Кино „Мис Стон“, НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп
Прилеп добива нов музички фестивал!
Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп со особена чест го најавува првиот фестивал за рана музика во Македонија – „Dulcia Sonant“, посветен на истражување и оживување на музиката од византиската, средновековната и раноренесансната традиција.
Со овој иницијален фестивал се отвора ново поглавје во музичкиот живот на Прилеп и Македонија кој публиката ја води естетско и духовно патување низ вековите, од мистичните византиски напеви до раскошниот звучен израз на раната ренесанса.
Дводневниот програмски дел на фестивалот е сочинет од два последователни концерти на кои, преку ретки инструменти, древни напеви и извонредни интерпретации, ќе оживее звукот на едно одамна замолчено време.
16 октомври | 20:00 ч.
Кино „Мис Стон“, НУ Центар за култура „Марко Цепенков“, Прилеп
„ПОМЕЃУ КУКУЗЕЛ И ПАЛЕСТРИНА“ Два хора – „Св. Петка“ и „Пелагонитиса“ – под диригентство на Гоце Секулоски, ќе создадат звучен мост меѓу Истокот и Западот, спојувајќи ги византиската духовност и ренесансната полифонија.
17 октомври | 20:00 ч.
Кино „Мис Стон“, НУ Центар за култура „Марко Цепенков“, Прилеп
„СРЕДНОВЕКОВНИ ЕХА“
Редок музички дијалог помеѓу човечкиот глас и древниот инструмент – портативна оргула од 14 век, со која ќе настапи Кристина Алис Раурик (Cristina Alís Raurich) од Шпанија, музичар и истражувач, која прва во светот направи реконструкција на портативна оргула од 13 век. Со неа настапува Ана Митоска (Македонија) – глас, во програма што нè носи низ звучните пејзажи на средновековната Иберија.
Влезот е слободен.
Ве покануваме да бидете дел од ова исклучително музичко доживување.







