Search
Close this search box.

Изложба од Јован Наумоски

Изложба од Јован Наумоски

Во галеријата од ЦК,,Марко Цепенков,, е отворена изложбата ,, Фотографијата миг на вечноста или вечност на мигот,, од Јован Наумоски,(27.8.-11.9.2015) кој за првпат изложува дела во Прилеп. Јован Наумоски, дипломирал на ФЛУ во 2009 година педагошки оддел – насока графика во класата на проф. Трајче Блажевски. Од 2009 до 2012 е на постдипломски студии – отсек вајарство во класата на проф Станко Павлески на факултетот за ликовни уметности на кој магистрирал во 2012 година. Во 2013 се запишал на постдипломски студии на факултетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА отсек фотографија кај проф. Роберт Јанкулоски, на кој факултет истата година и магистрира. Член е на ДЛУМ каде што активно учествува во сите негови активности. Досега има реализирано повеќе самостојни и групни изложби.

Човекот има страсна потреба да создава, а уметноста е еден од начините на кои најдлабоко се остварува неговото битие вели Наумоски, а изложбата ги опфаќа периодите на ренесансата, постимпресионизмот, фовизмот, како и уметноста во Америка во периодот на 19-тиот и 20-тиот век. Фотографиите се хронолошки. Изложбата е во рамките на Прилепското културно лето.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања