Печати

Премиерно прикажана "Швејк во втората светска војна"
На 25 октомври 2013 во театарот "Војдан Чернодрински" премиерно беше прикажана претставата "Швејк во втората светска војна" во режија на Мартин Кочовски. Претставата е работена по текст од Б.Брехт, по мотиви на Хашек. Преводот е на Благоја Ивчески.
- Прашањата кои ги поставуваме се како човештвото не успеа да се спаси од тиранијата во неколкуте документирани милениуми, зошто човекот не собра доволно сила да ги надмине тие проблеми, зошто тиранијата се уште ја има? Претставата има неколку слоеви - историјата на фашизмот низ вековите, љубовната приказна меѓу идеалистот и материјалистот и прашањето за секој уметник - Дали уметноста може да го спаси светот од тиранија? Претставата удира силно, а публиката се надевам ќе реагира на овој театарски чин - вели режисерот Кочовски, кој по трет пат Брехт го поставува на прилепската сцена.
Актерите задоволни од истражувачкиот процес во претставата.


- Задоволство е да се работи со режисерот Кочовски и со колегите. Ова е извонредна истражувачка претстава - вели Владимир Ѓорѓијоски.
Играат: Илија Волчески студент на ФДУ, Владимир Ѓорѓијоски, кој воедно е драматург и асистент на режија, Даниела Иваноска, Андон Јованоски, Јасмина Мицовска - Станкоска, Наташа Наумоска, Александар Степанулески, Александар Тодески, Игор Трпче, Димитар Црцороски, Виолета Чакарова и Катерина Чакмакоска.
Сценографија и костими - Јулијана Војкова - Најман,
Музика - групата Фолтин (Бранислав Николов, Пеце Трајкоски, Гоце Јованоски, Славчо Јовев).
Кореограф е Јована Василева.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.