Печати

Премиерно прикажана монодрамата ,,Јустинијан први,,

На 18 октомври 2012 година во ЦК,,Марко Цепенков,, премиерно беше прикажана монодрамата "Јустинијан Први" по текст од Јордан Плевнеш во изведба и режија на актерот Петар Темелковски. Текстот е праизведба, а Темелковски го направи и изборот на музиката.

- Претставата е последната вечер од животот на Јустинијан Први, еден од најголемите римски императори, кој потекнува од скопски Таор. Задоволство ми беше да го пренесам неговиот лик - вели Темелковски.

Костимите и сценографијата се на Тихомир Спировски.

Претставата е поддржана од Министерството за култура.