Search
Close this search box.

Изложба на скулптури од Марјан Стојаноски

Изложба на скулптури од Марјан Стојаноски
Во ликовната галерија, воочи празникот 11- ти Октомври, беше отворена изложбата на скулптури од прилепскиот уметник Марјан Стојаноски. (10.10 до 23.10.2019)
Присутните, меѓу кои и градоначалникот Илија Јованоски, ги поздрави в.д.директорот Марија Спиркоска Илијеска, која посочи дека Центарот за култура е водечки во ликовната уметност во презентација на творештвото на уметници од земјата и од странство.
За првата самостојна изложба на Mарјан Стојаноски во родниот град, иако досега изложувал во други градови во земјата и во странство, и е автор на повеќе дела, зборуваа Јана Јанеска Ристески и Викторија Димеска историчари на уметноста.
Според Јана Јанеска Ристески, Марјан Стојаноски е скулптор кој успева на металот да му најде судбина во уметноста, да го определи карактерот, да го идентификува вкусот и да ја постави стабилноста на критериумот. -Разиграноста во просторот е видлива, а отсјајот на металот ја креира алката на убавото и уметничкото. Неговите креации ги следат светските уметнички движења и се на некој начин его на 21 век – рече Јана Јанеска Ристески.
Според Викторија Димеска, преку дисциплинарната техничка постапка, Стојаноски создава идејни решенија и концепти за монументална скулптура во урбан простор.
– Податливоста на металот како материјал за изработка на скулптурата, како и техниката на заварување, му овозможува на скулпторот да создава различни,по форма, структура и големина делови и конструктивни елементи… Апстрактно – асицијативните и метафорични метални скулптури остваруваат интеракција со природата и урбаниот простор, симболизирајќи го креативниот моќен потенцијал на енергијата и материјата – посочи Викторија Димеска на отворањето на изложбата.
Марјан Стојаноски дипломирал ФЛУ во класата на проф.  Ибрахим Беди. Член на ДЛУМ и ДЛУП. Добитник е на наградата за скулптура „Јордан Грабул“. Реализирал повеќе проекти и освоил награди на повеќе конкурси.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања