Од 15 јануари годинава во Ликовната галерија на НУЦК “Марко Цепенков” поставена е изложбата
ИНСЕКТАРИУМ ИНТРО 2 – графики на Соња Димовска.
Соња Димовска(1974) прв пат излага во Прилеп, се претставува со 28 дела од различни периоди на нејзиното творештво. Поставените 11 графики се од циклусот “Инсектариум” работени се во комбинирана техника (акватинта). 7 дела се дигитални отпечатоци на циклусот “Сетила”, а застапени се и 10 минијатури од кои 6 од циклусот “Македонски антички и средовековен накит”, а 4 од нејзиниот најнов циклус “Небесни соништа”.
“Пристапот на Димовска кон (ре)интерпретирањето на инсектите е крајно функционален. Според неа, светот на инсектите е толку совршен што било какви ликовни интервенции( предимензионирање, стилизација) се излишни. Авторката ги третира нисектите со една речиси зени стичка симплифицираност не сакајќи при тоа да го наруши нивниот микрокосмос со некаков егоцентричен западно-европски начин на опсервирање и ликовно – естетско вивисецирање. Димовска максимално ги ползува традиционалните графички техники (бакропис и сува игла во однос на цртежот, акватинта и мецотина во однос на валериските односи кјаро – скуро…) кои и овозможуваат минуциозна обработка особено во третирањето на оклопите (сјајност), крилјата (транспарентност), флоралните мотиви (текстура) и сл. Нејзината истрајност и максимална посветеност резултираат со графички листови чија видливост, облик и волумен му пружаат на окото на реципиентот изглед на препознатливи нешта,но со смисолот и зрачењето на видливоста му соопштуваат на неговиот дух некој универзален закон на светот, нешто што се однесува на самото човечко постоење, на целиот универзум.”
Атанас Ботев