Печати

Премиерно куклената претстава Калифот Штрк

На 21 април 2013 Театарот ,,Војдан Чернодрински, премиерно ја прикажа куклената претстава ,,Калифот Штрк,, од Вилхелм Хауф, во режија на Дарко Ковачовски.  Претставата е со кукли - марионетки, која за првпат од ваков вид се поставува во земјата.

 

- Актерите заедно со композиторот ги оживуваат куклите, кои со нивниот живот на сцена ја раскажуваат приказната за едно дете кое треба да порасне. Калифот Штрк е претстава за спознавањето и одговорноста - вели Ковачовски, потенцирајќи дека текстот е епски материјал - приказна на Вилхелм Хауф, романтичар кој живеел во 1848 во Германија, а за кој биле интересни темите од Блискиот исток, односно Ориентот.

Режисерот првпат соработува со прилепскиот театар.

- Екипата со која работев е енергична, темпераметна, подготвена да жртвува часови работа во театар. Убаво е чувството кога одиш на проба како да одиш на празник - додава тој.

Ковачовски е дипломиран куклен режисер од Академијата ,,Крсте Сарафов,, во Софија и со сопругата Надја Василева има сопствено ателје за изработка на марионетки, и досега режирал бројни куклени претстави во Србија, Хрватска, Словенија, Чешка.

Во претставата играат Владимир Ѓорѓиески, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Јасмина М.Станкоска, Катерина Чакмакоска, Наташа Наумоска и Димитар Ѓорѓиевски.

 Сценографијата, костимите и куклите се на Надја Василева. Автор на музиката е Владимир Џамбазов.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.