Изложба од Катерина Деспот и Васка Сандева
„Не–дефиниран урбанизам“ е изложбата што е отворена во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ од уметниците Катерина Деспот и Васка Сандева. (10.10. – 25.10. 2018)
Серијалот на Катерина Деспот и Васка Сандева наречен не -дефиниран урбанизам има за цел да се спротивстави и понуди можно сликарско – архитектонско видување како критички одговор на пренагласеното „превземање“ на зелените површини на Скопје ќе рече Лазе Трипков, вонреден професор и визуелен уметник и критчар за изложбата на двете уметници.
-Тие ја истражуваат и потврдуваат современата тенденција и културолошката врска минато – сегашност како парадигма на еден комплексен систем на урбани вредности и неговите недостатоци. преку нивната авторска изложба посветена токму на Солидарноста, визуелните ликовни и функционални истражувања на урбанистичкиот дискурс и претпоставениот „континуитет“, овозможуваат еден поинаков експресивен уметнички поглед – забележува вонредниот професор Лазе Трипков за изложбата на уметниците Катерина Деспот и Васка Сандева.
Катерина Деспот и Васка Сандева се професорки на катедрата за архитектура и дизајн и на Ликовната академија во Штип на УГД„Гоце Делчев“.