Search
Close this search box.

Изложба од Марија Дичова и Симона Манчева

Изложба од Марија Дичова и Симона Манчева

Во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“(петок 9.11. 2018 – 23.11. 2018) бeше отворена изложба од уметниците Марија Дичова и Симона Манчева. Идејата за овој заеднички проект на двете уметници се заснова на користење на отпадни материјали.

Изложбата ја отвори Ивана Атанасоска, етнолог и антрополог, која посочи дека   уметничките дела на Марија и Симона доаѓаат како освежувaње и излегување од шаблонот на современиот конзумеризам – купи – искористи – фрли.

„ Идејата, од користење на отпадни материјали да создадат уметнички дела, од една страна ја покажува нивната почит кон животната средина и освеsтеноста за рециклирање, а од друга страна ја истакнува нивната спремност како уметници се што е околу нив да го гледаат како потенцијален материјал за уметничко дело. Овие уметници даваат повторна вредност на материјалите кои ја изгубиле вредnоста во системот. Нивните уметнички творби, претставуваат еден вид на медиум преку кој ние ќе го слушнеме нивниот крик за општествено освестување, ќе ги разнишаме нашите предрасуди и стереотипи и ќе се соочиме со најинтимните психолошки, социјални и општествени вредности “ – рече Атанасосока, потенцирајќи дека се надева оти нивната уметност ќе допре до голем број луѓе.

И двете ументици дипломирале на ФЛУ Скопје и досега реализирале повеќе проекти.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања