![]() |
Премиера на претставата,, Многу врева за ништо,, ,,Многу врева за ништо,,( Од влакно ортома) од Вилијам Шекспир, во адаптација и режија на Ива Милошевиќ, е претставата која на 21.10. 2012 од 20 часот премиерно ќе ја изведе театарот ,,Војдан Чернодрински,, од Прилеп. Шекспир е во превод на Драги Михајловски. ,,Многу врева за ништо,, е современа претстава. - Претставата одлично коренспондира со духот на времето во кое живееме, време кое се одликува со борба за моќ и освојување на општествениот статус. Во таа игра, бракот и животниот сопатник се доживуваат како уште еден трофеј со кој се потврдува сопствената моќ. Ваквиот систем на вредности е виновникот за денешниот сеприсутен циничен однос кон љубовта. За среќа, љубовта е жилава билка која никнува баш таму кај што најмалку ја очекуваме,, - вели режисерот Милошевиќ. Играат Зоран Иваноски, Димитар Ѓорѓиевски, Никола Настоски, Александар Степанулески, Андон Јованоски, Владимир Ѓорѓијоски, Марјан Чакмакоски, Наташа Наумоска и Даниела Иваноска. Сценограф е Горчин Стојановиќ, костимограф Раде Василев, а режисерката Ива Милошевиќ, го направи изборот на музиката. |