Search
Close this search box.

Брзо цртање – акварел

 

Манифестација по повод Денот на жената

Брзо цртање – акварел



Осум ликовни уметници – жени, од Прилеп, во чест на Денот на жената 8 – ми Март, во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков”, творечки и креативно создаваа акварели, давајќи му свој белег на овој ден. Лепа Милошеска, Бети Макеска, Анита Сотироска, Маја Најдоска, Александра Богоеска, Марија Стојаноска и Софија Грабулоска насликаа по два акварели на слободна тема. 16-те дела во понеделник на 8-ми Март ќе бидат изложени во фоајето на Центарот. Ова е прв пат на еден ваков креативен начин да му се даде белег на Денот на жената, а организаторот на манифестацијата НУЦК „Марко Цепенков” оваа иницијатива планира да ја преточи во традиција. Брзото сликање на 8-те прилепски уметнички ќе добие хуман аспект. Се планира аукција на која ќе бидат понудени изработените слики, а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања