23.11.2021
Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 120-та седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава.
Поради ова, сите активности во Центарот за култура се ОДЛОЖУВААТ, вклучувајќи ја и претставата „Глембаеви“ што требаше да се одигра вечерва во театарот „Војдан Чернодрински“.