Search
Close this search box.

ИЗЛОЖБА НА СИМОН ШЕМОВ

Изложба на Симон Шемов

Изложба на еминентниот македонски уметник Симон Шемов е отворена во галеријата на ЦК на 10 август 2012 година. Уметникот се претставува со 21 дело, рачно изработени од хартија. Центарот изложбата  ја реализира во соработка со Дирекцијата за култура и уметност од Скопје во рамките на проектот ,,Кич, Да,,Сте или не?.

Симон Шемов е роден во Кавадарци 1941 година. Дипломирал на ФЛУ во Белград, Србија во 1964 година, а постдипломски посетувал на Академијата за ликовни уметности Слејд, при Универзитетскиот колеџ во Лондон, В.Британија. Од 1970 до 1981 година предавал сликарство, цртеж и за општата феноменологија на боите на Архитектонскиот факултет во Скопје, каде што е професор на предметите сликарство, цртеж и медиум целулоза.

Како виситинг професор одржал предавања на универзитети во Чикаго, Бостон, Ајова, Темпи во САД, во Токио – Јапонија, на Универзитетот во Велико Трново во Бугарија.

Покрај сликарството се занимава со графика, ликовни интервенции, инсталации, со медиумот рачно изработена хартија, дигитална графика.

Имал самостојни изложби во Скопје, Белград, Лондон, Единбург, Братфорд, Њујорк, Нирнберг, групни во повеќе градови, а бил учесник на традиционални ликовни манифестации, и реализирал студиски патувања во САД, Русија, Украина, Белорусија, Чешка, Словачка, Полска, Франција, Австрија, Велика Британија, Холандија, Германија, Италија…

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања