Печати

Премиерно прикажана претставата " Од кол на кол 2 "

" Од кол на кол 2 " во режија на Коле Ангеловски е новата претстава која театарот при Центарот премиерно ја прикажа на 18 јули 2012 во рамките на манифестацијата ,,Цело лето - културно лето,,. Претставата е продолжение на култната " Од кол на кол 1 " која досега во изминатите пет години се одигра близу 80 пати.

Прилепчани гледаа уште една убава  претстава со смеа и за уживање.

 -Првиот дел постигна голем успех не само за прилепски, туку и во македонски рамки. На репертоарот е четири - пет години. Се бара билет повеќе, и денеска кога се игра. Случајно го пронајдов продолжението на првиот текст и  тоа беше добра основа за нова претстава  " Од кол на кол 2 ". Текстот е многу смешен. Кога го преведував направив адаптација. " Од кол на кол 2 " е весела, позитивна и " откачена претстава " во која публиката  ужива - вели Ангеловски, посочувајќи дека текстот е праизведба во Македонија.

Во претставата играат актерите Најдо Тодески, Трајче Иваноски, Андон Јованоски, Виолета Чакарова, Цена Чавлеска, Влатко Ѓорѓиоски и Наташа Наумоска.

ЦК " Марко Цепенков " целосно финансиски ја покрива премиерата на претставата.