Search
Close this search box.

Изложба „Мал формат“ во Прилеп

Изложба „Мал формат“ во Прилеп

Во галеријата од ЦК,,Марко Цепенков,,во Прилеп е отворена изложбата ,,Мал формат,, на која се  презентирани дела кои се творечки предизвик на македонските уметници. Изложбата е во соработка со ДЛУМ, кое годинава слави 70 години од формирањето.

Малиот формат или поточно „Македонско ликовно творештво во мал формат“ се ползува веќе од децениски опит, етаблиран во скелетот на културните и особено ликовните случувања, во неговата годишна културна периодика и претставува светол момент во колективната меморија на скопската  и пошироко македонската публика.

-Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на сликарите и скулпторите во ситната пластика. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25   претставувала искушение и за најголемите   мајстори на четката и бојата. Пикасо, Дали, Матис, Лотрек, Ван Гог, Гоген, сликари од сите школи и правци го чувствувале внатрешниот порив да го совладаат малиот квадрат, и  на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат  собитието и мотивот од големото платно  во помалата мерка велат од ДЛУМ.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања