Search
Close this search box.

Креативност и уметничка дружба на Брзото сликање

Креативност и уметничка дружба на Брзото сликање

Под мотото,, Уметниците во чест на Осми март,, во ЦК,,Марко Цепенков,, во Прилеп  се реализираше шестата по ред манифестација ,,Брзо сликање,, на која по повод Осми март – денот на жената осум уметници членки на ДЛУП, сликаа, се дружеа и раменуваа искуства.

Валентина Илијевска, Биљана Бинчев, Бојана Атриноска, Верче Николоска, Наде Тоскоска, Јасмина Рунеска, Христина Малинческа и Бети Макески не го криеа задоволството што на поинаков, креативен начин го одбележуваат празникот.

ЦК,,Марко Цепенков,, манифестацијата Брзо сликање ја реализира со цел на креативен начин уметниците да се дружат, да разменуваат искуства. Делата создадени на брзото сликање ќе бидат изложени на изложба.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања