Печати

Премиерно прикажана ,, Змејовата невеста,,

“Змејовата невеста” во режија на Нела Витошевиќ, е претставата што театарот ,, Војдан Чернодрински,,  премиерно ја прикажа на 30 мај. Работена е по текст на Димитар Г. Молеров, во кој се опфатени универзални и современи проблеми, а структурата е интересна. Претставата говори за забранета љубов меѓу девојка и змеј. Направивме интересна бајка, во која одлично се вклопи музиката на Огнен Анастасовски. Многу ми е драго заради соработката со Прилепскиот ансамбл кој има одлична енергија за работа - вели режисерот Витошевиќ.

Играат: Марија С.Илијеска, Зоран Ивановски, Игор Трпче,  Наташа Наумоска, Димитар Горѓиевски, Јасмина М. Станкоска, Даниела Ивановска, Катерина Чакмакоска, Ангела Наумовска, Александар Степанулески, Владимир Ѓорѓијоски, Димитар Црцороски, Никола Настоски, Александар Тодески.

 Сценограф: Констатин Трпеноски

 Костимограф: Роза Трајческа