![]() |
НУЦК„ Марко Цепенков“ – Прилеп Театар „Војдан Чернодрински“ ПРИКАЗНИ ЗА ВЕТРОТ И МЕСЕЧИНАТА По басните на Езоп, Лафонтен, Марко Цепенков... Премиера 8.12.2019 Режија – Кирил Петрески Сценографија и костими – Александар Џинго Музика - Томе Темелкоски Играат Катерина Чакмакоска – Клинческа, Јасмина Мицовска – Станкоска, Наташа Наумоска – Ачански, Михајло Миленкоски, Александар Тодески и Надица Ѓорѓијоска. Режисерот Кирил Петрески за претставата .. “Приказни за ветрот и месечината“е претстава за деца која како тема ги има басните. Басната е една од најстарите литературни родови... Во басната се наоѓа чудесната метафора на детството, кога во свежата и бујна детска фантазија се создаваат поимите и сликите за вечните вистини. Во нив ги има поуките за животот, односите со другите луѓе, но не само со луѓето, туку и со сите суштества и со природата. Животните се вистинските јунаци на бајките, но преку нив се покажуваат човечките карактери, лукавството, зависта, алчноста, мудроста и наивноста, доброто и злото, правдата и неправдата, силата и немоќта и сето тоа е претставено метафорично, алегорично и сликовито. Како што рекол Лафонтен: „ Се зборува во вселената.“, а во една своја строфа вели: „Јас направив да зборува волкот, а на волкот да му одговара јагнето и отидов подалеку: дрвјата и растенијата кај мене станаа суштества што зборуваат.“ Во претставата се сместени басните на неколку автори - творецот или „таткото на басната“ Езоп, потоа Лафонтен, но и на нашиот Марко Цепенков кој што во своите записи од македонското народно творештво има сместено „мали приказни за животни“... |