Search
Close this search box.

Изложба на слики од Светлана Солодовникова

Изложба на слики од Светлана Солодовникова

,,Два света,, е тематската изложба од уметницата Светлана Солодовникова од Москва, Русија, која е отворена (12.7.до 26.7.2012) во галеријата на  Центарот. Уметницата се претставува со над 30 слики, поголемиот дел насликани во Македонија, со душа и од срце, по што се препознава нејзината словенска душа. Солодовникова учествуваше на петата ликовна колонија Дрен.

Светлана Солодовникова завршила уметничко графички факултет на Московскиот државен педагошки универзитет М.Шолохов во 2001 година.

Учесник е на бројни изложби, организатор на  уметнички изложби, колонии. Во 2001 година ја формирала уметничката група ,,Соло,, во која членуваат повеќемина уметници.

Во 2004 година ја завршила Руската академија за државна служба при Претседателот на Русија – специјалност – уметничко управување, а во 2008 за нејзиното уметничко дејствување на полето на културата во светот е наградена со орден,, Единство,, – дејствување во интерес на  народите,,.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања