Search
Close this search box.

ЗАВРШИ 2022

ЧЕСТИТКА МЦ 1

ЧЕСТИТКА МЦ 1

Заврши уште една година – 2022, која за нас како институција беше одлична и на полето на театарската уметност, но и во областа на визуелните уметности, во музичко сценската дејност…

Реализиравме четири премиери – „Мистерија Буфо“, „Круг“, „Дупло дно“, „Декамерон’, 27 изложби, над 20 филмски проекции, над 20 промоции на книги, 15 проекти за поддршка на аматеризмот.

Домаќини бевме на 60 концерти, меѓу кои и Македонската опера и балет со Хорот и балетот ЛаЛаЛа, на оперската дива Славица Петрова Галиќ, на групата Баклава,  концертот Мојот роден град со дела од Властимир Николоски и др.

И во наредната 2023 година ќе бидеме со вас,

ќе реализираме бројни настани со кои ќе го задржиме вашето внимание!

Секогаш може и повеќе и подобро!

Среќни празници!

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања