Во Ликовната галерија отворена е изложба на дела од уметници, членови на ДЛУП. (2.11. – 20.11. 2024). Ова е годишна изложба на која со свои дела се претставаат 16 уметници, членови на ДЛУП.
Уметниците презентираат дела изработени во најразлични техники, материјали и форми. Публиката има можност да види слики, скулптури, графики, односно творби кои се создадени во текот на годинава. Изложбата е традиционална и е дел од годишната програма на друштвото и е поддржана од Министерството за култура и туризам – вели Методи Исков, претседател на ДЛУП.







