Концерт на отсекот народни инстументи
од ОМУ„Ордан Михајлоски Оцка”
Со одлична сценографија и уште подобра изведба, учениците од ОМУ„Ордан Михајлоски Оцка” од класата на професорот Менде Ташкоски, отсек народни инструменти, одржаа концерт. Музицирањето на гајда, тапан, кавал, тамбура на младите основци предизвика големо внимание меѓу прилепската јавност. Концертот е дел од догогодишната соработка меѓу Центарот за култрура и музичкото училиште, а вистинско уживање беше да се чујат традиционалните македонски народни песни и ора во изведба на ученици до 10 години.