• Дома
  • За Нас
  • Биографија
  • Правилници
  • Документи и извештаи
  • Јавни набавки
  • Контакт

Одбери Јазик

Macedonian English French German
Get Adobe Flash Player

MC logo pozadina crna

Претходни новости

  • Новини

Театар

  • Репертоар
  • Премиери 2022
  • Премиери 2021
  • Премиери 2020
  • Премиери 2019
  • Премиери 2018
  • Премиери 2017
  • Премиери 2016
  • Премиери 2015
  • Премиери 2014
  • Премиери 2013
  • Премиери 2012
  • Премиери 2011
  • Меѓународни Награди 2011
  • Актери во театарот
  • За Театарот
  • Видео претстави

Кино - Мис Стон

  • Репертоар

misston

Сценско Музичка Дејност

  • КУД Моминок
  • Октет Прилеп
  • Танцово студио ЗОДИЈАК
  • Младинско Драмско Студио МДС

Стремеж

  • Нов Број

Ликовно Галериска Дејност

  • Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2008
  • Венециско Биенале
  • Видео - Изложба Дрен 2012
  • Видео - Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2013
  • Ликовна колонија Дрен 2014
  • Ликовна колонија Дрен 2015
  • Ликовна колонија Дрен 2016
  • Ликовна колонија Дрен 2017
  • Ликовна колонија Дрен 2019
  • Ликовна колонија Дрен 2020
  • Ликовна колонија Дрен 2021

Фестивали

  • МТФ "Војдан Чернодрински"
  • ФИНПИ “Пеце Атанасоски“
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба „музички орнаменти“ од Емил Солески

„Музички орнаменти„ е тематската изложба од десетина скулптури од прилепскиот уметник Емил Солески, отворена во ликовната галерија на ЦК„Марко Цепенков“. (13.12.2019...)

Се работи за изложба преку која академскиот скулптор Емил Солески создава апстрактно асоцијативни форми и облици во мермер.

Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност која посочи дека скулптурите на Емил Солески се сведени на елементарни структури со заоблена органска форма, чии асоцијативни содржини произлегуваат од вредноста на вајарскиот материјал, односно од карактеристиките на волуменот и масата.

80016864_2601594989920955_4202699926624272384_o.jpg 80209696_2601594049921049_6103232477046767616_o.jpg 79857464_2601594706587650_6726501075727155200_n.jpg 79545510_2601594979920956_4282620832687063040_o.jpg 79098413_2601593229921131_1952815084237488128_o.jpg 79385598_2601594729920981_8029835783898660864_o.jpg

-Стилизираните облци на компаkтната маса со природна структура асоцираат на форми кои се движат според одреден апстрактен ритам. Како резултат на редуцирањето и стилизирањето на природните форми, скулптурите оддаваат впечаток на надворешна раздвиженост. Овие прочитстени, јасни и едноставни облици асоцираат, односно симболизираат архаични и дамнешни примитивни звуци кои некогаш вдахнувале живот при секое нивно реализирање и отелотворување преку гласот, звукот и танцот – рече Димеска на отворањето на изложбата.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба „Седумте архангели“ од Стефан Малбашиќ

Во изложбениот салон синоќа (12.12.2019) беше отворена изложбата на икони „Седумте архангели“ од уметникот Стефан Малбашиќ од Битола.

Малбашиќ за првпат во современиот македонски иконопис креира ваква ликовна интепретација на фигурите на седумте архангелски претстави.
Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар по уметност.
- Малбашиќ создава автентична артистичка визија и соодветна ликовна интепретација, продолжувајќи ја зоографската традиција и мисија на византиските средновековни иконописци-рече Димеска, потенцирајќи дека во суштина архангелите во небесната хиерарија ја заземаат највисоката позиција, покрај тронот на Бог, спроведувајќи ги божјите закони, борејќи се против седумте смртни гревови и сочувувајќи ги душите за седумте божји дарови на светиот Дух.

malbasic3.jpg malbasic6.jpg malbasic2.jpg malbasic1.jpg malbasic5.jpg malbasic4.jpg

 


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба „Поеми“ од Соња Димовска

Тематската изложба „Поеми“ (графики на платно) од Соња Димовска е отворена во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ (29.11 – 12.11.2019).

.На отворањето зборуваше Викторија Димеска, историчар на уметноста, која посочи дека графичките цртежи на авторката изобилуваат со лиричен сензибилитет.

- Станува збор за принтови на коишто се претставени растителни мотиви, односно делови од растенија, нивните цветови, гранчиња, листови и корени. Едноставниот и нежен израз на линијата, ја засилува лиричната и интимна нота на цртежот. Отисоците наликуваат на сенки и полусенки на разновидни растенија, доследно и прецизно претставувајќи ги нивните детали. Инспирирана и фасцинирана од источната (кинеска и јапонска) графика и сликарство, уметницата креира лирични и едноставни графички решенија, коишто целосно го абсорбираат вниманието на посетителот, воведувајќи го во една имагинативна и фантастична реалност - рече Димовска на отворањето на изложбата.

Уметницата Соња Димовска дипломирала на ФЛУ - Скопје на графичкиот оддел, исто магистрирала на овој факултет, член е на ДЛУМ од 2000 година и досега реализирала повеќе од 70 интернационални графички изложби во земјата и странство.

0012 SukA detalj.jpg1.jpg 77049215_2557432487820509_1989560908866650112_n.jpg 79165780_577773936304559_8784398852758175744_n.jpg 78452405_795151620928545_3150066629933531136_n.jpg 78753054_431087297557921_8608160255655804928_n.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба „Фрагменти“ од Жарко Башески

Во ликовната галерија е отворена изложбата „Фрагменти“ од македонскиот скулптор Жарко Башески, нашиот сограѓанин кој живее и работи во Скопје.
Изложбата ( 8.11 до 26.11 2019) предизвика голем интерес, па ликовната галерија беше преполна со посетители кои сакаа да ги видат скулптурите на Башески, изработени од полиестер, силикон, текстил.

Изложбата ја отвори историчарот по уметност Викторија Димеска, која посочи дека творештвото на Жарко Башески е претставено преку бројни самостојни и групни изложби низ земјата и во светот. Неговата изложба „Фрагменти“ содржи дела создавани во различни периоди.

4.jpg 6.jpg 1.jpg 2.jpg 5.jpg 3.jpg

-Во сопственото творештво авторот обработува теми кои се однесуваат на севкупното постоење, природата на битието, општите и фундаментални својства на есенцијата или суштината на животот и апсурдноста, односно безнадежноста како универзална човекова состојба. Користејќи се со материјали како стаклена волна, силикон, полистер, акрилик, природни влакна и текстил, конструира минијатури, скулптури со човечки размер и хипер реалистични фигури. Преку веродостојната и експресивна моќност на реалистичната претстава, односно нераскинливата врска меѓу физичкиот стимул и психичката состојба на фигурата, Башески ја ослободува скулптурата од нејзиниот традиционален концепт и нуди интепретација и релација меѓу делото и определениот простор. Управувајќи со фигурата, како авторот во куклена претстава, Башески ја режира и ја поставува сцената, вовлекувајќи го посетителот во прецизна, директна и активна интеракција со реанимираната фигура, при што, секој поединечно, фигурата и посетителот, ја изведува и артикулира сопствената улога - посочи на отворањето на изложбата Димеска, додавајќи дека современиот човек се соочува со неможноста за идентификување или сплотување со сопствената автентична природа.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на дела од колонијата НИЖОПОЛЕ

75294202_421014632141607_2809447621389713408_n.jpg 73098657_1685594091573811_4299869868024397824_n.jpg 72641261_393912498182291_1403454858312286208_n.jpg 75446800_387073358836214_6955998517135409152_n.jpg 75429334_780689455720449_3896518700299190272_n.jpg 74576458_3091234757572646_305272716187926528_n.jpg

Во ликовната галерија е отворена изложба на дела од ликовната колонија „НИЖОПОЛЕ“ од Битола. (30.10 до 7.11.2019)

На изложбата се изложени 25 слики од 20 уметници учесници на јубилејната 20 – та ликовна колонија „Нижополе“ , што се одржа годинава во јули.

Љубителите на ликовната уметност имаат можност да проследат дела од уметници од земјата и од странство.

Alex Close, Канада

Анкица Стевановска, Битола

Владан Ранџеловиќ, Србија

Владимир Темков, Кавадарци

Данчо Ордев, Скопје

Драган Најденовски, Битола

Драгана Кнежевиќ, Србија

Љубица М. Солак, Битола

Маријана Везарова, Бугарија

Mike Close, Канада

Мирјана Крстева Масети, Гевгелија

Неда Петковиќ, Скопје

Nikolas Kyriакеy, Грција

Павле Кузмановски, Тетово

Славица Секулоска, Битола

Стефан Малбашиќ, Битола

Христо Николов, Бугарија

Цветанка Јованова Хермес, Неготино

Гоце Крстевски, Битола


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share
Изложба на скулптури од Марјан Стојаноски
Во ликовната галерија, воочи празникот 11- ти Октомври, беше отворена изложбата на скулптури од прилепскиот уметник Марјан Стојаноски. (10.10 до 23.10.2019)
Присутните, меѓу кои и градоначалникот Илија Јованоски, ги поздрави в.д.директорот Марија Спиркоска Илијеска, која посочи дека Центарот за култура е водечки во ликовната уметност во презентација на творештвото на уметници од земјата и од странство.
За првата самостојна изложба на Mарјан Стојаноски во родниот град, иако досега изложувал во други градови во земјата и во странство, и е автор на повеќе дела, зборуваа Јана Јанеска Ристески и Викторија Димеска историчари на уметноста.
Според Јана Јанеска Ристески, Марјан Стојаноски е скулптор кој успева на металот да му најде судбина во уметноста, да го определи карактерот, да го идентификува вкусот и да ја постави стабилноста на критериумот. -Разиграноста во просторот е видлива, а отсјајот на металот ја креира алката на убавото и уметничкото. Неговите креации ги следат светските уметнички движења и се на некој начин его на 21 век - рече Јана Јанеска Ристески.
Според Викторија Димеска, преку дисциплинарната техничка постапка, Стојаноски создава идејни решенија и концепти за монументална скулптура во урбан простор.
- Податливоста на металот како материјал за изработка на скулптурата, како и техниката на заварување, му овозможува на скулпторот да создава различни,по форма, структура и големина делови и конструктивни елементи... Апстрактно - асицијативните и метафорични метални скулптури остваруваат интеракција со природата и урбаниот простор, симболизирајќи го креативниот моќен потенцијал на енергијата и материјата - посочи Викторија Димеска на отворањето на изложбата.
Марјан Стојаноски дипломирал ФЛУ во класата на проф.  Ибрахим Беди. Член на ДЛУМ и ДЛУП. Добитник е на наградата за скулптура „Јордан Грабул“. Реализирал повеќе проекти и освоил награди на повеќе конкурси.
72783405_2464728893607566_1477450234219986944_n.jpg 73423458_2464731700273952_7357029285829279744_o.jpg 72097841_2464731203607335_9137735981019955200_o.jpg 72670734_2464731066940682_281897695981862912_o.jpg 72371336_2464731430273979_3976348772098637824_o.jpg 72233373_2464730083607447_1861864955561639936_n.jpg 71883451_2464729180274204_8513314269519937536_n.jpg 72551402_2464730080274114_8395692544259784704_n.jpg

AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на дела од Mал Битолски Монмартр

Изложба на дела од манифестацијата Мал Битолски Монмартр e отворена во ликовната галерија на ЦК„Марко Цепенков“.(27.09. до 8.10.2019).

Изложбата предизвика голем интерес кај учениците од основните училишта.

Изложени се 30 тина дела создадени на интернационалната престижна ликовна манифестација која секоја година се одржува во Битола, а на која учествуваат над 100 деца со ликовни педагози од 15 земји од светот.

Поставката во нашиот град содржи избор од најдобрите дела.

71289737_788194381623494_8095375769359876096_n.jpg 71109366_747750065677218_1623527238802604032_n.jpg 71544912_2504911646223813_8641625524134739968_n.jpg 70834662_1689866391146141_6586600577713569792_n.jpg 70841496_1011330085883711_3774415425773764608_n.jpg 70918770_2222059968083894_1074775588268408832_n.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Информација за изложба на дела од Кичевската колонија

Во изложбениот салон на ЦК„Марко Цепенков“ – Прилеп од денеска па до 25 септември 2019г., е поставена изложба на дела од 25-тата Интернационална Кичевска ликовна колонија. На изложбата се поставени 20 дела од македонски и странски автори, учесници на колонијата, еминентни ликовни уметници, академици и професори кои твореле во прекрасниот амбиент во Куќата на Уметноста во с. Кнежино-Кичево.

Делата се изработени во различна техники, акрил на платно, масло на платно, комбинирана техника, графики и фотографии на изработените скулптури.
Кичевската колонија се одржува 25 години во континуитет и во нејзини рамки од 1994 до 2018 година во креативна творечка и релаксирана атмосфера во хотелот “Куќа на уметноста, авторите создале над 1300 уметнички дела, а во депото во Куќата на уметноста има над 900 дела од светски познати мајстори.

Посетителите ќе можат да видат различни индивидуални светови и пристапи при утврдување на ликовните образци. Секој од овие творци, преку изборот на својот личен ликовен говор ја живее стварноста во конкретниот миг, различна за секој од уметниците. Уметноста во овој случај делува како обединувач, ја гради целината, ги надополнува етничките, географските, временските разлики.

70379098_451637222229260_5548710129928503296_n.jpg 71307246_438965460248418_3077128228297506816_n.jpg 70309246_1033612853697225_5717525455880323072_n.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба „Состојби“ од Александар Станкоски

Во ликовната галерија е отворена изложбата на слики „Состојби“ од уметникот Александар Станкоски. (13.09.2019 – 26.9.2019)

Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност, која посочи дека творештвото на Станкоски се одликува со динамичен цртеж, робусна контура на фигурата и експресивна чиста боја со изразена јасност и моќност.
- Динамичната линија и експресивноста на бојата, како и пародискиот и ироничниот призвук претставуваат основно изразно средство на уметникот при наративното конституирање на композицијата. Меѓутоа, идејата е таа која што претходи во креативниот творечки процес на Станкоски. Па оттука, неговото творештво често се карактеризира и дефинира истовремено како експресионистичко и апстрактно. Во суштина, при процесот на креација и создавање на уметничкото дело, уметникот тргнува од идејата, барајќи соодветни средства и медиуми преку кои најверодостојно ќе ја транспонира. Во творечкиот опус можат да се воочат комбинирани разновидни стилови и елементи, кои имаат функција да го пренесат примарното сфаќање и обликување на определената содржина - стрипот, карикатурата, графитот, цртежот, илустрацијата, фотографијата - посочи Димеска на отворањето на изложбата на дела од Станкоски.

Станкоски има реализирано бројни самостојни изложби во земјата и во странство, перформанси, а оставрил и студиски престои во во Њујорк, Чикаго и Сан Франциско.

69838500_2414750978605358_7583364707889709056_o.jpg 70494050_2414751518605304_8480326704483532800_o.jpg 69941624_2414750855272037_3155403710914363392_o.jpg 71077650_419105992297015_7825401813124775936_n.jpg 69989010_2414751408605315_7347582041405259776_o.jpg 69868110_360172904891011_1209558125942669312_n.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба „Форми во црно“ од Мице Јанкуловски

Во ликовната галерија на НУЦК„ Марко Цепенков“ во Прилеп е отворена изложбата ”Формивоцрно” на авторот Мице Јанкуловски (30.8.- 10.9.2019). Куратор е КорнелијаКонеска

69504970_2390733217673801_728092322125840384_o.jpg 69504970_2390733217673801_728092322125840384_o.jpg2.jpg 69051180_2390734461007010_5313835681523433472_o.jpg 69504970_2390733217673801_728092322125840384_o.jpg1.jpg 69410465_2390732534340536_4504700650826760192_o.jpg

Изложени се 50 слики, акрилнаплатнооднајноватапродукцијанаМицеЈанкуловски „ -Форма 3“ која епрепознаена какоисклучителнаодстрананапрофесионалнатајавноствосветот, заштозборуваат и последнитенагради:

„ЛоренцоИлМагнифико“ Наградазаживотноостварувањена Биеналето Фиренца 2019, Италија, Наградата „Уметникнасветот“ на Биеналето Ларнака 2018, Кипар

„Гранпри“ наМеѓународнотобиеналезаграфикаВарна 2017, Бугарија ... и многудруги ...

На отворањето на изложбата говореа кураторот Корнелија Конеска и Владо Бороевиќ, при што беше потенцирано дека делатаодоваафазанаМицеЈанкуловскисекарактеризираатсо:

Монохромност – заштосенасликанисамосоеднабоја – црна
Модуларност – затоаштодимензиитесеобмислени и секогашвоодреденодноседнасодруга

Мултипликација – затоаштосликитесемултиплицираат и такасоздаваатновидела

Минимализам – заштоделата, концептот и смисолотсепостигнатисоминималниелеманти / што е најтешко да се постигне, но сликитесерезултатна 50 годишноуметничкотворештво!

Оваа, 2019 година, МицеЈанкуловскиодбележува 50 годиниуметничкотворештво и докрајотнагодината, освен во Македонија ќеимасамостојниизложбивоТорино, Италија; Ст. Петерсбург, Русија и Солун, Грција – изложбасоделаодПикасо.

 


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба - 50ГОДИНИ СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА НА КАРИКАТУРИ СКОПЈЕ 1969 – 2019

Во изложбен салон е отворена изложбата 50 години Светска галерија на карикатура Скопје 1969 - 2019. Изложбата се состои од 50 карикатури – добитници на највисоката награда на секоја од 50-те изданија на Светската галерија на карикатури Скопје од 1969 – 2019.

Повеќе за Светската галерија на карикатури

Кога ќе се спомене ОСТЕН – најпрвин се мисли на карикатурата.., и со право!

Скопје, град со релативно скромни традиции во карикатурата, благодарејќи на професионалното организационо обликување на Светската галерија на карикатури од страна на членовите на Редакцијата на македонскиот хумористично-сатиричен весник „Остен“, од 1969 година прераснува во град-мека на светската карикатура и тоа трае веќе 50 години!

ОСТЕН и денес го прави она што отсекогаш го правел и ќе го прави, а се содржи во значењето на неговото име – ги боцка и ги пецка, односно ги провоцира, ги предизвикува, ги мотивира, ги стимулира своите соработници, уметноста, културата, публиката, општеството... и придонесува работите да одат напред!По 50 години постоење, преку Светската галерија на карикатури, ОСТЕН ќе продолжи да создава услови за да можат карикатуристите од цел свет на мира да стрелаат со своите мирнодопски куршуми сочинети од елементи на политика, уметност, хумор и сатира – точно во центарот на сите сомнителни и проблематични точки на светот во кој живееме – вели Корнелија Конеска.

69457437_2390751837671939_799347513193660416_o.jpg 69306367_2390751891005267_7617532134802063360_o.jpg 69286151_2390751767671946_4377992054668525568_o.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба “Скулптури на новото време 2019“.

Во ликовната галерија е отворена изложбата „Скулптури на новото време“ ( 9.8. 16.8.2019), на која со дела се претставуваат 22 автори, меѓу кои и прилепските Емил Солески, Марјан Стојаноски, Методи Исков, Филип Перески и Давид Атанасоски. Скулптурите се работени во повеќе различни материјали како и во повеќе скулпторски техники.

67817060_2353121308101659_6381078180622499840_o.jpg 67792075_2353120891435034_6619651068315828224_o.jpg 67797846_356694771950603_8847578981323505664_n.jpg 68605263_2353120281435095_2002456513813151744_o.jpg 68751529_2353121688101621_7688603170557132800_o.jpg 67735731_507499906725453_8221893660380233728_n.jpg

„Биеналната изложба на скулптури “Скулптури на новото време 2019“ во своето јубилејно десетто издание ја сублимира севкупната идеја на оваа изложба - хетерогеноста и богатството на современиот скулпторски израз во којшто сè е дозволено: во поглед на употребата на материјали со коишто се изработуваат скулптурите но и во однос на пристапот кој варира од класичното разбирање на улогата на скулптурата во просторот до концептуалниот приод со употреба на ready-made материјали, па дури и некои обиди за комбинација на технологијата во служба на изработка на кинетичка скулптура. Ако кон ова се додаде и возраста на авторите којашто варира од најстарите до најмладите генерации и соочувањето на повеќе академски скулпторски школи на едно место, добиваме една збирка на дела вредна за почит и внимание, многу ретка на овие македонски изложбени простори – вели Роберт Цветковски, историчар на уметноста.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на дела „Уметност, меѓународна група и пријателите“

Во ликовниот салон е отворена изложба на дела „Уметност, меѓународна група и пријателите“, на која се претставуваат 15 уметници. (19.07. до 1.7.2019)
Преку изложбата се обединуваат уметниците , со што се поттикнува меѓусебното пријателство и соработка. Изложени се дела од Светлана Еланцева,(Русија) Светлана Соло,(Русија), Олга Панкина (Русија), Габриеле Смоларз ( Велика Британија), Стефан Хаџи Николов, Новица Трајковски и Душан Коцев (Македонија), Павлина Копано (Бугарија), Светлозар Недев (Бугарија), Гајана Доброволскаја (Русија), Клеменс Бенкун (Кореја), Тодор Шербанеску (Романија), Маргарита Григорова (Бугарија), Алексеј Шеболдаев и Фјодор Сухинин (Русија). 

Изложбата ја отвори Викторија Димеска која која посочи дека преку групата уметници имаат прилика да споделат сегменти од нивната духовна и материјалната култура, јазик, традиција, бидејќи уметноста за нив е средство за меѓусебно разбирање и комуникација.

- Уметничките дела изобилуваат со различни мотиви, пејзажи и градски ведути, реализирани во различни уметнички стилови - реализам, апстрактен пејзажизам, геометриска апстракција, енформел, симболизам, надреализам - рече Димеска на отворањето на изложбата.

67504724_2317711628309294_7045009257623715840_o.jpg 67403620_1360120960778503_2344628981963161600_n.jpg 67423754_2449137171985928_114089076004487168_n.jpg 67290409_2317710618309395_9071402800998514688_o.jpg 67289942_2317711008309356_5114834062694940672_o.jpg 67691210_373805723277813_3417500864632324096_n.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба од Александра Богоеска

„Емоции – допир со природата“ од Александра Богоеска , дипломиран скулптор на ФЛУ Скопје е отворена во ликовната галерија ( 5 .7. до 25.7.2019). изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност, која посочи дека академскиот скулптор Александра Богоеска храбро и сигурно исчекорува во сферата на ликовната уметност. Плодниот творечки опус од скулптури и мозаици, уметникот го надополнил со уметнички сликарски платна.
-Во ликовниот израз на Богоеска се проткајува симболизмот. Посебноста во творештвото на уметникот се согледува во умешноста на пренесувањето на интимните индивидуални, емотивни и психофизички состојби преку различен симболичен јазик. Фигурата во творештвото на Богоеска е најчесто робустна и монументална, додека пак бојата е лирична и експресионистичка. Преку поставувањето на симболите во самата композиција, како што се: јаболкото, лотусот, волкот, пеперутката, цветниот венец уметникот успеал да го доближи и да го соочи набљудувачот со надреалистичната фантастичната, имагинарната и ирационалната страна на човековата свесност. Самите симболи го поттикнуваат разумот да ги одгатнува скриените суштествени пораки, додека пак колоритот со сопствената топлина дава чувство на пријатност, кое го поттикнува, понесува и вовлекува љубопитниот набљудувач во различни мистични витли и јами во сферата на имагинацијата и фантазијата. 
Главен лик-фигура која се проткајува и е присутна во творештвото на Богоевска претставува женскиот акт и портрет. Поради моќноста и силата на емотивната страна на жената, како и нејзината силна развиена интуитивност, сетилност и рационалност, уметникот одлучува портретот и актот на женското тело да биде главен адут, најсилно средство преку кои ќе ја ирази сопствената креативна способност и карактеристиките на сликарството, преку богатата и раскошна палета на бои и линијата - истакна Димеска.
Изложбата на Богоеска и ја честиташе и градоначалникот Илија Јованоски.
Александра Богоеска дипломирала на ФЛУ Скопје оддел скулптура, конзервација и реставрација. Има реализирано групни изложби во Македонија и во странство. Има учествувано на голем број колонии низ земјата и во Србија. Изработува скулптури, мозаици, слики.

65950280_2293491857397938_1242066905204785152_o.jpg 66482149_2293491214064669_6478118044643098624_o.jpg 65925675_2293493347397789_2064025411167191040_o.jpg 1.jpg 65934723_2293493724064418_6144113096756559872_o.jpg 65771260_484459865646499_4143118753019723776_n.jpg 66034935_403655043829413_6800506265635127296_n.jpg 66109288_2293492807397843_3096297041001709568_o.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
Повеќе Артикли...
  • „Пејзажни знаци“ од Давид Атанасоски
  • ИЗЛОЖБА „РАЃАЊЕ НА БИТИЕТО“ од АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ - ЈАНЕВ
  • Изложба на слики од Лилјана Ристеска
  • „DIDYMUS 2019“изложба од Александра Ацеска
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 4 од 25

Изработено од Бучевски Дејан