Search
Close this search box.

,,Две вистини,, – изложба на Марија Марковска и Часлав Марковиќ

,,Две вистини,, – изложба на Марија Марковска и Часлав Марковиќ
,,Две вистини,, е тематската изложба на слики од Марија Марковска и Часлав Марковиќ што е отворена во галеријата од ЦК,,Марко Цепенков,,(26.9. – 8.10.2015)
Проектот ,,Две вистини,, на брачниот пар уметници се базира на размислувањата за вистината во доживувањето на светот околу нас.

– Идејата се сведува на прашањето за вистината во самите облици, форми, бои и светлина. Вистината која појавно различно ја восприемаме. Како и во сите други области на барање на Вистината и во ликовната уметност, ја траснпонираме на свој начин. токму И затоа Две вистини – велат авторите.
Марија Марковска има завршено ФЛУ во Скопје. Член е на ДЛУМ, а досега реализирала повеќе самостојни и групни изложби во земјата и во странство. Учествувала на повеќе ликовни колонии, а во 1997 година за првпат самостојно изложи дела и во Прилеп.
Часлав Марковиќ завршил ФЛУ во Скопје, член е на ДЛУМ, реализарал досега десетина самостојни и повеќе групни изложби, бил дел од повеќе колонии, а за неговото творештво добитник е на наградата за сликарство на ДЛУК и наградата Вангел Коџоман во 1999 година .

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања