• Дома
  • За Нас
  • Биографија
  • Правилници
  • Документи и извештаи
  • Јавни набавки
  • Контакт

Одбери Јазик

Macedonian English French German
Get Adobe Flash Player

MC logo pozadina crna

Претходни новости

  • Новини

Театар

  • Репертоар
  • Премиери 2023
  • Премиери 2022
  • Премиери 2021
  • Премиери 2020
  • Премиери 2019
  • Премиери 2018
  • Премиери 2017
  • Премиери 2016
  • Премиери 2015
  • Премиери 2014
  • Премиери 2013
  • Премиери 2012
  • Премиери 2011
  • Меѓународни Награди 2011
  • Актери во театарот
  • За Театарот
  • Видео претстави

Кино - Мис Стон

  • Репертоар

misston

Сценско Музичка Дејност

  • КУД Моминок
  • Октет Прилеп
  • Танцово студио ЗОДИЈАК
  • Младинско Драмско Студио МДС

Стремеж

  • Нов Број

Ликовно Галериска Дејност

  • Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2008
  • Венециско Биенале
  • Видео - Изложба Дрен 2012
  • Видео - Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2013
  • Ликовна колонија Дрен 2014
  • Ликовна колонија Дрен 2015
  • Ликовна колонија Дрен 2016
  • Ликовна колонија Дрен 2017
  • Ликовна колонија Дрен 2019
  • Ликовна колонија Дрен 2020
  • Ликовна колонија Дрен 2021

Фестивали

  • МТФ "Војдан Чернодрински"
  • ФИНПИ “Пеце Атанасоски“
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

PDF Печати Е-пошта
Share

Изложбен салон НУЦК„Марко Цепенков”

НОСТАЛГИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА И МОДАТА

{rokbox album=|albumname|}images/salon/*{/rokbox}

( 3 септември ) Модниот и арт дозајнер, Ита Аџиеска, пред прилепската публика, со дваесетина платна во масло, во обид да ја претстави носталгијата за родниот крај и модата. Оваа е прва самостојна изложба на Аџиеска и ја потврдува нејзината осумнаесетгодишна креативна работа. Досега свои дела изложувала и во Скопје, Њујорк, Лондон, Стенфорд и Нотингем.

 

 
PDF Печати Е-пошта
Share

 

Изложба на ДЛУП



(16 јули) Во изложбениот салон на НУЦК„Марко Цепенков” од петок, шенаести јули, поставена е изложба на дел од членовите на Друштвото на ликовни уметници од Прилеп. Ова е првата од неколкуте поставки кои ќе следуваат и ќе овозможат поголема јавност, промоција и презентација на прилепските сликари, вајари, графичари.

 
PDF Печати Е-пошта
Share

 

Изложба на Трајко Тошевски


(9 јули) Од 9 јули во Ликовната галерија поместени се дваестина слики - масло на платно на академскиот сликар Трајко Тошевски. Сликите се работени во техниката масло на платно и се дел од најновото творештво на Тошевски. Се работи за сликарски израз сведен на знаци и симболи поставени во разни контексти и позадини. Изложбата е подржана од Министерството за култура на Република Македонија.



 

 
PDF Печати Е-пошта
Share

Од 25 јуни во Ликовната галерија


Изложба на икони


Прилепчанецот Орде Стамболџиоски, по четврт пат пред прилепската публика поставува 32 икони работени во последните пет-шест години. Иконите се работени во византиска техника на дрво и платно, според цковните канони, сликани со масло со метал. Стамболџиоски освен самостојните изложби во својот роден град изложувал и во Битола и Охрид, а учесник е и на неколку групни изложби.



 
PDF Печати Е-пошта
Share


„Де Ниро” во Ликовниот салон



(4 јуни) Дела од Меѓународната ликовна колонија „Де Ниро” од Битола поместени во изложбениот салон на НУЦК„Марко Цепенков”. Застапени се триесетина автори од земјава и странство кои минатата година твореле на оваа колонија. Од 2005 година на „Де Ниро” учествувале над 70 уметници од земјава и странство, создадени се над 300 уметнички дела, а реализирани 23 изложби.

 
PDF Печати Е-пошта
Share

„ЛИНК” од Жарко Башески во Ликовната галерија


(4јуни) Нова концептуална уметност како ретко и несекојдневно доживување за прв пат пред прилепската јавност. Во Ликовната галерија поставена изложба под име „Линк”- три скулптури од вајарот Жарко Башески, работени со полиестер и силикон. Скулптурите се човечки фигури, две предимензионирани портрети, а едната е минимизиран автопортрет. Скулптурите на Башески се новина на македонската уметност по начинот на изработка, употреба на материјал, димензии. Делата се вбројуваат во рамките на реализмот, а секоја скулптура има своја приказна и е изведена до перфекција. Жарко Башески е автор на голем број споменици (монументални дела) и е добитник на осум меѓународни и нациомални награди.

Башески е автор на скулптурите-коњаници на Гоце Делчев и Даме Груев, а трет пат самостојно се претставува во родниот Прилеп.

 
PDF Печати Е-пошта
Share

 

Изложба на Наде Тоскоска и Драгомир Михајлоски



Пејзажи, портери, икони... или вкупно 30 ликовни дела кои за Драгомир Михајлоски-Пижа се дел од богатото 35 годишно творештво, а за Наде Тоскоска ликовно деби, од 20-ти мај изложени во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков”. Татко и ќерка на прва заедничка изложба за да ја потврдат љубовта и задоволството што преку сопствениот талент им ја овозможува сликањето. Драгомир Михајлоски-Пижа зад себе е со шест самостојни и многубројни групни изложби, а Наде Тоскоска очекува потврда на својот талент и многу изложби во иднина.

 

 
PDF Печати Е-пошта
Share

 

Живот во кутија - фотографии



Тематска изложба на фотографии од Драги Неделчевски, од сабота ,15 мај, поместена во Центарот за култура. Изложени се 40 црно-бели фотографии дел од фото есејот за неговото дете Мане, заболено од церебрална парализа.

Многу храбро Неделчевски преку објективот се обидува да создаде фотографски екстракт од секојдневното битисување на Мане и семејство.

Прв пат се претставува во Прилеп, а изложбата и книгата „Живот во кутија” е дел од проектот на Македонскиот центар за фотографија, подржан од Швајцарската програма за култура.

 

 
PDF Печати Е-пошта
Share

 

Изложба на фотографии од Андон Давчев


Од 7-ми мај , петок, во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков” ќе биде поставена изложбата на фотографии од професионалниот фоторепортер Андон Давчев. Изложени се 40-тина фотографии од циклусот посветн на единицата за брзо распоредување сили „Тигри” при МВР. Инаку, Давчев, 17 години работи како фоторепортер, има шест самостојни изложби и автор е на повеќе трудови од областа на фотоновинарството.


 

 
PDF Печати Е-пошта
Share

 

Од 30-ти април во Ликовната галерија

Изложба на Дејан Иванов-Маргуш


Дејан Иванов-Маргуш (1979) пред прилепската ликовна јавност се претставува со дваесетина дела работени во комбинирана техника во кои главно се внесени неискористени сликарски материјали и постапки. Авторот досега самостојно се претставил во Скопје, Струмица, Белград, а групно освен низ земјава изложувал и во САД, Франција, Србија, Хрватска и Бугарија.


 
PDF Печати Е-пошта
Share

 

Од 16 април во Ликовната галерија

„Пејзажите на Кирил Гегоски”


Со триесетина дела, кои претставуваат една ретроспектива на четиридецениско уметничко творештво, Кирил Гегоски (1944) повторно пред своите сограѓани. Концептот на изложбата е подготвен од историчарот по уметност Марика Бочварова Плававеска и има цел да се евидентираат придонесите на Гегоски во ликовната уметност. Акцентот е ставен на неговата понуда на иконичност на прилепските пејзажи, а изложбата се реализира во соработка со Дирекцијата за култура и уметност од Скопје, Музејот на современа уметност и е подржана од Министерството за култура.


 
PDF Печати Е-пошта
Share

 

26 март Ликовна галерија

Слики минијатури на Моника Десоска


Моника Десоска (1973) своите дела инспирирани од пејзажи во кои таа уживала како слики минијатиури ги претставува пред пребирливата прилепска ликовна публика. Делата се создавани во последниве шест години како одраз на фасцинантната природа, нејзината хармонија, тишина,врева, широчина... Нејзината склоност кон минијатурите се должи на интимноста кои тие ја одаваат и претставуваат едн микро свет инспириран од светот кој не опкружува.

 

 
PDF Печати Е-пошта
Share

 

Од 12 март во Ликовната галерија

Изложба на склуптури и слики од Симеон Арнаудов

Симеон Арнаудов (1943 г), академски сликар, по голем број самостојни и групни изложби, учество на ликовни колонии во земјава и странство, изложува и во Прилеп. Се претставува со 30 дела преку кои го потврдува сопствениот континуитет. Склуптурите на Арнаудов, се од камен блок кои се ослободени облици со органски белези кои ја имаат убавината на природата од која нстанале. Делата се составени од апстрактни рими на меко заоблени форми исклесани од едно парче мермер на чија површина се врежани линии чиј ритам е комлпементарен со внатрешниот ритам на склуптурата и надворешните линии на делото.

 
PDF Печати Е-пошта
Share

 

Од 5-ти февруари во Ликовната галерија

Прва самостојна изложба на Лепа Милошевска


Лепа Милошевска (1957, Прилеп) дипломиран историчар по уметност. Професор по ликовно образование . Се претставува со 25 дела работени во различни техники: акрил, туш, акварел. Милошеска е автор на многу дела кои досега ги презентирала најчесто на групни изложби. Освен што слика, пасија и е декорирањето, а се занимава и со ликовна критика.

 
Повеќе Артикли...
  • Биљана Ангелеска
« ПочетокПред212223242526СледноКрај »

Страница 25 од 26

Изработено од Бучевски Дејан