• Дома
  • За Нас
  • Биографија
  • Правилници
  • Документи и извештаи
  • Јавни набавки
  • Контакт

Одбери Јазик

Macedonian English French German
Get Adobe Flash Player

MC logo pozadina crna

Претходни новости

  • Новини

Театар

  • Репертоар
  • Премиери 2023
  • Премиери 2022
  • Премиери 2021
  • Премиери 2020
  • Премиери 2019
  • Премиери 2018
  • Премиери 2017
  • Премиери 2016
  • Премиери 2015
  • Премиери 2014
  • Премиери 2013
  • Премиери 2012
  • Премиери 2011
  • Меѓународни Награди 2011
  • Актери во театарот
  • За Театарот
  • Видео претстави

Кино - Мис Стон

  • Репертоар

misston

Сценско Музичка Дејност

  • КУД Моминок
  • Октет Прилеп
  • Танцово студио ЗОДИЈАК
  • Младинско Драмско Студио МДС

Стремеж

  • Нов Број

Ликовно Галериска Дејност

  • Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2008
  • Венециско Биенале
  • Видео - Изложба Дрен 2012
  • Видео - Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2013
  • Ликовна колонија Дрен 2014
  • Ликовна колонија Дрен 2015
  • Ликовна колонија Дрен 2016
  • Ликовна колонија Дрен 2017
  • Ликовна колонија Дрен 2019
  • Ликовна колонија Дрен 2020
  • Ликовна колонија Дрен 2021
  • Ликовна колонија Дрен 2022
  • Ликовна колонија Дрен 2023

Фестивали

  • МТФ "Војдан Чернодрински"
  • ФИНПИ “Пеце Атанасоски“
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба “Скулптури на новото време 2019“.

Во ликовната галерија е отворена изложбата „Скулптури на новото време“ ( 9.8. 16.8.2019), на која со дела се претставуваат 22 автори, меѓу кои и прилепските Емил Солески, Марјан Стојаноски, Методи Исков, Филип Перески и Давид Атанасоски. Скулптурите се работени во повеќе различни материјали како и во повеќе скулпторски техники.

67817060_2353121308101659_6381078180622499840_o.jpg 67792075_2353120891435034_6619651068315828224_o.jpg 67797846_356694771950603_8847578981323505664_n.jpg 68605263_2353120281435095_2002456513813151744_o.jpg 68751529_2353121688101621_7688603170557132800_o.jpg 67735731_507499906725453_8221893660380233728_n.jpg

„Биеналната изложба на скулптури “Скулптури на новото време 2019“ во своето јубилејно десетто издание ја сублимира севкупната идеја на оваа изложба - хетерогеноста и богатството на современиот скулпторски израз во којшто сè е дозволено: во поглед на употребата на материјали со коишто се изработуваат скулптурите но и во однос на пристапот кој варира од класичното разбирање на улогата на скулптурата во просторот до концептуалниот приод со употреба на ready-made материјали, па дури и некои обиди за комбинација на технологијата во служба на изработка на кинетичка скулптура. Ако кон ова се додаде и возраста на авторите којашто варира од најстарите до најмладите генерации и соочувањето на повеќе академски скулпторски школи на едно место, добиваме една збирка на дела вредна за почит и внимание, многу ретка на овие македонски изложбени простори – вели Роберт Цветковски, историчар на уметноста.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на дела „Уметност, меѓународна група и пријателите“

Во ликовниот салон е отворена изложба на дела „Уметност, меѓународна група и пријателите“, на која се претставуваат 15 уметници. (19.07. до 1.7.2019)
Преку изложбата се обединуваат уметниците , со што се поттикнува меѓусебното пријателство и соработка. Изложени се дела од Светлана Еланцева,(Русија) Светлана Соло,(Русија), Олга Панкина (Русија), Габриеле Смоларз ( Велика Британија), Стефан Хаџи Николов, Новица Трајковски и Душан Коцев (Македонија), Павлина Копано (Бугарија), Светлозар Недев (Бугарија), Гајана Доброволскаја (Русија), Клеменс Бенкун (Кореја), Тодор Шербанеску (Романија), Маргарита Григорова (Бугарија), Алексеј Шеболдаев и Фјодор Сухинин (Русија). 

Изложбата ја отвори Викторија Димеска која која посочи дека преку групата уметници имаат прилика да споделат сегменти од нивната духовна и материјалната култура, јазик, традиција, бидејќи уметноста за нив е средство за меѓусебно разбирање и комуникација.

- Уметничките дела изобилуваат со различни мотиви, пејзажи и градски ведути, реализирани во различни уметнички стилови - реализам, апстрактен пејзажизам, геометриска апстракција, енформел, симболизам, надреализам - рече Димеска на отворањето на изложбата.

67504724_2317711628309294_7045009257623715840_o.jpg 67403620_1360120960778503_2344628981963161600_n.jpg 67423754_2449137171985928_114089076004487168_n.jpg 67290409_2317710618309395_9071402800998514688_o.jpg 67289942_2317711008309356_5114834062694940672_o.jpg 67691210_373805723277813_3417500864632324096_n.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба од Александра Богоеска

„Емоции – допир со природата“ од Александра Богоеска , дипломиран скулптор на ФЛУ Скопје е отворена во ликовната галерија ( 5 .7. до 25.7.2019). изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност, која посочи дека академскиот скулптор Александра Богоеска храбро и сигурно исчекорува во сферата на ликовната уметност. Плодниот творечки опус од скулптури и мозаици, уметникот го надополнил со уметнички сликарски платна.
-Во ликовниот израз на Богоеска се проткајува симболизмот. Посебноста во творештвото на уметникот се согледува во умешноста на пренесувањето на интимните индивидуални, емотивни и психофизички состојби преку различен симболичен јазик. Фигурата во творештвото на Богоеска е најчесто робустна и монументална, додека пак бојата е лирична и експресионистичка. Преку поставувањето на симболите во самата композиција, како што се: јаболкото, лотусот, волкот, пеперутката, цветниот венец уметникот успеал да го доближи и да го соочи набљудувачот со надреалистичната фантастичната, имагинарната и ирационалната страна на човековата свесност. Самите симболи го поттикнуваат разумот да ги одгатнува скриените суштествени пораки, додека пак колоритот со сопствената топлина дава чувство на пријатност, кое го поттикнува, понесува и вовлекува љубопитниот набљудувач во различни мистични витли и јами во сферата на имагинацијата и фантазијата. 
Главен лик-фигура која се проткајува и е присутна во творештвото на Богоевска претставува женскиот акт и портрет. Поради моќноста и силата на емотивната страна на жената, како и нејзината силна развиена интуитивност, сетилност и рационалност, уметникот одлучува портретот и актот на женското тело да биде главен адут, најсилно средство преку кои ќе ја ирази сопствената креативна способност и карактеристиките на сликарството, преку богатата и раскошна палета на бои и линијата - истакна Димеска.
Изложбата на Богоеска и ја честиташе и градоначалникот Илија Јованоски.
Александра Богоеска дипломирала на ФЛУ Скопје оддел скулптура, конзервација и реставрација. Има реализирано групни изложби во Македонија и во странство. Има учествувано на голем број колонии низ земјата и во Србија. Изработува скулптури, мозаици, слики.

65950280_2293491857397938_1242066905204785152_o.jpg 66482149_2293491214064669_6478118044643098624_o.jpg 65925675_2293493347397789_2064025411167191040_o.jpg 1.jpg 65934723_2293493724064418_6144113096756559872_o.jpg 65771260_484459865646499_4143118753019723776_n.jpg 66034935_403655043829413_6800506265635127296_n.jpg 66109288_2293492807397843_3096297041001709568_o.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

„Пејзажни знаци“ од Давид Атанасоски

„Пејзажни знаци“ е првата самостојна изложба на младиот уметник Давид Атанасоски, што е отворена во ликовната галерија (7.06.до 20.06.2019). Изложбата ја отвори историчарот по уметност Викторија Димеска, според која творештвото на Атанасоски претставува резултат на инвентивните скулпторски и сликарски истражувања.

62245826_2245465545533903_8396901040682696704_o (1).jpg thumbnail.jpg 62083188_2245464862200638_844985444838932480_o.jpg 62025592_2245464835533974_8249780401996824576_o.jpg

- Процесот на преобразување на сликарските елементи во карактеристични пластични објекти, укажува на развиена сетилна релација меѓу материјалот и креативниот творечки потенцијал на уметникот. Едноставните геометриски конструктивни форми и белези упатуваат на длабоко развиено интуитивно и мисловно разбирање на сликарската и скулпторкскта форма, маса, материјал и простор. Создавајќи сопствен автентичен јазик , Атанасоски формира апстрактно асоцијативни и геометриски форми, поставувајќи ги и распоредувајќи ги хоризонтално, вертикално и дијагонално во просторот на самата конструкција, притоа врамувајќи ги експресивните решенија во т.н. квадратни форми или „касети“ - посочи на отворањето на изложбата Димеска.
Давид Атанасоски во 2018 година заврши Факултет за ликовни уметности во Скопје, отсек вајарство во класата на професор Исмет Рамиќевиќ, со конзервација и реставрација. Досега има реализирано повеќе групни изложби во родниот Прилеп, во Скопје и на почетокот од годинава во Њујорк.

 



AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

ИЗЛОЖБА „РАЃАЊЕ НА БИТИЕТО“ од АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ - ЈАНЕВ
„Раѓање на битието“ е тематската изложба на скулптури од Александар Јанев отворена во ликовната галерија. ( 17.05. – 31.05.2019 ). На првото претставување пред прилепската јавност уметникот изложува над десетина дела преку кои дава одговор на прашањето Што е живо битие?
Изложбата на скулптури „Раѓање на битието“ од Александар Јанев - Јанев, ја отвори историчарот по уметност Викторија Димеска, која посочи дека творештвото на уметникот е блиско до геометриската апстракција.
- Вајарот при создавањето на скулптурата особено внимава на релејфната структура на материјалот. Тој претпазливо и будно пристапува при обработката на површината и доследно ја претставува елементарната форма на асоцијативнито облик. Со обликувањето на површината на вајарското дело, со помш на различните засечоци, врежувања, како и прицврстувањето на различни метални шајки, скулпторот прави обид да го разоткрие процесот на создавање и автоматско вмрежување во структурен скелт на цврстата материја... Во основа творештвото на Јанев се карактеризира со фигуративен начин на изразување и претставување на природни форми со асоцијативни претстави, стилизирајќи симболични композиции, кои ја хранат илузијата на креирање и создавање на материјата - посочи на отворањето на изложбата Димеска.
Александар Јанев од Гевгелија. дипломирал на УКИМ, Факултет за ликовни уметности Скопје, оддел вајарство со графички дизајн во класата на професор Беди Ибрахим. Работи во Гевгелија како наставник по ликовно образование. Член и претседател е на Друштвото на Ликовни уметници во Гевгелија - ДЛУГ и член на Мултимедиа центар Гевгелија од 2009 година. Учествувал на сите групни изложби на ДЛУГ и Мултимедиа центар, а бил дел од повеќе ликовни колонии.

FB_IMG_1557819650160.jpg 60333938_288678895411925_2180193573465489408_n.jpg 60928932_2210806108999847_853640869092261888_o.jpg 60732371_2210806612333130_3612569693577019392_o.jpg 60577952_2210807332333058_8391569478734839808_o.jpg FB_IMG_1557819654117.jpg 60361339_2210806425666482_7682146292817985536_o.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на слики од Лилјана Ристеска

Во ликовниот салон на Центарот е отворена изложба на слики од Лилјана Ристеска ( 3.5 до 13.5.2019). Ова е првата самостојна изложба од Лилјана Ристеска, која аматерски се занимава со сликарството.
Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност која потенцираше дека станува збор за сликарски платна на кои се претставени мотиви на пејзажи и мртва природа изработени во техники акрил и масло на платно.
- Пејзажите на Ристеска се одликуваат со стабилна конструкција и перспектива. Разбирањето на бојата, играта меѓу сенките и светлината повеќе е од очигледна. Јасно е воочлива нејзината посветеност на обработката на деталите, кои во суштина ја нагласуваат и водат нарацијата на композицијата... Сликарските платна на кои се обработува мотивот на мртва природа изобилуваат со детална и мунициозна изработка на деталите. Личниот потег при сликањето во суштина пидонесува за квалитетот на севкупната наративност. Чувството за наративна поставеност, мунициозната обработка на предметите, чувството за боја, контраст, играта на сенките и светлината, сведочат за извонредниот уметнички талент и набљудувачкото око на уметницата и нејзината предаденост при реализацијата на сопствената артистичка визија -посочи на отворањето на изложбата Димеска.

59732302_2188036751276783_6096843391071420416_o.jpg 59234791_2188037194610072_4157604960449593344_o.jpg 59163394_2188038024609989_4235112176496410624_o.jpg 59670750_2188037361276722_7660229091886366720_o.jpg 59816795_2188037157943409_5630290985016623104_o.jpg 60008900_2188033064610485_8844604518902530048_o.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

„DIDYMUS 2019“изложба од Александра Ацеска

„DIDYMUS (Близнакот)“ е тематската изложба од уметницата Александра Ацеска што e отворена во ликовната галерија на ЦК„Марко Цепенков“( 19.04. до 2.5.2019). Ова е втор самостоен проект на авторката, што е инспириран од дваесет и втората изрека во Житието по Тома. Проектот Didymus е продолжение на претходните истражувања на авторката.
-Во Didymus акцентот е на двете спротивни крајности на целината. Оваа тема го привлече моето внимание поради дуалистички светоглед како перспектива, кој е делумно оформен од влијанијата на поднебјето (идеологија, религија) и делумно е во природата на мојот карактер. Од тука и насловот на изложбата, Didymus, што во превод значи Близнак (еврејски. תאומא; грчки. Διδυμος, Томас или Близнакот) - вели Александра Ацеска, потецнирајќи дека во изложбата пробала да ја трансформира галеријата и да „изложи“ атмосфера и целина.
Според неа во просторот посетителите се соочени со атмосфера која може да ја перцепираат со сите сетила – визуелно, аудитивно, преку мирис, вкус и допир.. Изложени се објекти, инсталации, фотографии, суминагаши печати, цртежи, слика и аудио композиција. Покрај ликовните дела просторот го оформуваат и суптилни елементи. Мирисот, музиката, светлината од свеќите и течностите, го вовлекуваат посетителот во една мистична атмосфера, каква што прилега на симболите искористени во ликовниот јазик.

DSCN2031.jpg DSCN2025.jpg DSCN2027.jpg DSCN2029.jpg DSCN2018.jpg DSCN2023.jpg

Александра Ацеска дипломирала сликарство во класата на проф. м-р Благоја Маневски со модул графички дизајн во класата на проф. м-р Ладислав Цветковски на ФЛУ Скопје. Нејзиното поле на интерес и истражување е на границата помеѓу видливото и невидливото, духовното и неговата манифестација во материјата и табуата на новото време (традиција, религија, фамилијарни и интерперсонални односи), а тоа го доловува со експериментирање со природни материјали и несекојдневни техники на творење.
Добитник е на неколку награди за млад уметник.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на м-р Марија Светиева

Изложбата на академскиот сликар м-р Марија Светиева ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност која посочи дека за авторката реалниот свет претставува побуда за изразување на сопствената интерпретација и животно уверување. (12.04.до 1.5.2019)

56848024_2154678551279270_5405937402600488960_o.jpg 57453604_2154678537945938_4923362612458029056_o.jpg 56931847_2154681841278941_2443345940518535168_o.jpg 56913427_2154678844612574_1508397406322950144_o.jpg 57180164_2154669231280202_1363686712441569280_o.jpg

„ Со илустративното изразување, уметникот ја симплифицира формата, односно ги редуцира деталите, со цел да стигне до нивната суштина. односно знаковност и симболизам. Преку употребата на примарните бои - црвената, жолтата, сината, како и нивните комплементарни бои, во сопствените чисти форми, Светиева нагласува и потсетува дека „едноставноста е клучна нота за елеганцијата“. Хармонизирајќи ја играта на симболите, ритамот, должината и карактерот на потегот, како и соодветната дебелина на боениот слој, таа создава едноставен и ритмичен свет“ - посочи на отворањето на изложбата Димеска, историчар на уметност..
Марија Светиева дипломирала на Факултетот за ликовни уметници во Скопје, на отсек графика со графички дизајн, кај професор Димитар Малиданов. Член е на ДЛУМ, реализирала стипендија во Болоња, член е на Интернационалното здружение на графичари во Рим. Во 2010 магистрира на отсек графика при Факултетот за ликовни уметности кај професорот Димитар Малиданов. Реализирала бројни самостојни изложби низ Македонија, во Хрватска, Србија, Косово, Чешка, Италија, Швајцарија, Шведска, Германија, како и повеќе групни поставки, а била дел од колонии.
За нејзиното творештво е добитник на повеќе награди. 


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ е отворена изложба на слики од м-р Владимир Темков. (28.3. – 10.4.2019)
Уметникот пред прилепчани се претставува со 28 слики.
Изложбата ја отворија Викторија Димеска, историчар по уметност и Горан Боев, уметник.
Според Димеска, уметничкиот творечки опус на академскиот сликар Владимир Темков, кој претставува резултат на долгогодишната продукција и успешна реализација, се вбројува и го збогатува современото уметничко творештво на македонската сликарска сцена.
„ Набљудувајќи го уметничкото творештво посетителот може да забележи неколку клучни белези за творештвото на сликарот – доминантната линија, подреденоста на бојата во однос на линијата, ритмичното повторување на формите во композицијата и употребата на т.н. метафорични изрази преку самите форми. Линијата ја гради и предводи наративноста и структурата на приказната во композицијата, додека пак, примарните бои во нивната чиста форма го мистифицираат амбиентот и придонесуваат во создавањето и обликувањето на мислата“ посочи Димеска на отворањето на изложбата.
Според Горан Боев сликарството наТемков како правец е изнедрено од надреализмот и од сликарството на големите уметници како Миро и Пикасо.
„ Меѓу непредметните форми во сликите пронаоѓаме мотив од природата. Тоа е обликот на птицата. Таа во нив , како метафора може да биде прочитана во повеќе насоки – живот, стремеж, сеќавање, движење во еден миг, желба да се постигнат височините. Темков е емотивно врзан за неа. Во неговото творештво птицата останува сон и емоција“.
Темков реализирал над 60 самостојни изложби, повеќе групни, учествувал на колонии и остварил студиски престои во Париз Франција и во САД.

55576203_2132293446851114_5986124386925543424_o.jpg Tvorestvoto na Temkov na izlozba.jpg 55512134_2132296200184172_4757264965717458944_o.jpg 55560353_2132294346851024_3970939750415597568_o.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на дела од Струмичката ликовна колонија

Во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“отворена е изложба на дела од 55 –та Струмичка ликовна колонија.( 5.3.2019 – 20.3.2019).

Изложбата ја отвори Ивана Атанасоска, етнолог и антрополог, која посочи дека е пријатно ликовно доживување.

- Во 55 тата Струмичка ликовна колонија учество зеле 16 ликовни уметници од Македонија и од странство кои уметничката инспирација ја црпеле од Струмица и околината за да ги создадат овие 23 слики и два мозаици. Со тоа е зголемен и веќе постоечкиот фонд од приближно 2200 уметнички дела кои се создадени од околу 800 уметници од целиот свет - посочи Атанасоска на отворањето на изложбата.

DSCN1787.jpg DSCN1781.jpg DSCN1763.jpg DSCN1778.jpg DSCN1786.jpg 53576401_2303080723350495_512977124169089024_n.jpg DSCN1760.jpg

                                               


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на дела од Мал Битолски Монмартр

Во ликовната галерија е отворена изложбата „Магијата на Монмартр“. (21.12.2018). Љубителите на уметноста имаат можност да ги видат 30 –тината дела изложени во галеријата, создадени на 37 – то издание на престижната ликовна манифестација Мал Битолски Монмартр, која се одржа од 23 до 30 мај годинава, а на која учествуваа 100 деца со ликовни педагози од 15 земји од светот. Поставката во Прилеп содржи избор од најдобрите дела.

Претходно дел од делата, велат од Мал Битолски Монмартр, биле претставени во Битола, Охрид и во Москва.

DSCN1562.JPG DSCN1587.JPG DSCN1559.JPG DSCN1570.JPG DSCN1560.JPG DSCN1576.JPG


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба „Постварување„ од Сотир Хаџи Николов
„Постварување“ од уметникот Сотир Хаџи Николов е тематската изложба што е отворена во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“(7.12. – 20.12.2018). Изложбата, слики и објекти, е финансирана од Министерството за култура.
Магдалена Стојмановиќ ќе посочи дека со прикажаното творештво Сотир Хаџи Николов прави поимно врзување со ликовното и на смисловно адекватен начин со уникатни средства говори за постварувањето, феномен кој е длабоко вкоренет во модерните општества кој посебно го тангира поединецот од современието во западниот културно-политички контекст.
Стефан Марковски пак истакнува дека уметникот ги трансцендира ограничувањата кои го сведуваат на ресурс и станува модерен, вистински авангарден Прометеј кој со својот „од бога даден“ факел успева да ја пронајде својата местоположба и движење низ м(рак)озаикот на стварноста осветлувајќи го својот индивидуален пат на себеразвој и себеоткровение.
Сотир Хаџи-Николов од Гевгелија дипломирал на ФЛУ во Скопје, отсек сликарство. Член е на ДЛУГ, како и на Мултимедија центарот во Гевгелија. Има учествувано на симпозиуми во Македонија, Бугарија, Турција, Грузија како и на повеќе групни изложби.

4.jpg 6.jpg 1.jpg 2.jpg 5.jpg 3.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Инсталацијата „Празна галерија“ од Методи Исков
„Празна галерија“ е изложбата од прилепскиот уметник Методи Исков отворена во ликовната галерија на ЦК„Марко Цепенков“.(23.11.-6.12.2018).
Се работи за инсталација во која ќе доминираат антички скулптури затворени во кутија низ која ќе може да се ѕирка.
Преку изложбата сакам да се поттикне критичко-филозофски став со кој сите заедно ќе се доближат до призмата низ која се согледува денешниот поглед кон уметноста – вели авторот Методи Исков.
Изложбата ја отвори историчарот по уметност Викторија Димеска која посочи дека „Празна галерија“ ги поставува прашањата до претставниците и љубителите на уметноста:
-Која е вредноста на ликовното творештво во современата доба?
-Дали на уметноста гледаме како низ мал отвор, парцијално без притоа да се стигне до нејзината суштина?
Уметникот во 2014 год. дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек вајарство, во класата на Станко Павлески. Покрај индивидуалните уметнички ангажмани, важен дел од неговото работно искуство е изработката на скулптури вклучени во урбанистички план на град Скопје, учество при изработка на палета мозаици, од кои можат да се истакнат мозаиците во Црквата Св. ''Константин и Елена'' - Скопје, мозаик поставен во базиликата на Св. ‘'Благовештение'' во Назарет - Израел со ликот на Пресвета Богородица, мозаиците во Црквата Св. ''Петка'' – Прилеп... Има изработено повеќе мурали низ градот, меѓу кои и во библиотеката „Борка Талески“. Своето искуство го проширува и кон графичкиот дизајн и дизајнот на ентериери.

f.jpg ff.jpg hh.jpg fff.jpg hhhh.jpg 46519674_1957884197625374_4026541233093476352_o.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на дела од Лесновската ликовна колонија
Во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ е поставена изложба на дела од меѓународната ликовна колонија „Лесново 2018“ што по 27 пат годинава ја организираше Домот на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип.(16.11 – 30.11.2018).
На увид пред јавноста се 25 дела создадени од 15 уметници – учесници на колонијата од Македонија, Русија, Бугарија, Србија.
„Лесново„ е меѓународна ликовна колонија на која низ годините учествувале бројни уметници од земјата, од Русија, Бугарија, Англија и Србија, кои инспирирани од убавата природа создале вредни уметнички творби. Ги овековечиле убавините на Лесновскиот манастир, старата традиционална архитектура на лесновската куќа, карпестото опкружување....

46301032_1838577429604176_6526563196977807360_o.jpg1.jpg 46417773_1947812085299252_1677985091948642304_o.jpg 46202288_2166441396956305_4064709177228918784_n.jpg2.jpg3.jpg 46202288_2166441396956305_4064709177228918784_n.jpg2.jpg 46202288_2166441396956305_4064709177228918784_n.jpg2.jpg4.jpg 46325285_1947812385299222_3588076491520344064_o.jpg 46305288_1947812108632583_3905983408060235776_o.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
Повеќе Артикли...
  • Изложба од Марија Дичова и Симона Манчева
  • Друштвото на ликовни уметници на Прилеп
  • Ретроспективна изложба на Коста Клифов
  • ИЗЛОЖБА ОД КАТЕРИНА ДЕСПОТ И ВАСКА САНДЕВА
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 6 од 26

Изработено од Бучевски Дејан