Детски училишни смотри
Од 3 до 21 мај во НУЦК „Марко Цепенков” се одржуваат Детските училишни смотри, единствената и традиционална манифестација која дава пресек на воннаставните активности во училиштата и предизвикува голем интерес меѓу прилепчани. Целовечерните програми започнуваат од 19 часот, а по обичај оваа манифестација завршува со големиот годишен концерт на учениците од основното музичко училиште „Ордан Михајлоски Оцка”.