Недела на Романски филм
Од 29 март до 5 април во Сцена 105 во ЦК,,Марко Цепенков,, се одржува НЕДЕЛА НА РОМАНСКИ ФИЛМ. Стартот беше со комедијата ,,ИЗГУБЕНА ВО ТРАНЗИЦИЈА,, во режија и по сценарио на Кристина Ничитус.
Без пари ќе се прикажат и современите романски комедии: ,,Приказни од златните времиња,, ,, Здраво како си, ,,Полжави и луѓе,, ,, Свадба во Бесарабија,, и ,,Мечка,,.
Центарот, неделата на Романски филм ја реализира во соработка со Кинотека на Македонија, а филмовите кои се на репертоарот се дел од посткомунистичкиот хумор со пародичен призвук, кои се обидуваат да разработат современи теми без инхибиции, но и да ја покажат огорченоста и тврдоглавоста на едно општество кое се уште е во транзиција. Други ја иронизираат комунистичката ера, други се испирирани од вистински настани, а некои се чиста фикција.