• Дома
  • За Нас
  • Биографија
  • Правилници
  • Документи и извештаи
  • Јавни набавки
  • Контакт

Одбери Јазик

Macedonian English French German
Get Adobe Flash Player

MC logo pozadina crna

Претходни новости

  • Новини

Театар

  • Репертоар
  • Премиери 2023
  • Премиери 2022
  • Премиери 2021
  • Премиери 2020
  • Премиери 2019
  • Премиери 2018
  • Премиери 2017
  • Премиери 2016
  • Премиери 2015
  • Премиери 2014
  • Премиери 2013
  • Премиери 2012
  • Премиери 2011
  • Меѓународни Награди 2011
  • Актери во театарот
  • За Театарот
  • Видео претстави

Кино - Мис Стон

  • Репертоар

misston

Сценско Музичка Дејност

  • КУД Моминок
  • Октет Прилеп
  • Танцово студио ЗОДИЈАК
  • Младинско Драмско Студио МДС

Стремеж

  • Нов Број

Ликовно Галериска Дејност

  • Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2008
  • Венециско Биенале
  • Видео - Изложба Дрен 2012
  • Видео - Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2013
  • Ликовна колонија Дрен 2014
  • Ликовна колонија Дрен 2015
  • Ликовна колонија Дрен 2016
  • Ликовна колонија Дрен 2017
  • Ликовна колонија Дрен 2019
  • Ликовна колонија Дрен 2020
  • Ликовна колонија Дрен 2021
  • Ликовна колонија Дрен 2022
  • Ликовна колонија Дрен 2023

Фестивали

  • МТФ "Војдан Чернодрински"
  • ФИНПИ “Пеце Атанасоски“
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

PDF Печати Е-пошта
Share

 

Од 16 април во Ликовната галерија

„Пејзажите на Кирил Гегоски”


Со триесетина дела, кои претставуваат една ретроспектива на четиридецениско уметничко творештво, Кирил Гегоски (1944) повторно пред своите сограѓани. Концептот на изложбата е подготвен од историчарот по уметност Марика Бочварова Плававеска и има цел да се евидентираат придонесите на Гегоски во ликовната уметност. Акцентот е ставен на неговата понуда на иконичност на прилепските пејзажи, а изложбата се реализира во соработка со Дирекцијата за култура и уметност од Скопје, Музејот на современа уметност и е подржана од Министерството за култура.


 
PDF Печати Е-пошта
Share

 

26 март Ликовна галерија

Слики минијатури на Моника Десоска


Моника Десоска (1973) своите дела инспирирани од пејзажи во кои таа уживала како слики минијатиури ги претставува пред пребирливата прилепска ликовна публика. Делата се создавани во последниве шест години како одраз на фасцинантната природа, нејзината хармонија, тишина,врева, широчина... Нејзината склоност кон минијатурите се должи на интимноста кои тие ја одаваат и претставуваат едн микро свет инспириран од светот кој не опкружува.

 

 
PDF Печати Е-пошта
Share

 

Од 12 март во Ликовната галерија

Изложба на склуптури и слики од Симеон Арнаудов

Симеон Арнаудов (1943 г), академски сликар, по голем број самостојни и групни изложби, учество на ликовни колонии во земјава и странство, изложува и во Прилеп. Се претставува со 30 дела преку кои го потврдува сопствениот континуитет. Склуптурите на Арнаудов, се од камен блок кои се ослободени облици со органски белези кои ја имаат убавината на природата од која нстанале. Делата се составени од апстрактни рими на меко заоблени форми исклесани од едно парче мермер на чија површина се врежани линии чиј ритам е комлпементарен со внатрешниот ритам на склуптурата и надворешните линии на делото.

 
PDF Печати Е-пошта
Share

 

Од 5-ти февруари во Ликовната галерија

Прва самостојна изложба на Лепа Милошевска


Лепа Милошевска (1957, Прилеп) дипломиран историчар по уметност. Професор по ликовно образование . Се претставува со 25 дела работени во различни техники: акрил, туш, акварел. Милошеска е автор на многу дела кои досега ги презентирала најчесто на групни изложби. Освен што слика, пасија и е декорирањето, а се занимава и со ликовна критика.

 
PDF Печати Е-пошта
Share

 

Од 26 февуари во Ликовната галерија

„Ангели” од Билјана Ангелеска


Билјана Ангелеска, академски сликар од Охрид, прв пат изложува во Прилеп. Се претставува со 15 дела, дел од циклусот „Ангели”, работен во период од 2 години,каде во целост или фрагментирано човечкото тело го претставува како ангел. Уметникот, ангелите, ги презентира на непредвидлив и несекојдневен начин, асоцијативно несвојствен за темата. Делата будат меланхолично мрачно чувство што е предизвикано преку тоналитетот на боите, положбата на телата и самата приказна раскажана во секоја слика поединечно.

 
« ПочетокПред212223242526СледноКрај »

Страница 26 од 26

Изработено од Бучевски Дејан