Search
Close this search box.

Нов лик за големата сала во ЦК,,Марко Цепенков,,

Нов лик за големата сала во ЦК,,Марко Цепенков,,

Комплетно е реконструирана големата сала на ЦК. Извршено е внатрешно реновирање, кое се состои од претапацирање на 600 седишта, промена на подот, бојадисување на ѕидовите, уредување на сцената, нова завеса, гримиорните и нов систем за затоплување.

Со реконструкцијата се опфатени околу 1000 метри квадратни. Средствата за реновирањето на салата, што се врши по 36 години од изградбата на објектот, ги обезбеди Министерството за култура, односно Владата на Р.Македонија.

Вкупната сума потрошена за реконструкција е над три ипол милиони денари.

Дополнително ЦК,,Марко Цепенков,,, со спонзорство реконструира дел од ликовниот салон.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања