Печати
Напишано од Administrator   
Понеделник, 19 Април 2021 19:48

Изложба „Рани“ од Христина Мазнеска

Во Ликовната гелерија од 16.04.2021 до 29.4.2021 поставена е изложбата „Рани“ од Христина Мазнеска. Изложбата е од мултимедијален карактер, а се прикажани видео проекција и ликовна инсталација.

Проектот е критика на артифицелноста и апсурдноста на општеството во кое живееме, т.е. низ необичен метафоричен приказ да пренесе порака за сè она што го уназадува нашето општество и го лиши од прогрес.

Христина Мазнеска, е родена 1995 г. во Прилеп. Средно уметничко образование завршува во ДСУЛУД “Лазар Личеноски” во Скопје во 2014 г., на отсекот за сликарство, и дипломира на ФЛУ Скопје, на модулот графичкидизајн. Во 2018 г. остварува два студиски престои, еден на Академија за ликовни уметности во Загреб, Хрватска, и на Универзитетот за ликовниу метности во Будимпешта, Унгарија. Зела учество на повеќе изложби, креативни работилници, ликовни колонии и фестивали за применета уметност во земјава и во странство. Добитник е на неколку награди и признанија. Се занимава и со дигитална уметност, илустрација и дизајн.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.