Search
Close this search box.

Изложба на дела од колонијата Нижополе

Изложба на дела од колонијата Нижополе

Во галеријата од ЦК,,Марко Цепенков,, во Прилеп е отворена изложбата на дела од 16 издание на меѓународната ликовна колонија НИЖОПОЛЕ. На увид пред ликовната јавност се 20 дела од 20 автори уметници учесници од земјата и од Бугарија, Канада ….Прилепските љубители на ликовната ументост ќе можат да ги проследат сликите создавани од реномирани уметници како што се Данчо Ордев, Павле Кузманоски, Илија Кочоски, Тома Мишев,Тони Чатлески, Бојана А. Трпческа, Драган Најденоски, Мајкл Клос (Канада) Цвета Петрова(Бугарија), Касиопеа Наумоска и др.

Почетоците на колонијата НИЖОПОЛЕ датират од 2000 година и се во убавата природа на Нижополе, за потоа неколку години да биде патувачка и да се одржува во Крушево, Берово, а од 2012 творците продолжуваат секој јули да се дружат и творат на Молика.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања