Search
Close this search box.

Изложба на Билјана Бинчев

Изложба на Билјана Бинчев

„Емоции“ е изложбата на слики од Билјана Бинчев, во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“. Ова е нов циклус на слики со кои уметницата Билјана Бинчев за првпат се претставува пред љубителите на ликовната уметност во родниот Прилеп.

Преку делата Бинчев ја изразува нејзината емотивна состојба.

– Го пренесов на платното она што длабоко и интимно го чувствував во себе. И самите посетители ќе забележат дека жената е мојата преокупација во сите нејзини состојби. Се надевам она што го понудив ќе им се допадне на моите сограѓани – вели Бинчев.

Бинчев има завршено Педагошки факултет во Битола, а подоцна и ФЛУ во Скопје во класата на професорот Јован Шумковска. Дипломирала 2014 година, при што е добитник на наградата за постигнат највисок просек и одлични резултати во студирањето.

Имала самостојни изложби во Кавадарци и Неготино, а учествувала на повеќе групни изложби, на ликовни колонии и член е на ДЛУП и ДЛУМ.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања