• Дома
  • За Нас
  • Биографија
  • Правилници
  • Документи и извештаи
  • Јавни набавки
  • Контакт

Одбери Јазик

Macedonian English French German
Get Adobe Flash Player

MC logo pozadina crna

Претходни новости

  • Новини

Театар

  • Репертоар
  • Премиери 2023
  • Премиери 2022
  • Премиери 2021
  • Премиери 2020
  • Премиери 2019
  • Премиери 2018
  • Премиери 2017
  • Премиери 2016
  • Премиери 2015
  • Премиери 2014
  • Премиери 2013
  • Премиери 2012
  • Премиери 2011
  • Меѓународни Награди 2011
  • Актери во театарот
  • За Театарот
  • Видео претстави

Кино - Мис Стон

  • Репертоар

misston

Сценско Музичка Дејност

  • КУД Моминок
  • Октет Прилеп
  • Танцово студио ЗОДИЈАК
  • Младинско Драмско Студио МДС

Стремеж

  • Нов Број

Ликовно Галериска Дејност

  • Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2008
  • Венециско Биенале
  • Видео - Изложба Дрен 2012
  • Видео - Изложби
  • Ликовна колонија Дрен 2013
  • Ликовна колонија Дрен 2014
  • Ликовна колонија Дрен 2015
  • Ликовна колонија Дрен 2016
  • Ликовна колонија Дрен 2017
  • Ликовна колонија Дрен 2019
  • Ликовна колонија Дрен 2020
  • Ликовна колонија Дрен 2021

Фестивали

  • МТФ "Војдан Чернодрински"
  • ФИНПИ “Пеце Атанасоски“
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Премиери 2023
PDF Печати Е-пошта
Share
Театар „Војдан Чернодрински“
„Пипи долгиот чорап“ според текстот на шведската авторка Астрид Линдгрен.
Poster Pipi dolgiot corap jpg
Драматизација на Ивана Нелковска, 
Режија на Кристина Димитрова.
****************************************
Во претставата играат
Ангела Наумоска, 
Наташа Ачански, 
Александар Тодески,
 Димитар Ѓорѓиевски и
 Михајло Миленкоски. 
****************************************
Pipi dolgiot corap
Музика - Томе Темелкоски, сценографија - Бојана Артиновска Трпческа, 
костимографија и дизајн на плакатот -  Христијан Нашуловски. 

Пипи е најневообичаеното и најсилното девојче во светот. Таа ја живее слободата во буквална смисла и во исто време значи дека се втурнува и во многу опасни и непредвидливи ситуации. Пипи е лик од фантазијата на секое дете кое замислува авантури и патешествија и кое не сака да ја ограничи својата фантазија на реалниот свет. Такви деца во претставата се Томи и Аника, тие сакаат да бидат заедно со Пипи и вистински да ја искусат авантурата надвор во непредвидливиот и опасен свет.Во текот на нивното патување со помош на Пипи растат и ја осознаат важноста на тоа што го имаат во својот безбеден дом. Тие знаат дека Пипи секогаш ќе биде блиску до нив, дека тој бестрашен и предизвикувачки дух секогаш ќе ги инспирира за нови игри, но во исто време ги учи дека треба да бидат подготвени, свесни и одговорни за постапките кои ги превземаат. Импулсивните и непромислени решенија можат да доведат до страшни и безизлезни места. Во текот на нивното истражувачко патешествие се среќаваат со различни луѓе и ситуации, со слаткари, доктори, полицајци, циркузанти и крадци кои ги инспирираат, предизвикуваат или ги плашат како што е во вистинскиот живот надвор од конфорниот и заштитен дом. 

336186899 553101593316234 5500956396217081713 n

 

336245869 609225267304934 4489142573243991372 n

336487787 1206962763281151 6892186542116912632 n

336513843 890640068906677 3825367336443930598 n

 

 
PDF Печати Е-пошта
Share

НУЦентар за култура „Марко Цепенков“

Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

МИСТЕРИЈА БУФО

Според Дарио Фо

Режија: Андреј Цветановски

Асистент на режија: Теодора Силјаноска

Сценографија: Сергеј Светозарев

Костими: Марта Дојчиновска

Музика: Томе Темелкоски, Димитар Ѓорѓиевски и ВИС „Војдан Чернодрински“

Драматург и превод: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска

Misterija_Bufo_2.jpg Misterija_Bufo.jpg Misterija_Bufo_plakat.jpg Misterija_Bufo_4.jpg Misterija_Bufo_3.jpg Misterija_Bufo_5.jpg Misterija_Bufo_1.jpg Misterija_Bufo_6.jpg

Играат:

Наташа АЧАНСКИ

Илија ВОЛЧЕСКИ

Димитар ЃОРЃИЕВСКИ

Михајло МИЛЕНКОСКИ

Ангела НАУМОСКА

Марија СПИРКОСКА-ИЛИЈЕСКИ

Александар ТОДЕСКИ

Димитар ЦРЦОРОСКИ

Инспициент: Елена Иваноска

Суфлер: Лилјана Батлеска

Тон мајстор и дизајн на звук: Томе Темелкоски

Светло мајстор: Ристе Гркоски

Сликар исполнител: Пеце Ристески

Реквизитер: Гоце Тодороски

Гардеробер: Снежана Ѓорѓиоска

Фризер-перикер: Даринка Богоеска

Декоратери: Сашо Смоквоски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски, Златко Апостолоски

„Мистеријата Буфо“ги реактуелизира средновековните комични мистерии кои ги изведувале патувачките театарски трупи. Оваа претставафрла мрачно-комичен поглед кон апсурдноста на секојдневните неправди; прикажува важни настани од религиозниот живот, но доживеани преку очите на обичните луѓе и случајните минувачи.Животот, чудата и страдањето на Исус се случуваат некаде надвор од сцената, додека во фокусот (барем во поголемиот дел од сцените) е токму обичниот човек.Луѓето секогаш, па дури и во најтешките општествени прилики, наспроти сите прогласи и забрани, успевале да го изразатсвојот револт и своите потреби, да критикуваат, да се бунат против оние кои ги угнетуваат и да се борат за подобрување на својата состојба.Токму во тоа се состои политичката моќ на средновековните религиозни драми:во субверзивната театарска моќ на патувачките изведувачи.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

НУ Центар за култура „Марко Цепенков“

ТЕАТАР „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ - ПРИЛЕП

КРУГ

според Едвард Олби

Режија и сценографија: Јован Ристовски

Костимографија: Андреј Ѓоргиевски

Драматург и превод од англиски: Лидија Митоска – Ѓорѓиевска

Премиера 15.07.2022

143A0613.JPG 143A0204.JPG 143A0206.JPG 143A0231.JPG 143A0309.JPG 143A0585.JPG krug_plakat.jpg 143A0243.JPG

Играат:

СЕМ – ИГОР ТРПЧЕСКИ

ЏО – ДАНИЕЛА ИВАНОСКА

ЛУСИНДА – НАТАША АЧАНСКИ

ФРЕД – ДИМИТАР ЦРЦОРОСКИ

ЕДГАР – МИХАЈЛО МИЛЕНКОСКИ

КЕРОЛ – АНГЕЛА НАУМОСКА

ОСКАР – ДИМИТАР ЃОРЃИЕВСКИ

ЕЛИЗАБЕТ – МАРИЈА СПИРКОСКА ИЛИЈЕСКА

Инспициент: Елена Иваноска

Тон мајстор и дизајн на звук: Томе Темелкоски

Суфлер: Лилјана Батлеска

Светло: Ристе Гркоски

Сликар исполнител: Пеце Ристески

Реквизитери: Гоце Наумоски, Гоце Тодороски

Гардеробер: Снежана Ѓорѓиоска

Фризер-перикер: Даринка Богоеска

Декоратери: Сашо Смоквоски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски, Златко Апостолоски


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп Театар „Војдан Чернодрински“

премиера 27.05.2022 година

ДУПЛО ДНО

ddno

Режисер, дизајн на сцена и костими: Наташа Поплавска

Композитор: Ристо Вртев

Драматург: Ивана Нелковска

Дизајнер на светло: Милчо Александров

Дизајн на плакат и програма: Бојана Артиновска – Трпческа

Играат:

КАТЕРИНА ЧАКМАКОСКА-КЛИНЧЕСКА - Кристина

ДАНИЕЛА ИВАНОСКА - Параскева

ДИМИТАР ЃОРЃИЕВСКИ - Божо

ИГОР ТРПЧЕСКИ - Јаков

ЗОРАН ИВАНОСКИ – Лудакот

МИХАЈЛО МИЛЕНКОСКИ – Нове

Дупло дно бенд:

Томе Темелкоски - гитара, звучни ефекти;

Методија Костоски -клавијатури, звучни ефекти , бас гитара;

Ана Митоска - пијано, ксилофон, вокал;

Филип Јездиќ – тапани, перкусии

duplo dno 5.jpg duplo dno 4.jpg duplo dno 3.jpg duplo dno 6.jpg

(Театарска пасија во три става и кода)

1983

„Дупло дно е подрум во главата. Таму ги криеме сите дупли планови, со која жена да се ожениме ако нашата загине во сообраќајна несреќа, како штедната книшка на брат ни да ја префрлиме на свое име ако тој ненадејно умре, таму се сите скришни прељуби, сѐ што сме премолчеле, што намерно сме заборавиле, таму е јасно кого колку мрзиме, таму ја криеме сета невера за она во кое јавно се колнеме дека веруваме и сета вера во она од кое јавно се откажуваме, таму се складиштата на суета и страста, нашиот мрак и пораз, таму сме без шминка, без вештачки вилици, без мидери, таму сме грди. Она страшното што го гледаме во огледало кога гледаме во себе е дуплото дно.“

Горан Стефановски ја пишува драмата „Дупло дно“ во 1983 нарекувајќи ја “пасија во три става и кода” што наликува на музичката форма свита и во неа ги отвора проблемите на поединецот уметник, лудак и револуционер наспроти системот, отелотвотворен во ликот на министерот за култура.  Различните општествени  позиции тој ги изложува преку дебата и спротиставени ставови за смислата на уметничкото творење, а ликовите на уметникот Јаков, Министерот за култура Божо, неговата сопруга домаќинката Параскева, нивната  депресивна ќерка, балерината Кристина и специјалниот советник Нове ги става во апокалиптична иднина, лудо минато и револуционерна сегашност. Стефановски иако делото го завршува со кода, тој не  ни дава разрешница, туку ги остава нивните позиции непроменливи, а ја отвора дилемата колку и како уметничката стварност кореспондира со реалноста.

Наташа Поплавска во „Дупло дно“  од Стефановски го отвора  прашањето како уметничката стварност денес кореспондира со реланоста. Таа го прикажува лажниот ангажман на уметниците кои се борат за “уметничката слобода”, а всушност се борат за позиција на министри за култура со цел да ги задоволат своите лични интереси и заработки, така што чистата уметност станува памфлет за статус. Во целото лудило и безнадежност на постојано менување на власта и сквернавењето на хуманистичката линија кај уметникот, безнадежната балерина, ја бара вистината за себе. Поплавска го следи Стефановски во идејата дека само оној што ќе успее да се спои со своето дупло дно, може да создава вистинска уметност. Со својата режиска постапка таа се обидува да ја погледне драмата како реално шоу со музичка свита ставајќи ја актерската игра пред камери, додавајќи музичари раководени од композиторот Ристо Вртев. Таа истовремено дава можна разрешница на расправијата помеѓу уметникот и власта со поништување на претходните системи и идеологии, оставајќи надеж за уметноста преку ликот на депресивната ќерка, балерината Кристина на која и се отвора можност да прерасне во вистинска уметница. Единствено таа ја започнува позитивната промена со новата заклетва  за уметникот кој не припаѓа никому и стои на работ на ништо, што воедно е и последната реч на Стефановски за позицијата на уметникот во општеството.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 
PDF Печати Е-пошта
Share

НУ Центар за култура„Марко Цепенков“ Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

ДЕКАМЕРОН ПЛАКАТ

ДЕКАМЕРОН

според Џовани Бокачо

Режија: Мартин Кочовски

Драматизација: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска

Сценографија: Филип Јовановски

Костимографија: Јулијана Војкова-Најман

Музика: Оркестарот на Театар „Војдан Чернодрински“ под водство на Пеце Трајковски-Брада

Вокал и музички соработник: Ана Митоска

Премиера: 19 март 2022г.

Играат:

Александар СТЕПАНУЛЕСКИ

Наташа АЧАНСКИ

Здравко СТОЈМИРОВ

Илија ВОЛЧЕСКИ

Димитар ЃОРЃИЕВСКИ

Марија СПИРКОСКА-ИЛИЈЕСКА

Ангела НАУМОСКА

Игор ТРПЧЕСКИ

Михајло МИЛЕНКОСКИ

Андон ЈОВАНОСКИ

Александар ТОДЕСКИ

Димитар ЦРЦОРОСКИ

Цветанка ЧАВЛЕСКА

Сара СПИРКОСКА

Леонардо ЛАЗОВ

Инспициент: Елена Иваноска

Тон мајстор и дизајн на звук: Томе Темелкоски

Суфлер: Лилјана Батлеска

Светло: Ристе Гркоски

Сликар исполнител: Пеце Ристески

Реквизитер: Гоце Наумоски

Гардеробер: Снежана Ѓорѓиоска

Фризер-перикер: Даринка Богоеска

Заварувач: Гоце Тодороски

Декоратери: Сашо Смоквоски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски, Златко Апостолоски

dEKAMERON 11.JPG Dekameron 6.JPG Dekameron 9.JPG Dekameron 3.JPG dEKAMERON 10.JPG Dekameron 1.JPG

Во околности на глобална општествена безизлезност, неизбежно е да се занимаваме со „Декамерон“, со триумфот на волјата на човекот наспроти ужасната, незамислива препрека кон среќата – смртта. Ова е претстава која ја следи цикличноста на постоењето, каде што човекот низ постојана борба со вселенските или божествените неправди успева експлозивно да го издигне својот дух.Силно удира по деликатни места на општеството, будејќи воодушевувачка радост од театарскиот чин.

„Декамерон“ е претстава полна со живот. За жал, секојдневието не е. Специфичната природа на односи која ни е зададена во овој период, само ги извлече на површина проблемите на општеството кои сме ги имале. Изолираноста на индивидуата, отуѓувањето по секоја основа и класната поделба сега станаа видливи, но постоеле со децении. Истовремено, универзалната тага, солидарноста, сочувството нè поврзаа сите уште еднаш. Претставата „Декамерон“ стои на хуманистичката платформа наЏовани Бокачо и зборува за човековата волја за живот, радоста од „сега и тука“, за нашата кревкост но и за силата на човечкиот дух низ ефемерноста на среќата и поуките на трагичноста.


AdmirorGallery 3.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.
 


Изработено од Бучевски Дејан