Search
Close this search box.

Изгубениот свет на сефардските Евреи од западен Балкан

Изгубениот свет на сефардските Евреи од западен Балкан

Во изложбениот салон на ЦК„ Марко Цепенков“ денеска (25.9.2018) беше отворена изложбата „Изгубениот свет на сефардските Евреи од западен Балкан„, што Центарот ја реализираше во соработка со Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Центропа.
На отворањето на изложбата зборуваа в.д. директорот на Центарот Менче Караџоска, претставниците од Музејот на холокаустот – Маја Суша и Даниела Штерјова од Центропа.
Беше посочено дека изложбата, чиј куратор е Едвард Серота, директор на Центропа, преку фотографии, текстови, пренесува пет еврејски приказни од Сплит, Дубровник, Белград, Битола и Сараево, а е дизајнирана во 2017 година.

Отворањето беше збогатенот со настап на академските музичари Ана Митоска, Горан Дукоски и Христијан Ристески, кои исполнија сефардски композиции, како и со претставувањето на учениците Марија Стојческа и Михаил Јагуриноски.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања