многу домашни и меѓународни ликовни колонии -добитник на вредни награди.....

2017 награда на град БИТОЛА-4 НОЕМВРИ ЗА УМЕТНОСТ

 


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

ПО СЕДМИ ПАТ ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ „ЈОРДАН ЗАЗОСКИ ЗАЗО“

Во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ е отворена изложбата на фотографии „Јордан Зазоски – Зазо“ што ја реализира Фото кино клубот Прилеп. Изложбата е традиционалална поставка која годинава се реализира по седми пат.

На изложбата се изложени над 6о фотографии, дела кои покажуваат во кој правец одат заложбите на клубот во полето на уметничката фотографија во нашиот град, и колкав е напредокот во изминатата година.

Изложбата се одржа спрема протоколите за одржување на културни настани -  во еден момент можеа да ја погледаат до 20 посетители кои носеа маски, а претходно ќе им беше мерена температура и ги дезинфицираа рацете.

116564972_3150442311702884_688458225534173333_n.jpg 116791218_3150441245036324_1448240511084140442_n.jpg 116871206_3150440561703059_1837132657516593626_n.jpg 116598487_3150441598369622_6050569475532401970_n.jpg 116831986_3150441781702937_5242111391423323493_n.jpg 116443759_3150441701702945_2502503385214613627_n.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

ИЗЛОЖБА „ВИЗИИ ОД ДЕТСТВОТО“ ОД ГОРАН БОЕВ

Според сите протоколи за заштита и превенција од корона вирус, во ликовната галерија е отворена изложбата на слики „Визии од детството“ од уметникот Горан Боев. (17.07.2020 – 30.07.2020). Уметникот се претставува со над 20 слики на кои тема е детето, цвеќето и др. фигури кои го аосцираат на детството.

109816273_3109357945811321_7134977771808015520_o.jpg 109412932_3109358415811274_5091616002117369320_o.jpg 109474234_3109357782478004_8878480109329684427_o.jpg 110022251_3109358849144564_8745856733671873213_o.jpg 110140618_3109358769144572_8349528977528030309_o.jpg 3.jpg

Изложбата ја отвори уметникот Владимир Темков, кој потенцираше дека Боев има сензибилно и креативно творештво и дека тој е претставник на една нова генерација која донесува нови текови во уметноста.
Авторот вели дека делата се портрет на едно минато време, на неговото детство.

Боев е уметник од Кавадарци. Завршил ДЛУ и магистерски студии во Скопје. Работи како наставник по ликовно во Кавадарци.Слика и црковен живопис и иконографија. Досега има десетина самостојни и повеќе групни изложби во земјава и во странство.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба од Златко Крстевски

,,Terra Incognita,, е тематската изложба од 22 дела од прилепскиот уметник Златко Крстевски поставена во изложбениот салон. (6.02. до 25.02.2020)

Уметникот изложува 22 дела - слики масло на платно работени во периодот od 1990-2020 година.

Делатасесосilna vizuelna sugestija kade se isprepletuvaat sonot i imaginarnoto. apstraktnoto i figurativnoto pome|u ~istiot izraz i prikaznata za ,,Terra Incognita“.Iinspiriran od srednovekovnoto вizantisko slikarstvo, koristej}i go plavetniloto i okerot kako mediteranski znak za izrazuvawe создадени се овие дела.

Крстевски реализирал бројни изложби во земјата и во странство, учесник е колонии , застапен е во арт антологии, реализирал бројни перформанси и добитник е на повеќе награди во земјава и во странство.

Освен сликарството, уметничка преокупација му е и сатиричниот цртеж, стрипот и карикатурата.

84596769_185423766027135_1288971427000614912_n.jpg 84120481_782493398904830_2469454484070203392_n.jpg 84173176_2796728613777874_5296710259639844864_n.jpg 84767172_937274650001290_6836023016653062144_n.jpg 84825653_123950155601546_975486243716464640_n.jpg 84548107_1291942981014972_627138385688920064_n.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share
Изложба на дела од Колонијата Дрен 2019
Вo ликовната галерија од Центарот е  отворена изложба на дела создадени на 11-та ликовната колонија Дрен 2019. Изложени се 20 дела од Александар Џинго, Драган Верговски Алпи, Бојана А. Трпческа, Марјан Стојаноски, Верче Николоска, Васил Костов, Тони Чатлески, Атанас Атанасоски, Давид Атанасоски, Дарко Талески, Методи Исков и Марта Макеска кои твореа на годинашната колонија, што се одржа во ноември во ликовното ателје на Центарот.

Колонијата, се реализираше со поддршка на Министерството за култура, а делата што се создадени се дел од наследството на ЦК„Марко Цепенков“, кој има завидна колекција на уметнички дела од претходните колонии.

80713619_741767476317718_3935338474441277440_n.jpg 81555345_458131195119642_248773911762698240_n.jpg 80082351_2550869731904540_4553357072602759168_n.jpg 81006883_739341976563722_415658211828301824_n.jpg 79925886_2794306637288563_9223147538914213888_n.jpg 80720101_463095381064107_6153573917572202496_n.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
Повеќе Артикли...
  • Изложба „музички орнаменти“ од Емил Солески
  • Изложба „Седумте архангели“ од Стефан Малбашиќ
  • Изложба „Поеми“ од Соња Димовска
  • Изложба „Фрагменти“ од Жарко Башески
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 3 од 25

Изработено од Бучевски Дејан