Единаесет претстави во конкуренција на 45-от
МТФ „Војдан Чернодрински”
Уметничкиот директор на МТФ „Војдан Чернодрински”, Петер Темелковски ги обзнани, годинешните учесници на најпрестижниот театарски фестивал во земјава.
Фестивалот започнува на четврти јуни,ќе трае седум дена и вкупно во официјалниот и придружниот дел ќе бидат прикажани седумнаесет театарски претстави.
Своите уметнички и креативни дострели, театарските куќи од земјава ќе ги одиграат на сцените во Центарот за култура „Марко Цепенков” и театарот „Војдан Чернодрински”.
45-от МТФ го отвара претставата „Тупаница полна со љубов” од МНТ, а во конкуренција настапуваат и: Драмскиот театар „Жената како воено поле”, Велешкиот театар „Баханалии”, Албански театар „Госпоѓица Јулија”, „Не играј на Англичани” театар Куманово, „Брајќа Карамазови” театар Битола, Штипски таетар „Балканот не е мртов”, „Стринберг не е дома” театар Струмица, „Кавкаски круг со креда” Прилепски театар и „Куќа на граница” Тетовски театар.
Годинешни лауерати, добитници на наградите за животно дело се актерите: Ратка Чоревска од Битолскиот театар, Мите Грозданов од Драмски и Чедо Христов од МНТ.
45-от МТФ „Војдан Чернодрински” завесата ќе ја спушти со претставата „Крпен живот” на Прилепскиот театар која ќе биде одиграна во чест на наградените.