• Дома
  • За Нас
  • Биографија
  • Правилници
  • Документи и извештаи
  • Јавни набавки
  • Контакт

Одбери Јазик

Macedonian English French German
Get Adobe Flash Player

MC logo pozadina crna

Претходни новости

  • Новини

Театар

  • Репертоар
  • Премиери 2022
  • Премиери 2021
  • Премиери 2020
  • Премиери 2019
  • Премиери 2018
  • Премиери 2017
  • Премиери 2016
  • Премиери 2015
  • Премиери 2014
  • Премиери 2013
  • Премиери 2012
  • Премиери 2011
  • Меѓународни Награди 2011
  • Актери во театарот
  • За Театарот
  • Видео претстави

Кино - Мис Стон

  • Репертоар

misston

Сценско Музичка Дејност

  • КУД Моминок
  • Октет Прилеп
  • Танцово студио ЗОДИЈАК
  • Младинско Драмско Студио МДС

Стремеж

  • Нов Број

Ликовно Галериска Дејност

  • Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2008
  • Венециско Биенале
  • Видео - Изложба Дрен 2012
  • Видео - Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2013
  • Ликовна колонија Дрен 2014
  • Ликовна колонија Дрен 2015
  • Ликовна колонија Дрен 2016
  • Ликовна колонија Дрен 2017
  • Ликовна колонија Дрен 2019
  • Ликовна колонија Дрен 2020
  • Ликовна колонија Дрен 2021

Фестивали

  • МТФ "Војдан Чернодрински"
  • ФИНПИ “Пеце Атанасоски“
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

PDF Печати Е-пошта
Share

Објекти  од Јулија Манојлоска

Изложба на објекти од Јулија Манојлоска e отворена во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“.(27.10 – 9.10.2017). Љубителите на ликовната уметност имаат можност да проследат објекти кои се транспарентни, но и кршливи, кои го ограничуваат просторот во којшто нешто се  случува. Нивната функција е да бидат аспекти на набљудување на поврзување на најчистите бои, како ослободена светлина,а  пред се ликовна сензација.Изложбата ја отвори уметницата Билјана Бинчев.

Манојловска има завршено ФЛУ во Скопје во класата на проф. Јован Шумковски. Досега реализирала повеќе групни изложби и проекти, а била дел од ликовни колонии. Работи како професор по ликовна уметност во приватната гимназија Алгоритам во Скопје.

4.jpg 1a.jpg 2a.jpg 3.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба „Емотивна геомтерија“ од Никола Смилков

„Емотивна геометрија“ е тематската изложба од скулптури од Никола Смилков, отворена во во ликовната галерија.(10.10 – 26.10.2017). Уметникот нуди мали монументи на емотивни реминисценции, чија геометрија е емотивна, длабока и персонализирана.

DSCN8552.jpg DSCN8560.jpg DSCN8559.jpg DSCN8547.jpg

-Делата од овој реномиран макеоднски уметник не се ладни, стерилни геометриски форми, ами јасно изразени антропоморфни, дури и персонализирани фигурации. Со тоа, тие нималку не се апстрактни во својата содржина, затоа што длабоко проникнуваат во суштината и во себе носат јасна емоција - реминисценција на едно детство. Изразот на Смилков е негово оргинално откритие во истражувањата на скулптурата. Токму ритамот што произлегува од ова двојство и ја дава на скулптурите на Смилков онаа монументалност која е уште една типична карактеристика на неговиот израз – вели филозофот Трајче Стојанов за неговото творештво.

Смилков е професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Учесник е на бројни ликовни колонии, а реализирал повеќе самостојни и групни изложби во земјата и во странство. Добитник е на повеќе награди и изработил монументални творби.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на дела од Јордан Ефремов

Изложба на дела од Јордан Ефремов e отворена вечерва во ликовниот салон на ЦК„Марко Цепенков“.Штипскиот уметник пред прилечани се претставuva со дела кои се со високо занаетчиство и естетска мерка.

Отворајќи ја изложбата Елизабета Дерменкоска – Цефи, историчар по уметност со археологија, ќе забележи дека Ефремов несебично ги распослал овие платна, веродостојно отсликувајќи ја својата душа, ја допрел секоја „сечија, а вечерва овде и нашата. Како вистински мајстор на својот занает, фотографски ја прикажува анатомијата на човечкото тело, но исто толку успешно ја доловува и состојбата на умот, во дадениот миг“.

DSCN8483.jpg DSCN8514.jpg DSCN8515.jpg DSCN8494.jpg

Ефремов завршил ФЛУ во Сkопје, сликарски оддел во класата на Душан Перчинков, каде и магистрирал кај професорот Антони Мазневски. Реализирал самостојни изложби во Куманово, Кавадарци, Велес, Скопје, Штип, а бил дел и од групни претставувања и учесник на колонии. Професор е на Универзитетот во Штип.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложбата „Национална митологија“ од Џелил Руфати

„Национална митологија„ е тематската изложба од уметникот Џелил Руфати што e отворена во ликовната галерија (22.9.6.10.2017). Руфати за првпат пред прилепчани се претставuva со творби кои имаат интересни уметнички знаци.

DSCN8344.jpg DSCN8286.jpg DSCN8336.jpg

- Во ова уметничко патешествие Џелил остава уметнички траги и кали карактери и форми кои резултираат со разни нивоа на претворања од имиџ на уметник во уметнички знаци – фигури, структури, ритми, соодноси на детали и форми. Така, од надворешните знаци, добиени со помош на длета и чекан, уметникот создава уметничка идеја за фигурата, создавајќи историско културно табло на стражарот, војникот или на херојот, каде што се отелотворува херојскиот гест со хуманистичката намера за проширување на круговите на човековата слобода. Освен видливите материјални елементи, во делата на Џелил, ја препознавам и метафората, која поинаку се нарекува невидлива форма, или уметничка идеја, со која тој мошне успешно ги поврзува елементите на уметничкото изразување, формирано од целината на мислите, чувствата и гледиштата вели за неговото творештво вели Кадри Метај, филозоф – естетичар.

Џелил Руфити има завршено Ликовна академија на вајарскиот отсек во Приштина во класата на проф. Агим Чавдербаша, каде и магистрирал. Во почетокот работел како професор во гостиварската гимназија, а сега е професор на Ликовниот факултет во Тетовскиот универзитет по предметите вајарство. Реализирал самостојни изложби во Гостивар, Тетово, Дебар, Приштина, Париз, Њујорк, Скопје, Хамбург, како и повеќе групни. Бил учесник на повеќе колонии и семинари. Член е на ДРАУДАКУМ (Здружение на ликовни уметници на Македонија), реализирал повеќе уметнички остварувања, а добитник е и на повеќе награди.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

rufati

 
PDF Печати Е-пошта
Share

Проект „ДЕЛ ОД МЕНЕ“од Ферди Булут и Дарко Талески

Изложбата „Дел од мене“ (фотографии и кратки видео записи дел од видео перформанс) од прилепските уметници Дарко Талески и Ферди Булут е во ликовната галерија.(15.9. – 22.9.2017).

"КАКО МЕ ГЛЕДАШ МЕНЕ ПОКАЖУВА КОЈ СИ ТИ, КАКО ЈАС РЕАГИРАМ НА ТЕБЕ ПОКАЖУВА КОЈ СУМ ЈАС„е дел од описот на изложбата на двајцата ликовни уметници, кои живееат во пелагонискиот регион на Македонија каде што сеуште како една од доминатните култури за финансиски приход е тутунот. Од овој регион потекнуваат голем број на видни уметници од сите области, чии што мотив често бил тутунот. Ферди потекнува од рурална средина директно инволвиран од најрано детство во обработката на тутунот, Дарко од урбана средина, кој никогаш не бил директно вклучен во обработка на тутун, но неговото опкружување му дава можност да се запознае со тој процес. Едниот е од турска, а другиот од македонска националност, што уште повеќе го збогатува нивното заедничко творештво.

 

DSCN8240.jpg DSCN8234.jpg DSCN8251.jpg DSCN8238.jpg

Во проектот „Дел од мене“ како основен материјал е земена саргијата (груба ткаенина изработена од коноп која се користи за вкалапување на исушениот тутун). Саргијата ја носи миризбата на обработениот тутун која што миризба се впива на истиот начин како што миризбата се лепи за тутуноберачите.

Ферди ја користи саргијата како втора кожа. Кожата е еден вид меморија на животот. Ферди уште од најрана возраст се соочува со маката што ја носи тутунот. Преку фотографиите и кратките видео записи дел од видео перформансот, тој е обвиен во саргија како негова втора кожа. Стиснат помеѓу мирисот и тежината во другите фотографии т.е. другиот дел од перформансот Ферди се обидува да се ослободи од таа тежина. Колку и да е силно и вистинско тоа одделување, остава свои траги. Тоа е причина за дел од фотографиите на перформансот да се види втора кожа, овој пат проѕирна (проѕирна фолија) како симбол на трагите кои остануваат врз личноста од социјалните и опшествените случувања во кои расне, созрева, живее и твори. Тешките услови за живот неминовно допринесува голем број на луѓе кои се соочуваат со тежината на тутунообработката да бараат можност да избегаат т.е се одделат од миризбата на тутунот и од стегите на саргијата.

Дарко во последните двегодини експериментира со состојбата на неговата кожа (demographyт.е.цртање на кожа) како медиум за уметничко изразување. Тој вели „кожата го покрива телото која што истовремено има улога да не заштите од другите, но и да не прикаже пред другите. Дел од книгата „Мислење преку кожата“ од Сара Ахмет и Џеки Сатјси е следниот текст: мислата не се одразува само на телото како изгубен објект на мислата, туку на целосната слика за нас самите, на начинот на постоењето - со, и постоењето - за, каде што еден допир е допир на другите. Проучувајќи го ова јас разбрав дека мојата личност е се рефлектира преку мојата кожа“.

Изложбата на Дарко и Ферди е дел од програмата Нов културен бран, што ја релизира Министерството за култура.

 

 

 


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложбата „Асоцијативни пејзажи“ на Анета Ивановска Симјановска

 „Асоцијативни пејзажи“ е тематската изложба на дела од Анета Ивановска Симјановска што e отворена ( 11.8.-25.8 2017) во ликовната галерија на ЦК„Марко Цепенков“. Уметницата се претставува со дела композиции кои изобилуваат со драматика, динамичност и импулсивност преточени во специфичен ликовен ракописи што влијае врз емотивниот сензибилитет кај гледачот будејќи ги рационалните сомнежи и претпоставки. Творбите пулсираат со див ритам и енергија, одушевуваат со бесконечни креативни замисли исполнети со многубројни детали на величенствената нефигуративност. Не се создадени според природата, туку креирани заедно со неа. „Асоцијативните пејзажи“ откриваат актуелен момент на една универзална визуелна медитација што ги надраснува границите на сопствената стварност претворајќи се во своевидна виртуелна реалност.

1a.jpg 1.jpg 2.jpg 5.jpg 3.jpg

Анета Ивановска Симјановска има завршено ФЛУ во Скопје, член е на ДЛУМ и на ДЛУБ. Реализирала повеќе самостојни изложби во земјата, била учесник на групни изложби и ликовни колонии, а за нејзиното творештво е добитник на повеќе награди.

 


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложбата “Живот во бои” од Андријана Мациев

DSCN7824.jpg DSCN7865.jpg DSCN7841.jpg DSCN7829.jpg
 

Изложбата „Живот во бои 2“ од уметницата Андријана Мациев е отворена (28.7.-11.8.2017) во галеријата „Борко Лазески„,На втората изложба пред прилепчани Мациев се претставува со 15 слики кои делуваат како да се продуцирани битово, со експресионистички манир и апстракција, приближувајќи се кон претстава на неопипливите нематеријални нешта: внатрешната состојба на духот и душата, виталноста, животниот импулс, љубовта...

- Писмото на Мациев е препознатливо по силниот и контрастен колорит кој блеска со оптимизам и животна радост. Забележлива е тематската широчина во делата, која се должи на основните чисти ликовни вредности - линија, боја, композиција. Во ова множество на бои и форми, се испреплетуваат кругови во комбинација на геометриски линии и елементи, во различни големини и бои, создавајќи ритмичност на насликаната површина. Наносите на бои се изведени преку широк потег на четката, надополнети се со линеарни интервенции како контрапункт на основата, при што може да се заклучи дека овој начин е избран како патека за дефинирање на избликот на енергијата која е претставена на платната – ќе забележи Елена Иванова за творештвото на уметницата.

Мациев, графичар по ликовна определба, дипломирана на ФЛУ во класата на проф. Димитар Малиданов, реализирала бројни самостојни изложби, а учествувала и на групни, како и на ликовни колонии во земјата и во странство. За нејзиното творештво добитник е на бројни награди и признанија. 


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложбата „Патување“ од Кирил Гегоски пред сограѓаните

„Патување“ е тематската изложба од уметникот Кирил Гегоски што е отворена (10.7 2017....) во галеријата„Борко Лазески“ во ЦК„Марко Цепенков“. Пред љубителите на ликовната уметност во својот град Геоски се претстави со 30 цртежи создадени изминатиот период.

Гегоски, кој има остварено студиски патувања во Париз, Венеција, Атина, досега реализирал над 50 самостојни изложби во земјата и во странство, како и бројни групни изложби, а добитник е на повеќе награди  за цртеж и за графика.

DSCN7688.jpg DSCN7701.jpg DSCN7677.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба „4 Ж“ од Александра Петкова Гианели во Прилеп

Тематската изложба „4 Ж“ од уметницата Александра Петкова Гианели e отворена во галеријата од ЦК„Марко Цепенков“. Прилепчани имаат можност да ги проследат делата од најновиот циклус на уметницата – слики  акрил и мешани медиуми насловена „4Ж“ ( жена, желба, жиг и живот) преку кои и е воочлива визуелно естетската привлечност. Низ елегантните и раздвижени женски фигури се истражуваат и вообличуваат модалитетите на природата, потенцијалот, плодноста и потребата на биолошко и индивидуално рамниште за ликот...

19756470_1409710919109374_7866465711892445741_n.jpg 19732297_1409711505775982_4840652084493235089_n.jpg 19731969_1409712612442538_3061273333792539966_n.jpg 19894533_1409712522442547_4960138067300306866_n.jpg 19702115_1409711795775953_5498559419549900186_n.jpg

-Таквите женски ликови кои делуваат освестено и будно, со широко отворени очи и јасно насочен поглед, се сопоставени со мистериозни и дистанцирани машки фигури со животински симболи на мажественост, поблиски до мечти и соништа отколку до вистински луѓе, потенцирајќи го просторот помеѓу како поле на неоствареност но и потенцијал. Едемската вегетативна изобилна позадина дава живост и виталност, дополнувајќи ја и потенцирајќи ја идејата за женскиот принцип на живототворна сила, дотолку што флуидните женски тела ги претпоставуваат сите психофизиолошки димензии од сексуалната, преку приемчивоста, до мајчинската, заштитнички колку и што се ранливи вели авторката.

Таа е дипломиран вајар,со подотсек рачна изработка на хартија при ФЛУ Скопје. Во 1999 е добитник на прва награда “Јустинијанова Порта”.  Имала изложби во Бугарија, Грција, групни  низ земјата, во Македонија, Грција, Бугарија, Романија, Италија, Турција, Кина. Од 2012  до денес живее  и работи во Република Кина, каде има остварено три самостојни изложби “Луѓе на сонцето 1” , “Луѓе на сонцето 2 “и последната од која дел може да видите и во градов.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

„Пејзажи на душата“ од Стефан Хаџи Николов

Изложбата „Пејзажи на душата“ Стефан Хаџи Николов беше отворена во ликовната галерија на ЦК„Марко Цепенков“ во рамките на 52 издание на МТФ„Војдан Чернодрински“.

На 67 самостојна изложба Стефан Хаџи Николов, добитник на бројни награди и признанија , се претставува со 30  нефигуративни дела. При тоа тој изјави дека му било чест и задоволство фестивалот да се отвори со негова изложба.

_MG_0982-001.jpg IMGL7544.jpg _MG_0865-001.jpg DSCN7474.jpg DSCN7475.jpg

 

Изложба на ДЛУБ

Бројните посетители присуствува и на отворањето на изложбата на дела од уметниците на ДЛУБ. На оваа годишна изложба со 30 дела се претставуваат  22 уметници членови на ДЛУб, меѓу кои и нашите сограѓани Билјана Бинчев и Златко Крстевски. Драган Најденоски посочи дека  изложбата на ДЛУБ ја поддржува Министерството за култура.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Групна изложба на ДЛУП

Единаесет членови на ДЛУП (Друштво на ликовни уметници Прилеп) се претставуваат на групна изложба што е отворена во ликовната галерија.

Уметниците членови на Друштвото презентираат дел од сопственото творештво што го создале изминатиот период.

DSCN7433.jpg DSCN7425.jpg DSCN7409.jpg DSCN7411.jpg

За првпат изложбата на ДЛУП е поддржана од Министерството за култура.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

„Импресии“ од Валбона Атанасковска

Во ликовната галерија е отворена изложбата на дела „Импресии“ од Валбона Атанасковска, која изложува 18 дела преку кои ги пренесува нејзините впечатоци од различни патувања.

18319175_1351240828289717_6309316522366340713_o.jpg 18278959_1351241804956286_7593410859685923511_o.jpg 18238513_1351242658289534_7873908777848107733_o.jpg 1.jpg 2.jpg 3.jpg

- Валбона Атанасковска иако е графичар се посветува на сликарството со чии средства најсоодветно го изразува својот темперамент и уметничка природа. Предмет на обработка и се пејзажот, портретот и актот што зборува за цврстата вкоренетост во сопственото опкружување. Нејзините пејзажи се изработени по сеќавање, но се полни со светлина и топол експресионистички сјај на бојата. Посебно внимание е дадено на контурната линија, како и на ритмичната поврзаност на целината. Во нив сепак преовладуваат живите колористички созвучја и експреисвната модулација на широките обоени површини. Бона не се подведува по модерните трендови туку го следи својот инстикт и ликовен резон. Нејизните дела го привлекуваат вниманието посебно со јасните форми , со боите од кои блика речиси детска радост и размена на енергија во два правци – вели за нејзините дела Владимир Величковски, член на AICA.

Атанасковска по втор пат се претставува пред прилепските љубители на уметноста. Таа е дипломиран сликар од ФЛУ во Тирана, а во 1997 година завршила и ФЛУ во Скопје - отсек графика и дизајн. Член е на ДЛУМ, а досега реализирала изложби во повеќе градови во Македонија, во Албанија, Германија...


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

Изложба на дела од колонијата Михајлово

Изложба на 30 дела од ликовната колонија Михајлово од Кавадарци е отворена во ликовната галерија од ЦК,,Марко Цепенков,,. Љубителите на ликовната ументост имаат можност да видат дел од делата што ги создадоа уметниците од Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Словенија, Романија, Полска, Косово и Турција кои учествуваа на 20 издание на интернационалната кавадаречка колонија што ја организираат Домот на културата “Иван Мазов – Климе“и ЛС на Кавадарци.

Веќе две децении оваа колонија се вбројува меѓу најуспешните во земјата и на неа со својата работа се претставија стотици ликовни уметници од целиот свет, меѓу кои и неколкумина прилепски уметници.- Делата што ќе ги види публиката сведочат за специфичноста, духовното и културното наследство, а пред се за вклопувањето на различни генерации сликари од различни култури. На колонијата Михајлово егзистира заедницата на личности и етноси – ќе забележи историчарот по уметност Јованка Андонова.

Изложбата ЦК,,Марко Цепенков,, ја реализира во рамките на одличната соработка со кавадаречкиот дом на култура, а е поддржана од Министерството за култура.

DSCN7289.jpg DSCN7293.jpg DSCN7264.jpg


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
Повеќе Артикли...
  • Изложба на дела од Кичевската ликовна колонија
  • Изложба „Разјарено езеро“ од Кристина Зимбакова
  • Изложбата „Додекоманијата“ од Ацо Таневски
  • Манифестација „Брзо сликање“ во Прилеп
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 8 од 25

Изработено од Бучевски Дејан