Предвелигденски концерт
Во понеделникот 29 април 2013 во Центарот се одржа предвелигденскиот духовен рецитал на кој настапи црковниот градски хор ,,Свето Благовештение,,.
Под диригентската палка на м – р Гоце Секулоски хорот исполни повеќе композиции од Динев, Алфеев, Обиходни, Теофаново, К.Макеоднски, Мокрањац, Г.Секулоски.
Хорот,, Свето Благовештение,, формиран е 2000 година. Во својот репертоар се определува за негување на македонската духовна традиција, при што покрај прилепскиот автор Атанас Бадев, обработува композиции кои се дел од музичкото творештво на останатите православни земји.
Досега учествувал на повеќе манифестации каде ја презентирал духовната традиција на Прилеп.
Хорот редовно учествува на Светите и Божествени литургии во двата прилепски храма,, Св. Благовештение,, – Стара црква и Св.Кирил и Методиј, каде со своето пеење ја збогатува молитвеноста и благолепието на православната богослужба.